2.1-кан. звучник во вид на лента со моќен безжичен сабвуфер и технологија BLUETOOTH® | HT-S350
2.1-кан. звучник во вид на лента со моќен безжичен сабвуфер и технологија BLUETOOTH® | HT-S350
Овој 2.1-канален звучник во вид на лента ќе изгледа дискретно во вашата дневна соба, но со неговата вкупна излезна моќ од 320 W и моќниот безжичен сабвуфер, тој нуди навистина гласен звук. Динамичките сцени и омилените песни никогаш досега не биле толку гласни.
S-Force PRO преден опкружувачки звук
Нашата технологија за виртуелен опкружувачки звук ве пренесува во филмовите што ги сакате преку симулација на опкружувачки звук како во кино, без потреба од дополнителни задни звучници.
Моќниот безжичен сабвуфер со голем звучник од 16 см и волумен од 28 литри создава звук со подлабок и побогат бас.
Кога е монтиран на ѕид, контурите на звучникот во вид на лента совршено го надополнуваат дизајнот на вашиот телевизор. Лесно се поврзува за да можете да уживате во филмови, музика и други содржини.
Проследувајте звук и контролирајте ги информациите од вашиот телевизор преку само еден кабел со HDMI ARC.
Со телевизорите BRAVIA од Sony со Bluetooth®-предавател можете безжично да испраќате звук кон вашиот звучник во вид на лента.
Поврзете го телевизорот преку HDMI ARC со еден кабел, а ако телевизорот не е компатибилен со HDMI тогаш поврзете го преку оптичкиот влез.
Проследувајте ја омилената музика безжично од вашиот паметен телефон преку безжичната технологија Bluetooth®.
Звучник во вид на лента и сабвуферот се елегантни, дискретни и имаат рамномерна метална завршна обработка со отвори на предните панели. Големиот канал на сабвуферот ги нагласува моќните перформанси на уредот.