Безжични слушалки со микрофон INZONE H7 за игри
Безжичните слушалки со микрофон INZONE H7 за игри се совршен партнер за сите игри бидејќи се удобни за носење со часови и нудат звук со одличен квалитет. Освен тоа, со 360 Spatial Sound for Gaming ќе слушате уште попрецизно и ќе ги пронаоѓате целите или противниците, што значи дека ќе ви помагаат во секоја ситуација.
• Звук со одличен квалитет
• Микрофон што се преклопува нагоре, со функција за стишување
• Приспособен звук 360 Spatial Sound for Gaming
• INZONE Hub со поставки за приспособување
• Играјте удобно со часови
• Совршени за PlayStation®5
Слушнете ги пред да ве забележат. Со 360 Spatial Sound for Gaming и нашата докажана технологија за хардвер ќе откриете каде се наоѓаат вашите противници и колку се оддалечени од вас. Дури и играчите кои се кријат во сенките или зад ѕид и други пречки, нема долго да останат скриени.
360 Spatial Sound for Gaming, што се активира преку софтверот INZONE Hub, има новосоздаден виртуелизатор за игри што репродуцира просторен звук од сигнали за повеќеканален звук каков што замислиле креаторите на игрите. Исто така, апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer за паметни телефони ќе ви понуди просторен звук оптимизиран според обликот на вашите уши, обезбедувајќи приспособено играње игри.
Дали сакате да слушате просторен звук преку вашите омилени уреди? Ставете ги слушалките и уживајте. Слушнете прецизни индикатори за положбата и движењето на вашите противници и многу повеќе.
Нашите слушалки со микрофон INZONE H7 се дизајнирани да внесат реалност во звукот од игрите. Симетричната акустична структура, што е доволно флексибилна за удобно поставување врз глави со различни форми и големини, го зголемува квалитетот на звукот и просторната акустична прецизност.
Создадена со нашето професионално искуство за слушалки за музика, мембраната на INZONE H7 има уникатна форма за да репродуцира екстремно високи фреквенции со голема усогласеност, како и реални ниски фреквенции за реално доживување при играње игри.
Каналите на куќиштето на INZONE H7 ги оптимизираат ниските фреквенции за да добиете моќен бас со кој длабоките звуци како експлозии и мотори ќе звучат неверојатно реално. Слушајте ја акцијата и интензитетот на вашите игри насекаде околу вас.
Ги создадовме INZONE H7 да бидат многу удобни за да можете да играте долги непрекинати периоди. Дизајнирани да бидат стабилни при носењето, со минимален страничен притисок, овие слушалки со микрофон се подготвени за користење со часови без прекин.
Широкото и меко перниче на лентата за на глава ја распоредува тежината еднакво по вашата глава заради долготрајна удобност при носењето.
Формата на меките платнени ушни перничиња го минимизира притисокот врз вашите уши преку оптимизиран допир со страничниот дел од вашата глава. Овој екстремно удобен материјал на ушните перничиња е дизајниран за стабилност и изолација на звукот.
Координирајте ги мисиите јасно и одлучно. Флексибилен микрофон што се преклопува нагоре, има функција за стишување и овозможува лесна комуникација со членовите од тимот додека играте.
Со висококвалитетниот микрофон, обликуван за да може да го доближите поблиску до устата, вашиот глас секогаш ќе се слуша јасно. Микрофонот е двонасочен, па затоа вашиот глас ќе се снима јасно дури и при највозбудливите моменти во играта.
Слушалките со микрофон работат одлично со услугата Discord за гласовна, видео и текстуална комуникација и ќе ви понудат беспрекорни разговори при играњето игри.
Нашите безжични слушалки со микрофон INZONE H7 за игри ви нудат слобода за играње без кабли што би ви пречеле. А благодарение на малото доцнење, нема да пропуштите ниту една нота со одличната синхронизација помеѓу звукот и сликата.
Уживајте во игрите и дење и ноќе со батеријата што нуди континуирана репродукција до 40 часа со едно полнење.
Нашите INZONE H7 имаат ергономски дизајнирани обични и вртливи копчиња за лесно менување на функциите и прилагодување на поставките додека играте.
На левата слушалка се наоѓаат вртливото копче за јачина на звукот и копчето за исклучување на звукот на микрофонот. Преклопете го микрофонот нагоре за да го исклучите звукот. Тука се и микрофонот и USB-приклучокот со LED-светилка за полнење.
На десната слушалка се наоѓа копчето за балансирање на звукот помеѓу играта / разговорите, како и копчињата за вклучување и Bluetooth.
Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE H7 преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот. Прилагодете ги фреквенциите на звукот според играта со функцијата EQ за да добиете поголема острина и реалност.
Со слушалките INZONE H7 ќе уживате во реалниот звук за игри Tempest 3D AudioTech на PlayStation® 5 со повеќе просторни информации. Тие работат беспрекорно со конзолите PlayStation®5 и нудат специјални функции со PS5™ за подобрување на перформансите.
Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на INZONE H7 не содржи пластика, туку само рециклирани материјали и неплетена целулоза, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.
Отворете го пакувањето на вашите слушалки со микрофон INZONE H7 и ќе пронајдете кабел за полнење USB-C (1,5 м) и USB-предавател.
Нашите монитори INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.