Сите спецификации и функции
SA-RS5
Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Големина на заден звучник(Ш X В X Д) (ММ)
- 145x250x134 мм
- Тежина на заден звучник (КГ)
- 2,4кг.
Батерија
- ВГРАДЕНА БАТЕРИЈА
- Да
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- 10 часа
- ВРЕМЕ НА РЕПРОДУКЦИЈА СО БРЗО ПОЛНЕЊЕ ОД 10 МИНУТИ
- 90 мин.
- ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- 4 часа
Засилувач
- Тип на засилувач
- Дигитален засилувач, S-Master
- Канали на засилувач
- 6 канали(Л: 3 кан.+Д: 3 кан.)
- Излезна моќност (вкупна)
- 180 W(Л: 90 W+Д: 90 W)
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- 0,5 W
- ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ / РЕЖИМ ЗА МАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА)
- Не е достапно
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 1,0 W (Wireless Sound Specification верзија 4.0, сите приклучоци и мрежи поврзани)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- Не е достапно
Што има во пакетот
- AC адаптер
- Гарантен лист

Функции
Уживајте во 360 Spatial Sound со вашиот звучник во вид на лента
Звучниците SA-RS5 може да се користат со нашите најнови компатибилни звучници во вид на лента, а со нивните звучници насочени нагоре и вуфери со високо ниво на насочување и 360 Spatial Sound Mapping создаваат повеќе фантомски звучници низ вашата просторија. Кога сте опкружени со повеќе фантомски звучници од сите страни во оптимизирано звучно поле, ќе ги слушате сите звуци со неверојатен интензитет. Исто како вие и вашата дневна соба да сте во филмот.
Слушнете го секој дел од акцијата
Нашите звучници ги користат најновите технологии за да испорачаат звук со оптимален квалитет и високо ниво на насочување за 360 Spatial Sound Mapping.
Што има во секој звучник
1 - Звучник насочен нагоре 2 - Високотонец со мека купола 3 - Вуфер со високо ниво на насочување 4 - Два пасивни радијатори
Прекрасен звук од звучници насочени нагоре
Звучниците насочени нагоре го рефлектираат звукот од таванот за да создадат прекрасен звук што се распространува над вас.
Јасен и простран звук
Задните звучници се составени од вуфер и високотонец за да создадат богато и пространо звучно поле што нуди извонредна острина. Двата пасивни радијатори ги засилуваат ниските тонови за да го засилат басот.
Вкупна излезна моќност од 180 W
Овие звучници со излезна моќност од 2 x 90 W се совршено дополнување за вашиот звучник во вид на лента, за пореални филмови и музика.
Монтирајте ги на ѕид
Ставете ги на маса или монтирајте ги на ѕид - таму каде што најдобро ќе се вклопат во собата.
Траење на батеријата до 10 часа и брзо полнење
Батеријата што трае до 10 часа кога е целосно наполнета ви овозможува да ги поставите овие звучници без да ги поврзете со AC-кабел. Може да ги полните на друго место, а потоа да ги вратите кога ќе ви требаат. А доколку се брзате, со полнење од 10 минути ќе добиете енергија за користење до 90 минути.
Флексибилен распоред - не е потребен штекер
Дизајнот што е флексибилен во однос на опкружувањето, отсуството на кабли и внатрешните батерии овозможуваат користење на овие звучници без кабли или со AC-напојување, по ваша желба.
Поврзете се безжично
Вклучете ги безжичните задни звучници и тие автоматски ќе се поврзат безжично со вашиот компатибилен звучник во вид на лента. Брзо е и едноставно, а не се потребни ниту кабли.
Едно копче го оптимизира звучното поле во вашата просторија
Активирајте ја оптимизацијата на звучното поле во секое време со притиснување на копчето OPTIMIZE на уредот. Овие звучници, во комбинација со компатибилен звучник во вид на лента, го мерат растојанието помеѓу звучниците и таванот користејќи по два микрофони во секој звучник, овозможувајќи паметно и лесно поставување.
Блок за повеќенасочен дизајн
Овие звучници се дизајнирани според концептот за повеќенасочен блок за да одговараат на нашите компатибилни звучници во вид на лента. Цилиндричната форма претставува цврст блок кој создава 360 Spatial Sound и е совршен за поставување до ѕид поради неговата рамна задна површина.