Големина и тежина

ТЕЖИНА
Прибл. 299 гр. (без кабел)

Слушалки

ВИД НА СЛУШАЛКИ
Затворени, динамички
ЗВУЧНИК
40мм
МАГНЕТ
Неодимиум
ИМПЕДАНСА (ОМИ)
35 ohm (1 kHz)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
10 Hz - 20.000 Hz (JEITA)
ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
92 dB / mW
КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
Да
СТИЛ НА НОСЕЊЕ
Circum Aural (опкружувачки)
360 SPATIAL SOUND FOR GAMING
Да

Микрофон

ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ЗВУКОТ НА МИКРОФОНОТ
Преклопете го нагоре

Жични

ВИД НА КАБЕЛ
Едностран
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
Прибл. 1,2 м
ПРИКЛУЧОК
Позлатен мини приклучок со 4 пина

Опции на бои

whiteblack

Што има во пакетот

  • USB-кутија за звук
  • Гарантен лист
  • Референтен водич
Placeholder

Функции

Слика одблиску од каналите на куќиштето на слушалките со микрофон

Моќни бас фреквенции 

Каналите на куќиштето на INZONE H3 ги оптимизираат ниските фреквенции за да добиете моќен бас со кој длабоките звуци како експлозии и мотори ќе звучат неверојатно реално. Слушајте ја акцијата и интензитетот на вашите игри насекаде околу вас.

Слика од горната половина на INZONE H3 со широка и мека лента за на глава

Совршена удобност за вашата глава

Широкото и меко перниче на лентата за на глава ја распоредува тежината еднакво по вашата глава заради долготрајна удобност при носењето.

Слика одблиску од меките платнени ушни перничиња

Удобно се поставуваат околу вашите уши

Формата на меките платнени ушни перничиња го минимизира притисокот врз вашите уши преку оптимизиран допир со страничниот дел од вашата глава. Овој екстремно удобен материјал на ушните перничиња е дизајниран за стабилност и изолација на звукот.

Слика одблиску од INZONE H3 каде што се гледаат слушалките и микрофонот спуштен на левата страна

Микрофон што се фокусира на вашиот глас

Со висококвалитетниот микрофон, обликуван за да може да го доближите поблиску до устата, вашиот глас секогаш ќе се слуша јасно. Микрофонот е еднонасочен, па затоа вашиот глас ќе се снима јасно дури и при највозбудливите моменти во играта.

Слика од предната страна на INZONE H3, се гледа дека микрофонот е во спуштена положба

Спуштете го надолу за да разговарате

Ако сакате да го користите микрофонот, спуштете го надолу и доближете го до устата. Тој е многу флексибилен и може да се закоси во секоја положба.

Слика од предната страна на INZONE H3, се гледа дека микрофонот е во подигната положба

Преклопете го нагоре за исклучување и складирање

Кога ќе завршите со играњето, лесно преклопете го микрофонот нагоре за да му го исклучите звукот и да го складирате. 

Лого за сертификат од Discord

Сертификат за Discord

Слушалките со микрофон работат одлично со услугата Discord за гласовна, видео и текстуална комуникација и ќе ви понудат беспрекорни разговори при играњето игри.

Локација на вртливото копче за јачина на звукот и микрофонот на левата слушалка

Контроли на левата страна

На левата слушалка се наоѓаат главните функции и контроли, како вртливото копче за јачина на звукот и микрофонот. Тие се лесно достапни додека играте игри.

Слика од поставките за звук во софтверот INZONE Hub

Приспособете го начинот на кој играте игри

Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE H3 преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот. Прилагодете ги фреквенциите на звукот според играта со функцијата EQ за да добиете поголема острина и реалност.

Три плочи што содржат повеќе одржливи материјали

Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на INZONE H3 не содржи пластика, туку само рециклирани материјали и неплетена целулоза, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Групна слика од слушалките со микрофон и USB-КУТИЈАТА ЗА ЗВУК

Што има во кутијата

Отворете го пакувањето на вашите слушалки со микрофон H3 и ќе пронајдете USB-КУТИЈА ЗА ЗВУК.

Монитор INZONE на држач и слушалки со микрофон INZONE во преден план на десната страна, наспроти заднина со виолетови тонови

Подобрете ги вашите сетила со мониторите за игри INZONE

Нашите монитори INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.

Слика од Жични слушалки со микрофон INZONE H3 за игри

Бидете првите кои прецизно ќе ги откриваат противниците

Слушнете ги пред да ве забележат. Со 360 Spatial Sound for Gaming и нашата докажана технологија за хардвер ќе откриете каде се наоѓаат вашите противници и колку се оддалечени од вас. Дури и играчите кои се кријат во сенките или зад ѕид и други пречки, нема долго да останат скриени.

Слика од Жични слушалки со микрофон INZONE H3 за игри

360 Spatial Sound for Gaming

360 Spatial Sound for Gaming, што се активира преку софтверот INZONE Hub, има новосоздаден виртуелизатор за игри што репродуцира просторен звук од сигнали за повеќеканален звук каков што замислиле креаторите на игрите.

Слика од Жични слушалки со микрофон INZONE H3 за игри

360 Spatial Sound Personalizer

Апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer за паметни телефони ќе ви понуди просторен звук оптимизиран според обликот на вашите уши, обезбедувајќи приспособено играње игри.

Слика од Жични слушалки со микрофон INZONE H3 за игри

Почист сигнал за подобро играње игри

Уживајте во ново ниво на реални игри со испорачаниот USB DAC, дизајниран за слушалките со микрофон INZONE H3. USB DAC е опремен со висококвалитетен засилувач со мал сооднос помеѓу сигналот и шумот, за кристално чист и квалитетен звук. Ќе добиете прецизно позиционирање и оддалеченост на звукот што ќе го подобри вашето доживување при играњето игри од различни жанрови, особено FPS-игри.

Слика од Жични слушалки со микрофон INZONE H3 за игри

Бели или црни - ваш избор, ваш стил

Кои и да ги изберете, ќе уживате во одличен звук и врвни функции за игри, во боја која ќе ви одговара.