Сите спецификации и функции
HT-XT2
Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
- 720 x 80 x 325
- ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
- 8,5 кг
Засилувач
- A / V синхронизација
- Да (0-300 msec, 25 msec / чекор)
- Канали на засилувач
- 2.1-кан.
- S-Force PRO Front Surround
- Да
- LPCM (2-КАН. / 5.1-КАН. / 7.1-КАН.) преку HDMI®
- Да / - / -
- Излезна моќност (вкупна)
- 170W
Сабвуфер
- Вид на сабвуфер
- Вграден сабвуфер
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Оптички влез, USB, етернет
- Bluetooth®
- LDAC; AAC; SBC
- HDMI излез(ARC)
- 1
Аудио формати
- LPCM
- Да
- PCM
- Да
- DTS®
- Не
- Dolby®
- Dolby® Digital, Dolby® Dual моно
Функција за звук
- Режим на звук
- ClearAudio+, Игри, спорт, Музика, Стандардно, Филм
- Звучен ефект
- Да
Видео карактеристики
- BRAVIA Sync (CEC контрола)
- Да
Безжични функции
- Безжичен опкружувачки звук
- Да
- Вграден Wi-Fi®
- Да
- Безжично слушање во повеќе соби
- Да
- Услуги за музика
- GoogleCast; Spotify Connect
Детали
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
- 40W
- Далечински управувач
- Да
- Поставување на ѕид
- Не
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- недостапно
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА)
- 0.5W
- АКТИВИРАН Е ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ / РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
- По 20 минути
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 7,0 W ( етернет ) / 7,0 W ( WiFi® ) / 3,0 W ( Bluetooth® ) / 7,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани*) *Жичните врски автоматски ги деактивираат безжичните врски. Wi-Fi® приклучокот и етернет приклучокот се одликуваат со функција за рутер со која може да се проследуваат аудио податоци до друг аудио производ од Sony.
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 20 минути (етернет) / По 20 минути (Wi-Fi®) / По 20 минути (Bluetooth®)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За да исклучите Wi-Fi®, погледнете во „Заштеда на енергија во режимот на подготвеност“ и „Користење на екранот за поставување“ во рачен режим, притиснете HOME, изберете [Setup] -- [Network Settings] -- [Quick Start / Network Standby] -- [Off] За вклучување/исклучување на Bluetooth®, притиснете HOME, изберете [Setup] -- [Bluetooth Settings] -- [Bluetooth Mode] -- Изберете [Off ] / [Receiver] / [Transmitter]
Еквалајзер
- Функција Voice Up
- Да
Што има во пакетот
- Оптички кабел
- Batteries

Функции
2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови
Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален систем на звучници. Коаксијалните звучници се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а вградените сабвуфери го засилуваат басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега.
S-Force Pro Front Surround како во кино
Уживајте во прекрасно доживување со виртуелен опкружувачки звук. S-Force PRO Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.
DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика
Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
Дигитален засилувач S-Master
Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.
Вграден Wi-Fi® за едноставно проследување
Со вградениот Wi-Fi® може да пребарувате и да репродуцирате музика и филмови од вашиот паметен телефон, таблет-уред и лаптоп со поврзување на вашата домашна мрежа. Или, пак, проследувајте ги популарните онлајн музички услуги директно од звучникот во вид на подлога за ТВ - не се потребни други уреди.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, без разлика каква музика ви се допаѓа.
Поедноставете го вашиот систем за звук со HDMI ARC излезот
HDMI ARC (повратен аудио канал) значи дека звукот се враќа назад до звучникот во вид на лента од компатибилните телевизори, без потреба од дополнителен аудио кабел. Секој уред кој е поврзан со вашиот телевизор сега може да се слуша преку системот со повеќе звучници, така што звукот на секоја содржина ќе биде со висок квалитет.
Безжично проследување на звук со повисок квалитет
LDAC емитува приближно три пати повеќе податоци (со максимална брзина на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање
Слушање со еден допир за моментална репродукција на музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®.
USB приклучокот овозможува приклучување и репродукција
Поврзете го вашиот паметен телефон, таблет-уред, MP3 плеер или USB уред во USB приклучокот и слушајте ги омилените листи за репродукција.
Оптички влез за едноставно поврзување
Користете оптички кабел за да го поврзете вашиот телевизор, DVD или Blu-ray Disc™ плеер или, пак, поврзете музички плеер по ваш избор преку аналогниот влез и уживајте во одличен звук.
Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници
Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.
„Сè во едно“ решение за звук
Едноставниот дизајн на овој звучник во вид на подлога за ТВ нуди оптимална репродукција на звук во компактно куќиште. Се испорачува со вграден сабвуфер со можност за динамичен бас, поради што се зголемува моќта на филмската музика.