Објективот со моторизиран зум од 16-50 мм(еквивалент на формат за целосна слика од 35 мм: 24-75 мм) е совршен за секојдневно користење. Тежи 107 грама (3,8 oz.) и се вовлекува до 31,3 мм(1-1/4 инчи). Издржливоста е одлична, AF нуди сигурен фокус при зумирање, а стабилизацијата на слика го намалува заматувањето. Компензирање на промените во фокусната должина е можно со компатибилни куќишта.
Четирите асферични елементи и едниот елемент ED создаваат висока резолуција низ целиот опсег на зумот од 16-50 мм (еквивалент на формат за целосна слика од 35 мм: 24-75 мм). Разлевањето на боите е минимално, острината е голема, а рамномерното дефокусирање е достапно секогаш. Мин. фокус при 0,25 м (0,82 ft) (широк агол)/0,30 м (0,99 ft) (телефото) и макс. зголемување од 0,215x ќе ви овозможат да се доближите и да ги фокусирате деталите.
Опремен со напреден линеарен мотор и брза контрола, E PZ 16-50 мм F3,5-5,6 OSS II го олеснува фотографирањето на активните деца или животни. Врвните перформанси за следење овозможуваат континуирано фотографирање со голема брзина до 120 fps кај α9 III со високи перформанси, како и снимање видеоснимки со голема стапка на слики 4K 120p/FHD 240p. Фокусот е рамномерен, прецизен и многу тивок.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Моторизираниот зум е идеален за снимање видео, а AF е достапен при зумирање. Оптичката стабилизација, стабилизацијата на куќиштето и активниот режим го минимизираат заматувањето во видеоснимките. Промените во фокусната должина се контролираат за минимизирање на промените во аголот на гледање при фокусирање, за да добиете јасни снимени материјали. Има поддршка за компензација на промените во фокусната должина кај куќиштето, а метаподатоците овозможуваат компензирање при уредувањето.
Во вовлечена состојба, E PZ 16-50 мм F3,5-5,6 OSS II има вкупна должина од само 31,3 мм (1-1/4 инчи) кога напојувањето на фотоапаратот е исклучено. Иако има мала големина и мала тежина од само 107 грама (3,8 oz.), овој издржлив објектив може да се справи со предизвиците на секојдневното фотографирање.
Прстенот за зумирање и фокусирање нуди брзо и прецизно зумирање или фокусирање. Моторизираниот зум се контролира со рачката за зумирање која нуди рамномерно ракување со зумот со константна брзина. E PZ 16-50 мм F3,5-5,6 OSS II поддржува филтри на навртување од 40,5 мм.
Импресивни оптички перформанси за фотоапарати од Sony со прецизен дизајн за разновидност и сигурност со широка примена.
[1] Асферична леќа [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
MTF (функција за пренос на модулација) објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] При 16 мм [4] При 50 мм [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии/мм [7] 30 пара линии/мм [8] Макс. решетка [9] Решетка F8 [10] Радијални вредности [11] Тангентни вредности
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.
1. Прстен за зумирање/фокусирање 2. Рачка за зумирање
За одредени фотоапарати може да биде потребно ажурирање на софтверот заради максимална функционалност.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,25(Ш)-0,3(Т) м (0,82(Ш)-0,99(Т) ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 0,215
- Пречник на филтерот (мм)
- 40,5
- Тежина
- 107 гр. (3.8 oz.)