Вашиот телевизор BRAVIA ви нуди најдобри содржини и забава. Уживајте во стотици апликации и игри од најголемите оператори за 4K-содржини, со допирање едно копче.
Извлечете максимум од нашите услуги за проследување со три различни видови на почетен екран.
Почетни екрани
Почетниот екран на BRAVIA кога ја користите функцијата Google TV ™ може да се разликува во зависност од вашата интернет врска и од тоа дали сте најавени на вашата сметка на Google.
1. Во „Main mode“ се достапни сите функции
Ако се поврзете на интернет и се најавите со вашата сметка на Google, тогаш ќе го активирате главниот режим. Кога го користите главниот режим, вашите омилени и препорачани содржини ќе се прикажуваат на почетниот екран врз основа на вашата историја на гледање.
Ви препорачуваме да користите „Main Mode“ заради максимално уживање во функциите на BRAVIA и Google TV ™.
2. „App mode“ не генерира историја на гледање
Во овој режим, историјата на гледани содржини не се прикажува или евидентира на почетниот екран. Може да пристапите до секоја апликација директно. Функцијата може да ја вклучите во [Settings]-[Accounts and Login]-„Select Account“-„App Only Mode“.
3. „Basic mode“ нуди ограничени функции
Во основниот режим не е достапно гласовно пребарување. Ако не сте поврзани на интернет и не сте најавени на вашата сметка на Google, тогаш некои функции нема да бидат достапни.
Поврзете ги содржините од вашиот паметен телефон со BRAVIA
Најавете се на BRAVIA со Google TV ™ користејќи ја истата сметка на Google од вашиот паметен телефон. Пронајдете содржини на вашиот паметен телефон и додадете ги во „листата на желби“ на телевизорот (*), за да не мора да ги барате повторно.
* Треба да пребарувате со Google Engine за да можете да додавате содржини во „листата на желби“
* Поврзаните содржини ќе се прикажат во картичката „The Library“ на телевизорот
СТРАНИЦИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОДДРШКА