Извлечете максимум од телевизорот
Поставки за слика и звук

Извлечете максимум од сликата и звукот со нашите едноставни поставки за слика и звук.


Сензор за светлина

Автоматско прилагодување на светлината на екранот во зависност од осветлувањето во просторијата. Заборавете на темните слики и гледајте појасни слики за максимално уживање во содржините што ги гледате.



За да го поставите квалитетот на сликата, притиснете го копчето за поставки (икона во вид на запчаник) на далечинскиот управувач и изберете [Settings]-[Display & Sound]-[Picture]-[Light sensor] за да ја вклучите / исклучите функцијата.


Вградена функција за корекција на звукот според просторијата

Уживајте во реални слики и звук, независно од формата или големината на вашата соба благодарение на нашите приспособени поставки за звук.



За автоматско прилагодување на квалитетот на звукот, притиснете го копчето за поставки (икона во вид на запчаник) на далечинскиот управувач и изберете [Settings]-[Display and Sound]-[Sound]-[Acounstic auto calibration].


Приспособете го квалитетот на сликата

Гледајте со максимален квалитет на слика независно од изворот; YouTube, Netflix или HDMI-сигнал. Уживајте во живописни слики додека гледате филмови, спорт, музика во живо и повеќе!

Притиснете го копчето за поставки (запчаник) и изберете ја саканата поставка. За да го прилагодите квалитетот на содржината што ја гледате, притиснете го копчето за поставки(запчаник) на далечинскиот управувач и изберете.


Приказ на често користени поставки

Како да го приспособите (уредите и додадете) копчето за поставки

Ако го притиснете копчето за поставки (икона во вид на запчаник) и не се прикаже [Picture mode], тогаш може да додадете поставка што ќе се прикаже.

Притиснете [Gear icon] на далечинскиот управувач, а потоа притиснете го копчето > за да ја отворите функцијата [Edit]. Кликнете [Edit] за да се прикаже функцијата [Picture mode], а потоа означете ја.


Режим за кино

Гледајте ги филмовите како што замислил режисерот со режимот „Cinema“ што е создаден заедно со Sony Pictures Entertainment Inc. Го препорачуваме за најдобар квалитет на сликата.

Благодарение на HDR (висок динамички опсег), режимот Cinema нуди живописни бои дури и во темни сцени за да уживате во филмовите на правилен начин.


Netflix Calibrated Mode

Создаден во соработка со Netflix, ексклузивниот Netflix calibrated mode на Bravia ви овозможува да уживате во квалитетот на сликата како што замислиле режисерите. Чувствувајте се како во кино додека гледате филмови во домот.

Netflix Calibrated Mode

1. Најавете се на Netflix

2. Притиснете го копчето за поставки (запчаник) на далечинскиот управувач

3. Овозможете „Netflix calibrated mode“ во „Picture settings“ со притиснување на копчето со поставки.


Приспособете го квалитетот на звукот по ваша желба

Менувајте го квалитетот на звукот по ваша желба и според содржините што ги гледате, како филмови, спорт или музика во живо.

За да го прилагодите квалитетот на звукот на содржината, притиснете го копчето за поставки (икона во вид на запчаник) на далечинскиот управувач за да изберете.

Притиснете [Sound mode] и изберете ја саканата поставка.


Зумирање на глас

*Не е достапно за серијата X80J

За да слушате појасни дијалози, функцијата „Зумирање на глас“ на BRAVIA ви овозможува да ја прилагодите јачината на звукот по ваша желба.

Повеќе не треба да се напрегате за да ги слушнете тивките гласови или шепоти во вашите омилени филмови. Засилете ги гласовите кога гледате важни натпревари и сакате да го слушате и коментаторот и публиката.



За да ја поставите функцијата за зумирање на глас, притиснете го копчето за поставки (икона во вид на запчаник) на далечинскиот управувач за да ја изберете. Изберете [Settings]-[Display and sound]-[Sound]-[Sound Customisation]-[Voice Zoom] и прилагодете по ваша желба.