Неверојатно брз IPS-екран со 240 Hz и GtG од 1 ms
И деловите од секундата се важни. Неверојатно брзата стапка на освежување на INZONE M3 ве става чекор понапред од противниците и ви овозможува да се движите низ сцените без доцнење или треперење.
Брзина
Стапка на освежување од 240 Hz
Компатибилност со NVIDIA® G-SYNC®
Променлива стапка на освежување
GtG од 1 ms
Квалитет на слика
sRGB 99%
Сертификат DisplayHDR™ 400
Функции за PlayStation®5
Нишанете прецизно и пукајте први со стапката од 240 Hz
Реагирајте побрзо од вашите противници. Со стапка на освежување до 240 Hz, ќе добиете клучна предност пократка од една секунда што ќе ви помогне да ги следите противниците и да пукате први. Движењата се исклучително јасни во Full HD, така што ќе можете да ги видите во моментот кога ќе се случат.
Уживајте во брзи случувања со IPS-екран со GtG од 1 ms
Играјте на повисоко ниво со IPS-екранот што нуди GtG со извонредна брзина од 1 ms. Намалената појава на заостанати облици и заматување ви овозможуваат да гледате што се случува со апсолутна острина за да можете да носите брзи одлуки и да реагирате веднаш.
Спречете пресекување со компат. со со NVIDIA® G-SYNC® и VRR
Со прилагодување на стапката на освежување на екранот согласно стапките на слика на уредот за игри, INZONE M3 со компатибилност за NVIDIA® G-SYNC® и HDMI 2.1 со променлива стапка на освежување го елиминира пресекувањето, треперењето и доцнењето заради појасна слика при играњето игри.
Реални игри со сертификат DisplayHDR™ 400
Гледајте поширока палета на бои, потемни сенки и уште посветли тонови. INZONE M3 со DisplayHDR™ 400 прикажува сцени со живописни тонови, богат и прецизен контраст и голема максимална светлина од 400 nits за уште подобро и пореално доживување на игрите.
Широка палета на живописни бои за реални игри
Одликувајќи се со над 99% покриеност на sRGB-спектарот, мониторот INZONE M3 ќе ја исполни вашата игра со широка палета на богати и живописни бои. Повеќе нијанси и тонови за екстремно реални сцени што придонесуваат за возбудливи и реални игри.
Дизајнирани да се приспособат на начинот на кој играте
Играјте на ваш начин со повеќенаменскиот дизајн што се адаптира кон вашиот стил на играње. Уникатниот и низок држач нуди максимална удобност при играњето игри, а воедно го оптимизира просторот на работната маса за периферни уреди.
Реалниот изглед може да биде поинаков.
Се интегрира совршено со вашата опрема за игри
Лесно поставување тастатури под агол и големи подлоги за глувче околу или под екранот. Мониторот има мали димензии за да имате повеќе простор на работната маса.
Разгледајте го INZONE M3
Функции за PlayStation®5
Поврзете го INZONE M3 со вашата конзола PS5™ за да добиете фантастично доживување при играњето игри. Искористете го максимално потенцијалот на мониторот INZONE со функции создадени специјално за конзолите PS5™.
Лесно поврзување и контрола на вашиот систем за игри
Вклучете го вашиот систем за игри и поврзете ги сите периферни уреди веднаш. Различните опции како приклучоците HDMI 2.1, DisplayPort™ 1.4 и USB Type-C (алтернативен режим за DisplayPort) ви нудат сè што ви е потребно за поврзување.
[1] HDMI x2 (вер. 2.1) / [2] DisplayPort x1 (вер. 1.4) / [3] USB Type-C x1 (алт. режим за DP, кон компјутерот) / [4] USB Type-B x1 (кон компјутерот) / [5] USB Type-A x3 (кон корисникот) / [6] излез за слушалки x1 (приклучок од 3,5 мм)
Контролирајте два компјутери преку еден комплет опрема
Започнете веднаш да уживате во игрите, без потреба од менување кабли кога ќе завршите со работа. Со автоматскиот KVM-преклопник (автоматски преклопник со USB-размножувач) може да контролирате два компјутери преку една тастатура, глувче и слушалки приклучени во мониторот.
Контрола на поставките за мониторот преку софтвер
Менувајте ги поставките на мониторот брзо и лесно, со неколку кликнувања на глувчето во софтверот. Освен прилагодување на поставките, може да доделите специфични режими за слика и профили за звук на слушалките за поединечни апликации и игри.
Подобрете ги вашите сетила со слушалки со микрофон INZONE за игри
Нашите слушалки со микрофон INZONE го подобруваат вашето доживување при играњето игри и ви помагаат да играте најдобро што можете.
Високо ниво на одржливост
Компанијата Sony е посветена да го намали влијанието на своите производи и работење врз животната средина. Мониторите за игри INZONE не само што имаат стилски дизајн, туку и не се штетни за животната средина.
Спецификации и функции
Станете гејмер каков што отсекогаш сте знаеле дека може да станете. Нашиот Full HD-монитор за игри INZONE M3 од 27” со стапка на освежување од 240 Hz и IPS-екран со GtG од 1 ms е дизајниран за брзина, за да можете да ги видите противниците пред тие да ве видат вас и да реагирате брзо.