Извлечете максимум од телевизорот
BRAVIA CORE

Од стари класици до нови изданија, добијте избор од стотици филмски наслови и претворете го домот во кино.
*Не е достапно за серијата X80J

Создадена во соработка со Sony Pictures, услугата „BRAVIA CORE“ е услуга за оригинални содржини од Sony која е ексклузивна за BRAVIA XR. Уживајте во неверојатна слика и прекрасен звук како во кино.


Достапно на BRAVIA CORE ™
Spider-Man: Far From Home © 2019 Columbia Pictures Industries, Inc. Сите права се задржани. | MARVEL и сите поврзани имиња на ликови: © и ™ 2021 MARVEL.



1. Изберете 5 или 10 филмови од најновите изданија или класичните хитови 

Изнајмете бесплатно најмногу 10 ваши омилени филмови од нашиот огромен избор на филмови и гледајте ги во 4K HDR-квалитет на слика.


• Број на филмови за бесплатно изнајмување:  5 филмови (A80J, X95J, X90J) или 10 филмови (Z9J и A90J) (1 кредит за филмови може да се искористи за изнајмување 1 филм).
• Период за бесплатно изнајмување: Во рок од 1 година откако ќе регистрирате сметка на BRAVIA CORE.
• Период на гледање: Гледајте до 23 февруари 2026 година (за филмови изнајмени до крајот на рокот).


2. Неограничено гледање на омилените филмови до 12 или 24 месеци

Од безвременските ремек-дела на Sony Pictures па сè до најновите изданија, уживајте во колку што сакате филмови во период од две години со максимален квалитет на слика до 4K HDR.


• 12 месеци неограничено проследување за A80J, X95J и X90J, 24 месеци неограничено проследување за Z9J и A90J
• Периодот за неограничено гледање започнува штом ја регистрирате вашата сметка на BRAVIA CORE.
• Пристапот до содржините за неограничено гледање ќе заврши штом заврши периодот за неограничено гледање што е вклучен во оваа промоција.
• Содржините што се достапни за неограничено гледање подлежат на промени.


Уживајте во висококвалитетни содржини и доживување како во кино со нашата уникатна технологија за проследување 
PureStream

Благодарение на новосоздадената технологија од Sony Pictures за висококвалитетно проследување, може да проследувате со висок квалитет и брзина до 80 Mbps, слично како 4K UHD Blu-ray Disc.

*За да ја користите функцијата Pure Stream™ е потребна интернет врска со брзина од 43 Mbps или повеќе. За да ја користите најголемата брзина од 80 Mbps, треба да се поврзете преку Wi-Fi-рутер (безжичен LAN) со брзина до 115 Mbps или повеќе и IEEE802.11ac/n.

Најголема колекција на IMAX® Enhanced

Разгледајте една од најголемите колекции на IMAX® Enhanced која ќе ви го претвори домот во IMAX®-кино.

* IMAX® е регистриран заштитен знак на IMAX Corporation.



Како да започнете да користите „BRAVIA CORE“

Направете и користете сметка преку апликацијата „BRAVIA CORE“ што се прикажува на почетниот екран на телевизорот BRAVIA. Придобивките може да ги искористите ако се регистрирате до 23 февруари 2024 година