INZONE H9

Откриј. Реагирај. Победи.

Подобрете ги сетилата и подгответе се за борба. Слушалките INZONE H9 создаваат реално звучно поле со просторен звук и поништување на шум за да ви понудат врвен слух и остри рефлекси. Подобрете ги вашите перформанси и пронајдете ги противниците пред да ве видат.

СЛУШАЛКИ СО МИКРОФОН ЗА ИГРИ

Безжични слушалки за игри INZONE H9 со микрофон и поништување на шум

INZONE H9
Слика од Безжични слушалки за игри INZONE H9 со микрофон и поништување на шум
Наградувани
Лого за Tom's Guide Editor's Choice
Tom’s Guide - Editor’s Choice, 7.2022
„Inzone H9 од Sony се одлични слушалки со микрофон
 за PS5 и компјутер“.
Лого за Trusted Reviews Recommended
Trusted Reviews - Recommended
„Inzone H9 се одлични и изгледаат многу елегантно“.
Официјални слушалки со микрофон на VALORANT Champions Tour    

„Квалитетот на звукот на INZONE H9 веднаш се препознава“.

Laz | ZETA DIVISION
Освоено трето место на 2022 VCT STAGE 1 MASTERS Reykjavík / партнер на слушалките со микрофон INZONE

Фотографија од Laz кој ги носи слушалките со микрофон INZONE H9
Поништувањето шум ќе ви даде предност во борбата со противниците

Подобрете го звукот и вашите перформанси со безжичните слушалки со микрофон INZONE H9 за игри. Со 360 Spatial Sound for Gaming и ново ниво на поништување шум, секогаш ќе бидете чекор понапред, а поудобниот дизајн ќе ви овозможи да играте подолго. 

• Звук со одличен квалитет

• Играјте удобно со часови

• Приспособен звук 360 Spatial Sound for Gaming

• Микрофон што се преклопува нагоре, со функција за стишување

• Совршени за PlayStation®5

• Поништување на шум

• INZONE Hub со поставки за приспособување

Разгледајте ги слушалките со микрофон INZONE H9
Неверојатен слух за победи

Погледнете како безжичните слушалки за игри INZONE H9 со микрофон, поништување на шум и 360 Spatial Sound for Gaming ќе ви помогнат да ги слушнете најтивките звуци и да реагирате први во мисиите.

Реагирајте први со прецизно откривање на противниците

Слушнете ги пред да ве забележат. Со 360 Spatial Sound for Gaming и нашата докажана технологија за хардвер ќе откриете каде се наоѓаат вашите противници и колку се оддалечени од вас. Дури и играчите кои се кријат во сенките или зад ѕид и други пречки, нема долго да останат скриени.

Уживајте во 360 Spatial Sound for Gaming

360 Spatial Sound for Gaming, што се активира преку софтверот INZONE Hub, има новосоздаден виртуелизатор за игри што репродуцира просторен звук од сигнали за повеќеканален звук каков што замислиле креаторите на игрите. Исто така, апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer за паметни телефони ќе ви понуди просторен звук оптимизиран според обликот на вашите уши, обезбедувајќи приспособено играње игри.

Уживајте во 360 Spatial Sound for Gaming

Дали сакате да слушате просторен звук преку вашите омилени уреди? Ставете ги слушалките и уживајте. Слушнете прецизни индикатори за положбата и движењето на вашите противници и многу повеќе.

Напредна технологија што ја оптимизира акустиката

Нашите слушалки со микрофон INZONE H9 се дизајнирани да внесат реалност во звукот од игрите. Симетричната акустична структура, што е доволно флексибилна за удобно поставување врз глави со различни форми и големини, го зголемува квалитетот на звукот и просторната акустична прецизност.

Сите звуци од игрите се репродуцираат реално

Создадена со нашето професионално искуство за слушалки за музика, мембраната на INZONE H9 има уникатна форма за да репродуцира екстремно високи фреквенции со голема усогласеност, како и реални ниски фреквенции за реално доживување при играње игри.

Моќни бас фреквенции 

Каналите на куќиштето на INZONE H9 ги оптимизираат ниските фреквенции за да добиете моќен бас со кој длабоките звуци како експлозии и мотори ќе звучат неверојатно реално. Слушајте ја акцијата и интензитетот на вашите игри насекаде околу вас.

Играјте удобно со часови

Ги создадовме INZONE H9 да бидат многу удобни и да можете да играте долги непрекинати периоди. Дизајнирани да бидат стабилни при носењето, со минимален страничен притисок, овие слушалки со микрофон се подготвени за користење со часови без прекин.

Совршена удобност за вашата глава

Широкото и меко перниче на лентата за на глава ја распоредува тежината еднакво по вашата глава заради долготрајна удобност при носењето.

Удобно се поставуваат околу вашите уши

Формата на ушните перничиња од мека кожа го минимизира притисокот врз вашите уши преку оптимизиран допир со страничниот дел од вашата глава. Овој лесно растеглив материјал на ушните перничиња е дизајниран за удобност, стабилност и изолација на звук.

Само играта, без други звуци

Од греалки и компјутерски вентилатори до градежна работа, INZONE H9 со своите микрофони за поништување шум не ги пропушта звуците што можат да ви пречат додека играте. Ја вградивме истата технологија со два сензори за шум како кај серијата 1000X за да победите во сите игри.

Реален звук, со сите детали 

Не пропуштајте ги повиците, ѕвончето на вратата или тоа што говори партнерот, додека играте игри. Режимот за амбиентален звук, ист како кај нашите слушалки за музика, ви овозможува брз избор помеѓу поништување шум и амбиентален звук со притиснување на копчето на слушалките. 

Маж носи слушалки со микрофон INZONE H9, седи на маса со монитор кој прикажува игра, разговара со партнерот во преден план
Одведете го вашиот тим во победа со јасна комуникација

Координирајте ги мисиите јасно и одлучно. Флексибилен микрофон што се преклопува нагоре, има функција за стишување и овозможува лесна комуникација со членовите од тимот додека играте.

Микрофон што се фокусира на вашиот глас

Со висококвалитетниот микрофон, обликуван за да може да го доближите поблиску до устата, вашиот глас секогаш ќе се слуша јасно. Микрофонот е двонасочен, па затоа вашиот глас ќе се снима јасно дури и при највозбудливите моменти во играта.

Слика одблиску од INZONE H9 каде што се гледаат слушалките и микрофонот спуштен на левата страна
Лого за сертификат од Discord
Сертификат за Discord

Слушалките со микрофон работат одлично со услугата Discord за гласовна, видео и текстуална комуникација и ќе ви понудат беспрекорни разговори при играњето игри.

Играјте слободно - без кабли, без доцнење

Нашите безжични слушалки со микрофон INZONE H9 за игри ви нудат слобода за играње без кабли што би ви пречеле. А благодарение на малото доцнење, нема да пропуштите ниту една нота со одличната синхронизација помеѓу звукот и сликата. 

Исполнувајте мисии во текот на целиот ден

Уживајте во игрите и дење и ноќе со батеријата што нуди континуирана репродукција до 32 часа со едно полнење.

Едноставен овален дизајн за непречено користење

Нашите INZONE H9 имаат ергономски дизајнирани обични и вртливи копчиња за лесно менување на функциите и прилагодување на поставките додека играте. 

Контроли на левата страна

На левата слушалка се наоѓаат вртливото копче за јачина на звукот, копчето за поништување шум / режим за амбиентален звук и копчето за исклучување на звукот на микрофонот. Тука се и микрофонот и USB-приклучокот со LED-светилка за полнење.

Копче за звук, копче за поништување шум/амбиентален звук, копче за исклучување на микрофонот, микрофон и USB на левата слушалка
Локација на копчето за балансирање звук помеѓу играта / разговорите и копчињата за вклучување и Bluetooth на десната слушалка
Контроли на десната страна

На десната слушалка се наоѓа копчето за балансирање на звукот помеѓу играта / разговорите, како и копчињата за вклучување и Bluetooth.

Приспособете го начинот на кој играте игри

Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE H9 преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот. Прилагодете ги фреквенциите на звукот според играта со функцијата EQ за да добиете поголема острина и реалност.

Совршени за PlayStation®5

Со слушалките INZONE H9 ќе уживате во реалниот звук за игри Tempest 3D AudioTech на PlayStation® 5 со повеќе просторни информации. Тие работат беспрекорно со конзолите PlayStation®5 и нудат специјални функции со PS5™ за подобрување на перформансите.

Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на INZONE H9 не содржи пластика, туку само рециклирани материјали и неплетена целулоза, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Три плочи што содржат повеќе одржливи материјали
Групна слика од слушалките со микрофон, USB-предавателот и кабелот за полнење
Што има во кутијата

Отворете го пакувањето на вашите слушалки со микрофон INZONE H9 и ќе пронајдете кабел за полнење USB-C (1,5 м) и USB-предавател.

Подобрете ги вашите сетила со мониторите за игри INZONE

Нашите монитори INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.



Спецификации и функции

Подгответе се за победа со врвните слушалки со микрофон INZONE H9 од Sony за игри. Вашиот звук ќе биде подобар во мисиите со 360 Spatial Sound for Gaming.
  • 360 Spatial Sound for Gaming за прецизно откривање на противниците

  • Меко перниче на лентата за на глава и ушни перничиња од синтетичка кожа за удобност при носењето

  • Технологијата за два сензори за шум ги елиминира звуците од опкружувањето

  • Режимот за амбиентален звук ви ги доставува важните звуци

  • Микрофон за беспрекорна комуникација со тимот

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина