Страничен приказ под агол на INZONE H3 со микрофонот поставен од левата страна
Слика од предната страна на INZONE H3 со микрофонот поставен од левата страна
Страничен приказ на INZONE H3 со микрофонот поставен од левата страна
Слика под агол од INZONE H3 со микрофонот поставен од левата страна
Официјални слушалки со микрофон на VALORANT Champions Tour    
Разгледајте ги слушалките со микрофон INZONE H3
Бидете првите кои прецизно ќе ги откриваат противниците

Слушнете ги пред да ве забележат. Со 360 Spatial Sound for Gaming и нашата докажана технологија за хардвер ќе откриете каде се наоѓаат вашите противници и колку се оддалечени од вас. Дури и играчите кои се кријат во сенките или зад ѕид и други пречки, нема долго да останат скриени.

Уживајте во 360 Spatial Sound for Gaming

360 Spatial Sound for Gaming, што се активира преку софтверот INZONE Hub, има новосоздаден виртуелизатор за игри што репродуцира просторен звук од сигнали за повеќеканален звук каков што замислиле креаторите на игрите. Исто така, апликацијата 360 Spatial Sound Personalizer за паметни телефони ќе ви понуди просторен звук оптимизиран според обликот на вашите уши, обезбедувајќи приспособено играње игри.

Уживајте во 360 Spatial Sound for Gaming

Дали сакате да слушате просторен звук преку вашите омилени уреди? Ставете ги слушалките и уживајте. Слушнете прецизни индикатори за положбата и движењето на вашите противници и многу повеќе.

Напредна технологија што ја оптимизира акустиката

Нашите слушалки со микрофон INZONE H3 се дизајнирани да внесат реалност во звукот од игрите. Симетричната акустична структура, што е доволно флексибилна за удобно поставување врз глави со различни форми и големини, го зголемува квалитетот на звукот и просторната акустична прецизност.

Моќни бас фреквенции 

Каналите на куќиштето на INZONE H3 ги оптимизираат ниските фреквенции за да добиете моќен бас со кој длабоките звуци како експлозии и мотори ќе звучат неверојатно реално. Слушајте ја акцијата и интензитетот на вашите игри насекаде околу вас.

Играјте удобно со часови

Ги создадовме INZONE H3 да бидат многу удобни за да можете да играте долги непрекинати периоди. Дизајнирани да бидат стабилни при носењето, со минимален страничен притисок, овие слушалки со микрофон се подготвени за користење со часови без прекин.

Совршена удобност за вашата глава

Широкото и меко перниче на лентата за на глава ја распоредува тежината еднакво по вашата глава заради долготрајна удобност при носењето.

Удобно се поставуваат околу вашите уши

Формата на меките платнени ушни перничиња го минимизира притисокот врз вашите уши преку оптимизиран допир со страничниот дел од вашата глава. Овој екстремно удобен материјал на ушните перничиња е дизајниран за стабилност и изолација на звукот.

Одведете го вашиот тим во победа со јасна комуникација

Координирајте ги мисиите јасно и одлучно. Флексибилен микрофон што се преклопува нагоре, има функција за стишување и овозможува лесна комуникација со членовите од тимот додека играте.

Микрофон што се фокусира на вашиот глас

Со висококвалитетниот микрофон, обликуван за да може да го доближите поблиску до устата, вашиот глас секогаш ќе се слуша јасно. Микрофонот е еднонасочен, па затоа вашиот глас ќе се снима јасно дури и при највозбудливите моменти во играта.

Слика одблиску од INZONE H3 каде што се гледаат слушалките и микрофонот спуштен на левата страна
Лого за сертификат од Discord
Сертификат за Discord

Слушалките со микрофон работат одлично со услугата Discord за гласовна, видео и текстуална комуникација и ќе ви понудат беспрекорни разговори при играњето игри.

Едноставен овален дизајн за непречено користење

Нашите INZONE H3 имаат ергономски дизајнирани обични и вртливи копчиња за лесно менување на функциите и прилагодување на поставките додека играте. Вртливото копче за јачина на звукот е испакнато заради лесно ракување, а споевите на каблите се многу издржливи за безгрижно играње.

Контроли на левата страна

На левата слушалка се наоѓаат главните функции и контроли, како вртливото копче за јачина на звукот и микрофонот. Тие се лесно достапни додека играте игри.

Локација на вртливото копче за јачина на звукот и микрофонот на левата слушалка
Приспособете го начинот на кој играте игри

Нашиот компјутерски софтвер INZONE Hub ви овозможува да го приспособите користењето на INZONE H3 преку прилагодување различни параметри, вклучувајќи разни поставки за звукот и хардверот. Прилагодете ги фреквенциите на звукот според играта со функцијата EQ за да добиете поголема острина и реалност.

Високо ниво на одржливост

Нашите производи имаат стилски дизајн и не се штетни за животната средина. Материјалот за пакување на INZONE H3 не содржи пластика, туку само рециклирани материјали и неплетена целулоза, што е доказ за посветеноста на Sony да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина.

Три плочи што содржат повеќе одржливи материјали
Групна слика од слушалките со микрофон и USB-КУТИЈАТА ЗА ЗВУК
Што има во кутијата

Отворете го пакувањето на вашите слушалки со микрофон H3 и ќе пронајдете USB-КУТИЈА ЗА ЗВУК.

Подобрете ги вашите сетила со мониторите за игри INZONE

Нашите монитори INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.



Спецификации и функции

Подгответе се за мисиите со жичните слушалки со микрофон INZONE H3 од Sony за игри. Слушалките нудат 360 Spatial Sound for Gaming и се совршени за гејмери.
  • 360 Spatial Sound for Gaming за прецизно откривање на противниците

  • Меко перниче на лентата за на глава и меки платнени ушни перничиња за удобност при носењето

  • Микрофон за беспрекорна комуникација со тимот

  • Лесно ракување со повеќе контролни копчиња

  • Приспособете ги поставките со компјутерскиот софтвер INZONE Hub

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Корисниците велат