Аудиопроизводите за во домот од Sony се дизајнирани за извонреден звук и ја земаат предвид животната средина. Согласно нашите цели за Еколошко управување 2025, правиме напори да ја намалиме употребата на нова пластика за сите наши производи и дизајни.
Производите ја земаат предвид животната средина
За аудиопроизводите за во домот од Sony се користи рециклирана пластика за да се намали употребата на нова пластика. Изборот на материјали влијае врз квалитетот на звукот, па затоа со години создававме уникатна рециклирана пластика која ја зема предвид животната средина и е соодветна за создавање висококвалитетни аудиопроизводи.
Нашата рециклирана пластика се изработува од дискови и шишиња за вода. Сите фолии или облоги се отстрануваат од собраната пластика, која потоа се користи како составен дел на основниот материјал. Со цел да добиеме беспрекорен квалитет на звукот, тестиравме различни комбинации за да го пронајдеме најдоброто решение за аудиопроизводите.
[1] Дискови [2] Шишиња за вода [3] Сечење [4] Рециклирана поликарбонатна пластика [5] Спојување со нова пластика и други адитиви [6] Пелети
Неколку компоненти на аудиопроизводите за во домот од Sony содржат рециклирана пластика. Во 2024 година, процентот на рециклирана пластика која се користела за производите за домашно кино изнесувал приближно 50%, а за BRAVIA Theatre U изнесувал приближно 40%.
[1] Рециклирана пластика Вкупно
Текстилот што го користиме за нашите производи, како што се BRAVIA Theatre Bar 9, BRAVIA Theatre Quad, Sub 7 и Rear 8, е делумно направен од рециклирани PET-шишиња. Внимателно го избравме материјалот за да добиеме оптимален квалитет на звук, дизајн, текстура и бои.
Пакување со еколошки дизајн
Се трудиме да ја намалиме количината на пластика во пакувањето со употреба на рециклирани хартиени материјали за обложување и пополнување, како и со употреба на хартиени рачки.
Во 2025 година, за пакувањето на аудиопроизводите за во домот од Sony ќе се користат приближно 75% рециклирани материјали. Вложуваме напори да го намалиме товарот врз животната средина, без да правиме отстапки во дизајнот на пакувањето и цврстината на заштитата на производот.
[1] Рециклирани материјали Вкупно
Продолжуваме да ја зголемуваме употребата на нашиот хартиен материјал кој е создаден да ја зема предвид животната средина, наречен оригинален комбиниран материјал, за пакувањето на HT-AX7. Оригиналниот комбиниран материјал е направен од бамбус, влакна од шеќерна трска и рециклирана хартија.
Интервју со инженерот за развој
Sony Corporation, Home Entertainment & Sound Products Business Group,
Acoustic Design Division, Design Dept. 2
Со употреба на рециклирана пластика во аудио производите за во домот се занимаваме уште од 2010-та година. Преку подобрување на нивните перформанси до ниво слично со нерециклираната пластика, работевме на аспекти од дизајнот и овозможивме примена на тие рециклирани материјали во производите. Во 2016 година создадовме рециклирана пластика за внатрешните компоненти на нашите производи која го зема предвид и квалитетот на звукот.
Меѓутоа, за понатамошно зголемување на употребата на рециклирана пластика беше потребно да се зголеми и опсегот на нејзината примена. Материјалот што го создадовме сега е огноотпорен. Во текот на развојниот процес, сакавме да се обидеме да се доближиме колку што е можно повеќе до квалитетот на звукот на материјалите што ги користевме претходно. Разгледавме повеќе конфигурации, создававме прототипи, ја тестиравме цврстината и на крајот создадовме материјал што ги задоволи потребите за квалитет на звук и цврстина на производот.
СЛИЧЕН ЛИНК