Големина и тежина

ТЕЖИНА
Прибл. 325 гр.

Слушалки

ВИД НА СЛУШАЛКИ
Затворени, динамички
ЗВУЧНИК
40мм
МАГНЕТ
Неодимиум
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
5 Hz - 20.000 Hz (JEITA)
КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
Да
СТИЛ НА НОСЕЊЕ
Circum Aural (опкружувачки)
360 SPATIAL SOUND FOR GAMING
Да

Микрофон

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗВУКОТ НА МИКРОФОНОТ
Преклопете го нагоре

Батерија

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Прибл. 3,5 часа
БРЗО ПОЛНЕЊЕ
10 минути за репродукција до 1 час
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Макс. 40 часа

Безжично поврзување

2.4GHZ
Да
BLUETOOTH® CLASSIC
Да
ВЕРЗИЈА НА BLUETOOTH®
Верзија 5.0
ЕФЕКТИВЕН ОПСЕГ НА BLUETOOTH®
Прибл. 10 м
ПРОФИЛ НА BLUETOOTH®
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
ПОДДРЖАН(И) ФОРМАТ(И) ЗА ЗВУК ЗА BLUETOOTH®
SBC, AAC

Што има во пакетот

  • Кабел за USB
  • USB-предавател
  • Гарантен лист
  • Референтен водич
Placeholder

Функции

Момче носи слушалки со микрофон INZONE H7 во сцена од игра со згради и скриени цели означени со портокалова боја

Бидете првите кои прецизно ќе ги откриваат противниците

Слушнете ги пред да ве забележат. Со 360 Spatial Sound for Gaming и нашата докажана технологија за хардвер ќе откриете каде се наоѓаат вашите противници и колку се оддалечени од вас. Дури и играчите кои се кријат во сенките или зад ѕид и други пречки, нема долго да останат скриени. 

Слика одблиску од сива мембрана

Сите звуци од игрите се репродуцираат реално

Создадена со нашето професионално искуство за слушалки за музика, мембраната на INZONE H7 има уникатна форма за да репродуцира екстремно високи фреквенции со голема усогласеност, како и реални ниски фреквенции за реално доживување при играње игри.

Слика одблиску од каналите на куќиштето на слушалките со микрофон

Моќни бас фреквенции 

Каналите на куќиштето на INZONE H7 ги оптимизираат ниските фреквенции за да добиете моќен бас со кој длабоките звуци како експлозии и мотори ќе звучат неверојатно реално. Слушајте ја акцијата и интензитетот на вашите игри насекаде околу вас.

Слика од горната половина на INZONE H7 со широка и мека лента за на глава

Совршена удобност за вашата глава

Широкото и меко перниче на лентата за на глава ја распоредува тежината еднакво по вашата глава заради долготрајна удобност при носењето.

Слика одблиску од меките платнени ушни перничиња

Удобно се поставуваат околу вашите уши

Формата на меките платнени ушни перничиња го минимизира притисокот врз вашите уши преку оптимизиран допир со страничниот дел од вашата глава. Овој екстремно удобен материјал на ушните перничиња е дизајниран за стабилност и изолација на звукот.

Слика одблиску од INZONE H7 каде што се гледаат слушалките и микрофонот спуштен на левата страна

Микрофон што се фокусира на вашиот глас

Со висококвалитетниот микрофон, обликуван за да може да го доближите поблиску до устата, вашиот глас секогаш ќе се слуша јасно. Микрофонот е двонасочен, па затоа вашиот глас ќе се снима јасно дури и при највозбудливите моменти во играта.

Слика од предната страна на INZONE H7, се гледа дека микрофонот е во спуштена положба

Спуштете го надолу за да разговарате

Ако сакате да го користите микрофонот, спуштете го надолу и доближете го до устата. Тој е многу флексибилен и може да се закоси во секоја положба.

Слика од предната страна на INZONE H7, се гледа дека микрофонот е во подигната положба

Преклопете го нагоре за исклучување и складирање

Кога ќе завршите со играњето, лесно преклопете го микрофонот нагоре за да му го исклучите звукот и да го складирате. 

Лого за сертификат од Discord

Сертификат за Discord

Слушалките со микрофон работат одлично со услугата Discord за гласовна, видео и текстуална комуникација и ќе ви понудат беспрекорни разговори при играњето игри.

Слика што ја прикажува безжичната врска од 2,4 GHz помеѓу USB-предавателот лево и слушалките со микрофон INZONE десно

Мало доцнење преку безжична врска од 2,4 GHz

При безжична врска од 2,4 GHz преку испорачаниот USB-предавател, алгоритамот за мало доцнење го намалува доцнењето на изворниот звук на играта во однос на звукот што се репродуцира преку слушалките со микрофон за да можете да реагирате брзо.

Слика од безжична врска од 2,4 GHz помеѓу слушалките INZONE лево и компјутерот десно, како и Bluetooth-врска помеѓу слушалките INZONE лево и телефонот десно, воспоставени истовремено

Истовремено поврзување преку 2,4 GHz и Bluetooth® 

Поврзете ги со паметен телефон преку Bluetooth® без да ја прекинувате безжичната врска од 2,4 GHz. Одговарајте на повиците и разговорите од паметниот телефон преку Bluetooth додека играте игри преку безжична USB-врска.

Слика што прикажува икона за батерија што трае 40 часа лево и симболи што посочуваат брзо полнење од 10 мин. за репродукција до 60 мин. десно

Брзо полнење од 10 минути

Ви треба енергија, но се брзате? Со брзото полнење од 10 минути ќе добиете енергија за играње игри до еден час.

Момче ги носи слушалките со микрофон INZONE H7 и игра игри на монитор што прикажува ноќна градска сцена

Играјте додека ги полните

Дали снемавте енергија? Полнете ги вашите слушалки со микрофон преку испорачаниот и долг USB-кабел додека играте.

Вртливо копче за јачина на звук, копче за исклучување на звукот на микрофонот, микрофон и USB-приклучок на левата слушалка

Контроли на левата страна

На левата слушалка се наоѓаат вртливото копче за јачина на звукот и копчето за исклучување на звукот на микрофонот. Преклопете го микрофонот нагоре за да го исклучите звукот. Тука се и микрофонот и USB-приклучокот со LED-светилка за полнење. 

Локација на копчето за балансирање звук помеѓу играта / разговорите и копчињата за вклучување и Bluetooth на десната слушалка

Контроли на десната страна

На десната слушалка се наоѓа копчето за балансирање на звукот помеѓу играта / разговорите, како и копчињата за вклучување и Bluetooth.

Слика од поставките за звук во софтверот INZONE Hub

Приспособете го начинот на кој играте игри

Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE H7 преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот. Прилагодете ги фреквенциите на звукот според играта со функцијата EQ за да добиете поголема острина и реалност.

„Слика од поставките на играта во PS5™ Control Center каде што се гледа нивото на јачината на звукот и статусот на контролорот“

Поставки што се прикажуваат на екранот

Прилагодувајте ги поставките на вашите слушалки со микрофон и погледнете го нивниот ефект на екранот во PS5™ Control Center.

Локација на копчето за балансирање на звукот помеѓу играта / разговорите на десната слушалка

Балансирање на звукот помеѓу играта / разговорите

Променете го балансирањето на звукот помеѓу звуците од игрите и разговорите кај вашите слушалки INZONE H7.

Три плочи што содржат повеќе одржливи материјали

Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на INZONE H7 не содржи пластика, туку само рециклирани материјали и неплетена целулоза, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Групна слика од слушалките со микрофон, USB-предавателот и кабелот за полнење

Што има во кутијата

Отворете го пакувањето на вашите слушалки со микрофон INZONE H7 и ќе пронајдете кабел за полнење USB-C (1,5 м) и USB-предавател.

Монитор INZONE на држач и слушалки со микрофон INZONE во преден план на десната страна, наспроти заднина со виолетови тонови

Подобрете ги вашите сетила со мониторите за игри INZONE

Нашите монитори INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.

Слика од Безжични слушалки со микрофон INZONE H7 за игри

Уживајте во 360 Spatial Sound for Gaming

360 Spatial Sound for Gaming, што се активира преку софтверот INZONE Hub, има новосоздаден виртуелизатор за игри што репродуцира просторен звук од сигнали за повеќеканален звук каков што замислиле креаторите на игрите. Исто така, апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer за паметни телефони ќе ви понуди просторен звук оптимизиран според обликот на вашите уши, обезбедувајќи приспособено играње игри.