Големина и тежина

ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш x В x Д)
1080 мм x 56 мм x 128 мм
ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
3,8 кг
ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д) (ММ)
191 мм x 383 мм x 386 мм
ТЕЖИНА НА САБВУФЕР (КГ)
8,5 кг
Големина на заден звучник (Ш x В x Д)
97 мм x 252 мм x 97 мм
Тежина на заден звучник
1,5 кг

Засилувач

A / V синхронизација
Да
Канали на засилувач
5.1 канали
LPCM (2-КАН. / 5.1-КАН. / 7.1-КАН.) преку HDMI®
Да / Да / Да
Излезна моќност (вкупна)
550W

Сабвуфер

Вид на сабвуфер
Безжичен сабвуфер

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Оптички влез, аналоген влез, USB, етернет
Bluetooth®
LDAC; AAC; SBC
HDMI влезови
3
HDMI излез(ARC)
1
HDCP2.2
Да

Аудио формати

LPCM
Да
PCM
Да
DTS®
DTS-ES™ (MATRIX6.1 / DISCRETE6.1), DTS 96 / 24, DTS HD, DTS®, DTS®-HD HR, DTS®-HD LBR
Dolby®
Dolby® Digital, Dolby® Digital+, Dolby® Dual моно, Dolby® TrueHD

Функција за звук

Режим на звук
Cinema studio со 9.1 канали, ClearAudio+, Игри, Музика, Режим Digital Music Arena, Режим за фудбал(раскажување вклучено / исклучено), Стандардно, Филм
Звучен ефект
Да

Видео карактеристики

1080 / 24p
Да
1080p
Да
BRAVIA Sync (CEC контрола)
Да

Безжични функции

Безжичен опкружувачки звук
Не
Вграден Wi-Fi®
Да (2,4 GHz / 5 GHz) 11a / b / g / n
Безжично слушање во повеќе соби
Да
Услуги за музика
GoogleCast; Spotify Connect

Детали

ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА *ПРИБЛ
50 W / 15 W x 2 / 20 W
Далечински управувач
RMT-AH111E
Поставување на ѕид
Да

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
0,2W
ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА)
0,4 W
АКТИВИРАН Е ИСКЛУЧЕН РЕЖИМ / РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА
По 20 минути
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
5,4 W (етернет) / 0,4 W (HDMI CEC) / 5,4 W (Wi-Fi®) / 1,2 W (Bluetooth®) / 5,6 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 20 минути (етернет, HDMI CEC, Wi-Fi®, Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
За Wi-Fi®: HOME (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) -> Setup (Поставување) -> Network Settings (Мрежни поставки) -> Internet Setting (Поставки за интернет) -> Wired Setup (Жично поставување) -> … / For Bluetooth (за Bluetooth®): HOME (ПОЧЕТЕН ЕКРАН) -> Setup (Поставување) -> Bluetooth Settings (Поставки за Bluetooth®) -> Bluetooth Standby (Режим на подготвеност со Bluetooth®) -> Исклучено

Еквалајзер

Функција Voice Up
Да

Што има во пакетот

  • Оптички кабел
  • Batteries
  • AV приклучок
Placeholder

Функции

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Реалистичен 5.1-кан. опкружувачки звук кој внесува реалистичност во звукот

Добијте реален опкружувачки звук за сите ваши филмови, спорт, музика и игри. Тенкиот звучник во вид на лента и двата безжични задни звучници создаваат звук со балансиран одзив и широка фреквенција, а безжичниот сабвуфер го засилува басот – за да почувствувате како секоја динамична сцена станува реалистична.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

ClearAudio+ ја збогатува вашата музика

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, независно дали играте игри или уживате во музика и филмови.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Режимот за фудбал ве носи во првите редови покрај теренот

Прекрасната игра никогаш не звучела толку добро. Користејќи ги акустичките податоци снимени на фудбалски стадион во Бразил, овој наменски режим го подобрува природниот амбиентален звук кај спортските настани, со цел да се чувствувате како да сте дел од публиката.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Дигитална музичка арена за симулација на музика во живо 

Слушајте гласна музика со Digital Music Arena и уживајте во препознатливата акустика на арените за изведби во живо во вашиот дом. Нашите инженери користат временски издолжени импулси за мерење на акустичките карактеристики на арените за изведби во живо, а потоа прецизно ги реконструираат нивните звучни полиња, создавајќи уникатно звучно доживување во стил на арена во вашата дневна соба.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Cinema Studio со 9.1 канали за да се чувствувате како во кино 

Уживајте во звук како во кино кога гледате филмови, телевизија и музика. Cinema Studio прецизно симулира систем со 9.1-кан. опкружувачки звук преку достапните 5.1-кан. звучници. Со виртуелно додавање на два дополнителни задни звучници и два високи звучници над предните звучници, звукот станува помоќен, со напредно вертикално присуство.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук

Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Тенок дизајн за вашата дневна соба 

Дизајниран за моќен звук за телевизорите со голем екран, тенкиот звучник во вид на лента на HT-RT5 е висок само 5,6 см (2,2”) и нема да ви пречи при гледањето. Неговиот минималистички стил ќе одговара на вашата просторија, поставен и на маса и на ѕид.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Безжичен сабвуфер за флексибилно поставување

Надополнете ги филмовите со богат и моќен бас. Позиционирајте го безжичниот сабвуфер од 38 см (15”) каде било во просторијата за да уживате во богат и извонреден бас со прецизни ниски тонови, благодарение на цевката за рефлективен бас. Компактен и стилски црн уред кој се вклопува во секој ентериер.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Advanced Digital Cinema Auto Calibration

Претворете ја секоја просторија во идеална средина за слушање на едноставен начин. Технологијата Digital Cinema Automatic Calibration (ADCAC) ги оптимизира аудио перформансите за да создаде балансиран звук. Користете го испорачаниот микрофон за мерење на акустиката во вашата просторија во однос на местото кадешто седите, а потоа поставете ги вашите звучници. Системот ќе го прилагоди звукот соодветно и ќе ги елиминира сите слаби точки во звукот за да обезбеди широко и природно звучно поле.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории 

Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Користете ја апликацијата SongPal за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од компјутер или од вашата домашна мрежа во повеќе простории од вашиот дом. Ова е совршен начин да уживате во вашите омилени песни без да се ограничувате на една просторија.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници

Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Обединете ја вашата музика со SongPal 

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC

LDAC е нов кодек развиен од Sony за проследување звук преку Bluetooth® со највисок квалитет. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®, стапки на семплирање до 96kHz и поефикасен начин на кодирање. Како резултат се добива врвен звук со помала компресија за да овозможи безжичен звук со подобар квалитет од звукот со CD квалитет.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Проследување преку Bluetooth® за лично слушање 

Проследувајте звук директно од звучникот во вид на лента до вашите слушалки преку Bluetooth® за практично безжично слушање. Компатибилен со висококвалитетните кодеци LDAC, SBC и AAC, HT-RT5 е дизајниран за лично гледање, така што треба само да ги ставите слушалките и да уживате во филмови на големиот екран без да вознемирувате никого.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Повеќе HDMI приклучоци за едноставно поврзување

Со трите HDMI влезови може да поврзете приемник за интернет телевизија, Blu-ray Disc™ плеер и конзола за игри во исто време. Можете да уживате во домашното кино на едно место, без потреба од посебен ресивер.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Поедноставете го вашиот систем за звук со HDMI ARC излезот

HDMI ARC (повратен аудио канал) значи дека звукот се враќа назад до звучникот во вид на лента од компатибилните телевизори, без потреба од дополнителен аудио кабел. Секој уред кој е поврзан со вашиот телевизор сега може да се слуша преку системот со повеќе звучници, така што звукот на секоја содржина ќе биде со висок квалитет.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Оптички влезови за едноставно поврзување 

Користете оптички кабел за да го поврзете вашиот телевизор, DVD или Blu-ray Disc™ плеер или, пак, поврзете музички плеер по ваш избор преку аналогниот влез и уживајте во одличен звук.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

4K проследување на 4K содржини 

Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот. Функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување 4K податоци кои потоа се прикажуваат на 4K телевизор или проектор, без намалување на квалитетот на сликата. Овозможувајќи ви вистинско 4K доживување, овој звучник во вид на лента е совршен партнер за 4K телевизорите и плеерите и солидна основа за вашиот систем за домашна забава за во иднина.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

DTS-HD™ за динамичен звук 

Со DTS-HD ќе уживате во динамичен звук од вашите омилени Blu-ray Disc филмови и преземени филмови - така како што замислил режисерот.

Слика од 5.1-кан. систем за домашно кино со Wi-Fi/Bluetooth® технологија

Dolby® TrueHD за звук како што замислил режисерот

Уживајте во беспрекорен аудио квалитет со Dolby® TrueHD, кој нуди звук без загуби за сите филмови и песни. Репродуцирајќи звук кој е идентичен на оригиналните снимки, тој нуди ненадмината реалистичност на звук за Blu-ray Disc™ и преземени содржини.