α7 II

Поголема стабилност за сè

Извонреден квалитет на слики и ненадмината слобода при снимањето со α7 II, првиот фотоапарат за целосна слика со стабилизација на слика со 5 оски во светот. Совршенство за целосна слика со огромна стабилност!

ФОТОАПАРАТИ БЕЗ ОГЛЕДАЛО СО СЕНЗОР ЗА ЦЕЛОСНА СЛИКА И E-ПРИКЛУЧОК

Фотоапарат Alpha 7 II со E-приклучок и сензор за целосна слика

ILCE-7M2 BODY / KIT
Слика од Фотоапарат Alpha 7 II со E-приклучок и сензор за целосна слика

Само куќиште|Куќиште + објектив за зумирање од 28-70мм

Достапен е нов софтвер.
Нова слобода при рачното користење

Сега можете целосно да ја изразите вашата визија со квалитет низ целата слика и најсовремена компензација за тресењето на фотоапаратот која е компатибилна со голема палета на објективи.

Стабилизација на слика со 5 оски

За прв пат во светот во фотоапарат за целосна слика

Зголемете го значително опсегот на вашето изразување со компензација за пет видови на тресење на фотоапаратот додека фотографирате и снимате.

Брз хибриден автоматски фокус со високи перформанси

Извонредно брз за AF систем во фотоапарат за целосна слика

Без разлика кога ќе се укажат краткотрајни моменти за фотографирање, секогаш може да му верувате на најсовремениот брз хибриден AF.

AF со откривање на фаза
AF со откривање на фаза

Предностите на AF со откривање на фаза ги добивате дури и кога е прикачен објектив со A-приклучок преку LA-EA3 (LA-EA1).

Формула за убавина

Сликите изгледаат прекрасно низ целата површина, благодарение на сензорот за слика Exmor® CMOS од 35мм за целосна слика и процесор BIONZ X™ за обработка на слика од Sony.

Неверојатна резолуција од 24,3 милиони точки
Предноста која ја нуди целосната слика од Sony

Неверојатна резолуција од 24,3 милиони точки, мал шум, извонредно широк динамички опсег и суптилни градации.

BIONZ X
Брзина и прецизност со BIONZ X

Обработката со голема брзина реалистично ги репродуцира текстурите и деталите во реално време, исто како што ги гледа човечкото око.

Нов 14-битен некомпресиран RAW-формат

Сега имате поголем избор на формати за да добиете ненадминат квалитет и опсег на тонови.

технологии
Снимање видеоснимки со кои може да се изразите себеси

Снимајте видеоснимки со неверојатен квалитет на слика и звук, со извонредно заматување на заднината и чувствителност која им дава живописност на темните сцени.

XAVC S формат со професионален квалитет

За неверојатно висок квалитет на сликата и минимален шум, снимајте видеоснимки во XAVC S формат со голема бит-стапка, кој овозможува снимање Full HD слики со брзина од 50Mbps (60p/50p, 30p/25p, 24p).

XAVC S формат со професионален квалитет
Квалитет во комбинација со врвна функционалност

α7 II се одликува со напредни функции кои им се потребни на професионалните режисери.

Профил на слики
Профил на слики

Зачувува различни прилагодени параметри и поставки во вид на профил.

Поставување на S-Log2 гама
Поставување на S-Log2 гама

Создава 1.300% поширок динамички опсег. Совршено за обработка по снимањето.

Временски код / кориснички податоци
Временски код / кориснички податоци

Функции за Record Run, Free Run и временски код врз сликата при репродукција преку HDMI.

HDMI излез за јасна слика
HDMI излез за јасна слика

Префрлувајте сигнали од Full HD видеоснимки во реално време на надворешен монитор.

Врвна изработка

Префинетост која им е потребна на професионалците

Контролите се подобрени за интуитивно ракување и директно прилагодување при гледање сцени преку визирот. Ова е потполно ново ниво на софистицираност и контрола.

Целосна поддршка за искористување на целосната слика
Целосна поддршка за искористување на целосната слика

Објективи за целосна слика со E-приклучок и A-приклучок

Sony ги проширува вашите хоризонти со зголемена палета на објективи за целосна слика со A-приклучок и E-приклучок кои нудат неспоредливи перформанси.

Нови можности на располагање
Едноставен и безжичен пренос на слики
Едноставен и безжичен пренос на слики

Поврзете го фотоапаратот со паметен телефон или таблет-уред со еден допир!

Поврзете го фотоапаратот со паметен телефон или таблет-уред со еден допир!
Извонредна услуга за преземање

Понапредно изразување со фотографии според вашите креативни потреби.

*Забелешка: Достапноста на услугите зависи од регионот.

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™
Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Илустрација
Imaging Edge™ Webcam

Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.

Спецификации и функции

α7 II е првиот фотоапарат за целосна слика со стабилизација на слика со 5 оски на светот и нуди компензација за тресењето на фотоапаратот за широк опсег на објективи со можност за монтирање. Компактен и подобрен за интуитивно ракување, тој нуди напреден и брз хибриден автоматски фокус кој овозможува неверојатно брзо фокусирање, извонреден широк опсег и исклучително ефикасно следење на динамичните објекти.
  • Првиот фотоапарат за целосна слика со стабилизација на слика со 5 оски на светот

  • Брз и ефективен, подобрен брз хибриден AF

  • Exmor® CMOS сензор за целосна слика од 35мм со 24,3 милиони точки

  • BIONZ X™ процесор за обработка на слика

  • Снимање Full HD видеоснимки во XAVC S формат со висока бит-стапка од 50Mbps

Компатибилност со објективи
Објективи со E приклучок од Sony
Тип на сензор
35 мм
Тип на сензор
Exmor® CMOS сензор од 35 мм за целосна слика (35,8 x 23,9 мм)
Број на точки (ефективни)
24,3MP
ISO чувствителност
ISO 50–25600
Траење на батеријата (фотографии)
До 350 снимки
Вид на визир
Електронски визир (во боја) од 0,5"
Тип на монитор
TFT LCD екран од 3,0"

Што има во пакетот

Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FW50, AC адаптер, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Микро USB кабел

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Експертите велат