Извлечете максимум од телевизорот
Поврзете се на интернет за да добиете повеќе од BRAVIA

Извлечете максимум од телевизорот BRAVIA со тоа што ќе го поврзете на интернет.


Гледајте омилени содржини на интернет со BRAVIA и Google TV™

Со Google TV ™ ќе уживате во омилените филмови, видеоснимки, игри и телевизија од сите ваши апликации и онлајн услуги преку BRAVIA.

Добивајте препораки врз основа на вашата историја на гледање и уживајте во омилената забава во секое време.

Еволуцијата на гледањето со BRAVIA продолжува кога ќе се поврзете на интернет

Технологијата за телевизија постојано еволуира, а BRAVIA постојано се развива за да ви го понуди најдоброто доживување при гледањето.

Една од придобивките на Google TV ™ се редовните ажурирања. Секое ажурирање нуди нови функции откако ќе го купите производот. Исто така, овие ажурирања го подобруваат софтверот на BRAVIA, а со тоа и вашето доживување при гледањето.

Поврзете го телевизорот Bravia на интернет и уживајте во Google TV уште денес.


Подготовка за користење на Bravia

Не сте поврзани во мрежа или немате сметка на Google? Продолжете да читате за да дознаете повеќе:

Поврзете се на интернет
Поврзете се на интернет

За да ги користите функциите на Google TV ™ треба да го поврзете телевизорот BRAVIA на интернет.

Ако го поврзете безжично, тогаш не треба да се грижите за должината и спроведувањето на LAN-кабелот. Дознајте повеќе за поврзувањето и конфигурирањето на оваа страница.


Регистрирајте сметка на Google

Регистрирајте сметка на Google во BRAVIA за да ја преземете содржината. Ако го користите телевизорот BRAVIA заедно со други членови од семејството, тогаш ви препорачуваме да регистрирате заедничка сметка на Google.

 Сметка на Google за BRAVIA може да регистрирате и преку вашиот компјутер или паметен телефон.

Ако немате сметка, тогаш отворете го веб-сајтот на Google за да направите.

Како да регистрирате сметка на Google во Bravia

Како да регистрирате сметка на Google во Bravia. Чекор 1
Чекор 1

Изберете Settings > Accounts > Login

Чекор 2

Следете ги инструкциите и внесете е-пошта и лозинка за вашата сметка на Google.

Како да регистрирате сметка на Google во Bravia_чекор2
Како да регистрирате сметка на Google во Bravia_чекор3
Чекор 3

Откако ќе се најавите, името на сметката ќе се прикаже под „Account and Login“