Серија SF-G TOUGH specification
Најдобро решение за складирање снимени материјали
Иновативен едноделен дизајн и побрзо запишување
Ви ја претставуваме побрзата и поиздржлива SD-картичка.
Ова е најиздржливата SD-картичка дизајнирана за професионални перформанси и екстремна сигурност. Независно во колку тешки услови фотографирате, серијата SF-G со спецификации TOUGH нуди перформанси и издржливост на кои може да им верувате.
Дизајнот со голема цврстина овозможува 18 пати поголема издржливост при виткање на серијата SF-G со спецификации TOUGH отколку стандардните SD-картички. Тој овозможува сигурно користење при важни фотосесии, во секакви опкружувања и временски услови.
Најдобра заштита за безгрижна работа со незаменливи слики. Отпорност на прав, нечистотии, вода и кал за сигурно користење во најлоши услови.
Новата SD-картичка има едноделен дизајн изработен од цврсти материјали што е отпорен на паѓање од висина до 5 м .
Одликувајќи се со едноделен обликуван дизајн и материјали со голема издржливост, картичките од серијата SF-G со спецификации TOUGH им нудат безгрижно користење и заштита на професионалните фотографи независно каде фотографираат.
Новата серија SF-G со спецификации TOUGH не содржи кршливи спојни елементи и прекинувач за заштита од запишување што се присутни кај стандардните SD-картички и што спречуваат снимање на податоци доколку се скршат.
Без разлика дали снимање фотографии или 4K-видеоснимки со висока резолуција, ниту една друга UHS-II SD-картичка не може да запишува или чита податоци како серијата SF-G со спецификации TOUGH. Мемориските картички со голема брзина нудат чистење на меѓумеморијата за кратко време по секвенцијално фотографирање и ефикасен процес за префрлување содржини во компјутер.
Одликувајќи се со брзина на запишување до 299 MB/s што е водечка во индустријата, картичките од серијата SF-G со спецификации TOUGH се оптимизирани за континуирано фотографирање и брзо чистење на меѓумеморијата.
Фотографирајте повеќе и чекајте помалку за префрлување и копирање податоци со брзина на читање до 300 MB/s преку интерфејсот UHS-II.
Поддршка за највисоката класа на брзина за видео - V90 - за снимање стабилни 4K-видеоснимки и видеоснимки со висока бит-стапка.
Прилагодениот софтвер овозможува максимални перформанси на вашата картичка.
Со тек на времето, сите SD-мемориски картички се абат и не можат сигурно да снимаат податоци. SD Scan Utility на Sony редовно и автоматски ги скенира вашите SD-мемориски картички и ве известува кога ќе ги достигнат нивните граници.
File Rescue за мемориски картички
Не грижете се. Дури и во случај на проблем може да избегнете катастрофа со помош на софтверот што може да го преземете и што овозможува обновување на случајно избришани датотеки и оштетени фотографии и видеоснимки во денешните најкористени формати.
Спецификации и функции
- Брзина на пренос (запишување)
- До 299 MB/s (HD312), до 90 MB/s (SDR104)
- Брзина на пренос (читање)
- До 300 MB/s (HD312), до 95 MB/s (SDR104)
- Класа на брзина
- Класа 10 (SD-класа на брзина), класа 3 (UHS-класа на брзина), V90 (класа на брзина за видео)
- Интерфејс
- UHS-II