A-ПРИКЛУЧОК

α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм

SLT-A99V
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм

Со GPS

Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Слика од α99 фото апарат со A-приклучок и сензор за целосна слика од 35мм
Перформанси за целосна слика, создадени за професионалци

Никогаш не пропуштајте го моментот

Exmor® CMOS сензорот со 24,3MP за целосна слика ви овозможува да ги надминете границите на стандардните DSLR фото апарати. Снимајте исклучителни детали и бои, исто како професионалците.

Добијте ја целосната слика

Ексклузивен за Sony, Exmor® CMOS сензорот за целосна слика има поголема површина за примање светлина и потенок слој на жици. Тоа му овозможува да доловува повеќе светлина и детали.

Високи перформанси при слаба осветленост

Моќниот процесор за слика BIONZ врши намалување на шумот таму каде што е потребно, а максималната ISO вредност од 25600 обезбедува светли и јасни слики дури и при слаба осветленост.

Exmor APS HD CMOS сензор со 24,3MP
Exmor® HD CMOS сензор со 24,3 MP за целосна слика

Снимајте слики со неверојатни детали, дури и во услови на слаба осветленост.

BIONZ процесор на слика
BIONZ процесор на слика

Моќниот процесор за обработка значително го намалува шумот на сликите.

Фокусирајте ги објектите кои се движат

Уникатниот двоен систем за автоматско фокусирање нуди функција за заклучување на фокусот кој ги следи подвижните објекти и остро ги фокусира - независно дали фотографирате или снимате.

Фотографирајте со 10 слики во секунда
Фотографирајте со 10 слики во секунда

Снимајте спорт или животот во дивината со серија од 10 слики во секунда.

Автоматски фокус со 19 точки и високи перформанси
Автоматски фокус со 19 точки и високи перформанси

AF сензор со откривање на фаза и 19 точки (11 вкрстени точки) + AF сензор со откривање на фаза и 102 точки во фокусната површина.

Создаден да трае

Создаден за да се справи со лошите услови при фотографирањето, дизајнот со легура од магнезиум е лесен и цврст, а нуди и заштита на стандардните и вртливите копчиња од прав и влага.

Дизајн од цврста магнезиумска легура
Видео снимки со 24p до Full HD со 50p/60p
Full HD видео со професионален квалитет

Од снимање со 24p до снимање во Full HD со 50p/60p, уживајте во резултати со професионален изглед со помош на големиот сензор од 35мм за целосна слика кој внесува детали и длабочина во видео записите.

Вистинскиот објектив за снимањето

Макро, извонреден телефото зум, широк агол - ви нудиме објектив со A-приклучок за секоја прилика, вклучувајќи и палета на G објективи од Sony и објективи од ZEISS®.

Добијте реален приказ

XGA OLED Tru-Finder™ со голем контраст нуди прецизен приказ во реално време од снимките што сакате да ги снимите, па дури и од прегледувањето на ефектите и прилагодување на експозицијата.

Imaging Edge
Нов софтверски пакет Imaging Edge од Sony

Imaging Edge нуди максимален квалитет на слика и подобра ефикасност. „Далечински управувач“ за контрола на фотографирањето; „Уреди“ за претворање RAW-податоци во фотографии и „Прегледувач“ за приказ, оценување и избирање фотографии.

iMovie
Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Спецификации и функции

  • Exmor™ CMOS сензор со 24,3MP

  • Систем со заменливи објективи со A-приклучок

  • Технологија на провидно огледало за брзо фокусирање

  • XGA OLED Tru-Finder со голем контраст

  • Целосна рачна контрола за креативно фотографирање

Компатибилност со објективи
Сите објективи со A-приклучок на Sony и одредени објективи на Minolta/Konica Minolta
Тип на сензор
35мм за целосна слика (35,8×23,9мм), Exmor® CMOS сензор
Број на точки (ефективни)
Прибл. 24,3 милиони точки
ISO чувствителност
ISO100 - 25600 еквивалент
Тип на монитор
Xtra Fine TFT монитор од тип 3.0

Што има во пакетот

Капаче за куќиште, Батерија на полнење, Кабел за USB, Капаче за окулар, Полнач на батерии, Лента за на рамо, Kабел за напојување, Капаче за приклучок за галантерија

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Оценки и награди

Експертите велат