Наградувани
Големиот контраст ги подобрува сите детали
Фокусирајте се и истражувајте светови со брилијантни детали. Нашиот монитор за игри INZONE M9 со 4K HDR, Full Array Local Dimming, IPS-екран и над 95% покриеност на DCI-P3 ги исполнува сцените со врвни бои и контраст. Исто така, ќе реагирате побрзо со стапката на освежување од 144 Hz и IPS-екранот со GtG (промена на состојба) од 1 ms.
Квалитет на слика
4K-резолуција
Сертификат DisplayHDR™ 600
Full Array Local Dimming
Совршен за PlayStation®5
Брзина
Стапка на освежување од 144 Hz
Компатибилност со NVIDIA® G-SYNC®
Променлива стапка на освежување
GtG од 1 ms
Реалните детали и контраст внесуваат реалистичност во игрите
Локално LED-затемнување за поголем контраст и повеќе детали
Со Full Array Local Dimming, светлината оди токму таму каде што е потребно за да гледате поголема длабочина во сенките и светлите површини. Откривајте ги противниците во темните места и пронаоѓајте предмети во светлите површини со поголема острина. Поголемиот контраст низ целиот екран ви нуди приказ на игрите како никогаш досега.
Не прифаќајте ништо помалку од неверојатно остри 4K-детали
4K-мониторите за игри имаат четирипати повеќе точки од Full HD-мониторите. Независно дали сакате игри со пукање, тркање или улоги, ќе уживате во беспрекорни слики со кристално јасни детали и поголема густина на точки.
Реално визуелно уживање со сертификат DisplayHDR™ 600
INZONE M9 со DisplayHDR™ 600 прикажува сцени со живописни бои, богат и прецизен контраст и голема максимална светлина од 600 nits. Сега може да гледате прекрасни светли бои, така како што замислиле креаторите на игрите.
Живописни и реални бои со DCI-P3 над 95%
Одликувајќи се со над 95% покриеност на DCI-P3-спектарот, 4K HDR-мониторот за игри INZONE M9 прикажува поширока палета на повеќе од милијарда богати и живописни бои. Поголемиот број на нијанси и тонови создаваат прекрасни сцени за неверојатни игри.
Јасна, брза и остра слика - екран создаден за акција
Нишанете прецизно и пукајте побрзо со стапката од 144 Hz
Подобрете ги вашите сетила и реагирајте побрзо. Стапката на освежување до 144 Hz ви нуди клучна предност во дел од секундата што ќе ви овозможи да ги следите противниците прецизно.
Уживајте во брзи случувања со IPS-екран со GtG од 1 ms
Играјте на повисоко ниво со IPS-екранот што нуди GtG со извонредна брзина од 1 ms. Намалената појава на заостанати облици и заматување ви овозможуваат да гледате што се случува со апсолутна острина за да можете да носите брзи одлуки и да реагирате веднаш.
Спречете пресекување со компат. со со NVIDIA® G-SYNC® и VRR
Со прилагодување на стапката на освежување на екранот согласно стапките на слика на уредот за игри, INZONE M9 со компатибилност за NVIDIA® G-SYNC® и HDMI 2.1 со променлива стапка на освежување го елиминира пресекувањето, треперењето и доцнењето заради појасна слика при играњето игри.
Дизајнирани да се приспособат на начинот на кој играте
Играјте на ваш начин со повеќенаменскиот дизајн што се адаптира кон вашиот стил на играње. Уникатниот и низок држач нуди максимална удобност при играњето игри, а воедно го оптимизира просторот на работната маса за периферни уреди.
Реалниот изглед може да биде поинаков.
Се интегрира совршено со вашата опрема за игри
Лесно поставување тастатури под агол и големи подлоги за глувче околу или под екранот. Мониторот има мали димензии за да имате повеќе простор на работната маса.
Разгледајте го INZONE M9
Perfect for PlayStation®5
Поврзете го INZONE M9 со вашата конзола PS5™ за да добиете фантастично доживување при играњето игри. Искористете го максимално потенцијалот на мониторот INZONE со функции создадени специјално за конзолите PS5™.
Лесно поврзување и контрола на вашиот систем за игри
Вклучете го вашиот систем за игри и поврзете ги сите периферни уреди веднаш. Различните опции како приклучоците HDMI 2.1, DisplayPort™ 1.4 и USB Type-C (алтернативен режим за DisplayPort) ви нудат сè што ви е потребно за поврзување.
[1] Излез за слушалки x1 (приклучок од 3,5 мм) / [2] USB Type-A x3 (кон корисникот) / [3] USB Type-B x1 (кон компјутерот) / [4] USB Type-C x1 (алт. режим за DP, кон компјутерот) / [5] DisplayPort x1 (вер. 1.4) / [6] HDMI x2 (вер. 2.1)
Контролирајте два компјутери преку еден комплет опрема
Започнете веднаш да уживате во игрите, без потреба од менување кабли кога ќе завршите со работа. Со автоматскиот KVM-преклопник (автоматски преклопник со USB-размножувач) може да контролирате два компјутери преку една тастатура, глувче и слушалки приклучени во мониторот.
Контрола на поставките за мониторот преку софтвер
Менувајте ги поставките на мониторот брзо и лесно, со неколку кликнувања на глувчето во софтверот. Освен прилагодување на поставките, може да доделите специфични режими за слика и профили за звук на слушалките за поединечни апликации и игри.
Подобрете ги вашите сетила со слушалки со микрофон INZONE за игри
Нашите слушалки со микрофон INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.
Високо ниво на одржливост
Компанијата Sony е посветена да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина. Мониторите за игри INZONE не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина.
Спецификации и функции
Уживајте во светот на игрите исполнети со прекрасни детали и длабочина. Нашиот монитор за игри INZONE M9 од 27'' со 4K HDR, Full Array Local Dimming, IPS-екран и над 95% покриеност на DCI-P3 ги исполнува сцените со врвни бои и контраст. Исто така, ќе реагирате побрзо со стапката на освежување од 144 Hz и IPS-екранот со GtG од 1 ms.