α3000 фото апарат со E-приклучок и APS-C сензор
ILCE-3000K
Куќиште + објектив за зумирање од 18-55мм
α3000 фото апарат со E-приклучок и APS-C сензор
Добро чувство. Добро фотографирање.
Цврстиот и сигурен α3000 добро лежи в рака и ја истакнува убавината во секоја сцена со големиот Exmor® APS-C CMOS сензор со 20,1MP и ISO чувствителност од 16000.
Подобри фотографии при слаба осветленост
Широкиот опсег на ISO овозможува мал шум при слаба осветленост.
Богатство од детали
Високата резолуција овозможува остри и детални слики.
Снимете повеќе
Големиот сензор нуди висока чувствителност дури и при недоволна осветленост.
Две копчиња за прекрасни фотографии и видео снимки
Exmor® APS-C CMOS сензор со 20,1 ефективни милиони точки и извонредно брз BIONZ™ процесор за обработка на слики. Заедно овозможуваат доловување на најситните детали од секоја сцена.
Exmor™ CMOS сензор
Exmor® CMOS сензорот со 20,1MP има задно осветлување за јасни и осветлени слики.
BIONZ процесор
α3000 го поседува истиот процесор за обработка како и врвниот модел α99.
ISO чувствителност со голем опсег од 100 до 16000
Дури и при недоволна осветленост, со широкиот опсег на ISO од 100-16000 можете да снимате прекрасни фотографии со природна градација на тонови и мал шум.
Одличното управување го олеснува снимањето
Со својот ергономски дизајн, α3000 е лесен за ракување.
Приклучок за повеќе интерфејси
Искористете ја широката палета на галантерија со приклучокот за повеќе интерфејси.
Tru-Finder визир
Гледајте ја секоја сцена јасно со вградениот визир.
Практично копче за режим
Копчето за режим ви овозможува брзо да ги промените режимите на снимање.
Безбедно и сигурно држење
Дизајниран за безбедно држење на фото апаратот и сигурно снимање.
Вграден блиц за дополнителна светлина
Осветлете ја сцената со практичниот вграден блиц.
Imaging Edge Mobile
Направете ги вашите фотографии и видеоснимки пореалистични со апликациите Imaging Edge Mobile.
Широката палета на галантерија ги задоволува сите потреби
Професионалните опции отвораат нови можности.
Зголемете го задоволството при фотографирањето уште повеќе и надополнете ги вашите фотографии со професионален изглед со помош на галантеријата која е специјално создадена за овој модел.
Capture One Express (за Sony)
Еден од најдобрите конвертори за RAW во светот од Phase One
Capture One Express (за Sony) е еден од најдобрите конвертори за RAW кој создава прецизни бои и неверојатни детали. Тој претставува прилагодливо и интегрирано решение со флексибилно управување на дигитални податоци, со сите неопходни алатки за прилагодување и со брзи перформанси.
- Компатибилност со објективи
- Објективи со E приклучок од Sony
- Тип на сензор
- APS-C
- Тип на сензор
- Exmor® CMOS сензор од APS-C тип (23,2 x 15,4мм)
- Број на точки (ефективни)
- 20,1MP
- ISO чувствителност (препорачан индекс на експозиција)
- ISO 100–16000
- Траење на батеријата (фотографии)
- До 470 снимки
- Вид на визир
- Електронски визир (во боја) од 0,2"
- Тип на монитор
- Широк TFT LCD екран од 3,0"
Што има во пакетот
Сенило, Капаче за објектив, Батерија на полнење NP-FW50, AC адаптер AC-UB10, Лента за на рамо, Микро USB кабел, SEL1855