Префрлувајте слики и видео снимки за секунда во вашиот паметен телефон или таблет уред со Android, со еден допир на α77 II - благодарение на вградениот Wi-Fi® и NFC. Потоа споделувајте на едноставен начин.
Фото апарат α77 II со A-приклучок и APS-C сензор
Само куќиште|Куќиште + објектив за зумирање од 16-50мм
Фото апарат α77 II со A-приклучок и APS-C сензор
Доловете ги неверојатните случувања со подобрениот α77 II. Благодарение на 79-те AF точки, континуираното фотографирање со 12fps и Exmor® CMOS сензорот со 24,3MP, секој момент станува вечен.
Надграден со чипови без простор меѓу леќите (OCL), сензорот нуди Full HD видео снимки и 4K фотографии со мал шум.
Ефикасното анализирање на огромното количество податоци од сензорот овозможува брзо фотографирање на прекрасни слики со мал шум.
Спектакуларно доловување на брзината на животот
Напредниот AF систем кај α77 II го содржи најголемиот број на точки за откривање на фаза во светот (79, со 15 вкрстени точки) и нуди сигурно следење дури и при континуирано фотографирање со 12fps.
4D ФОКУС овозможува врвни перформанси за автоматско фокусирање во четири димензии: автоматско фокусирање со широка покриеност (2D висина и ширина), автоматско фокусирање со голема брзина (3D длабочина) и подобрено следење со предвидување (4D време).
Уживајте во рекордни 79 AF точки со откривање на фаза
Технологијата на провидно огледало овозможува прецизен AF со откривање на фаза при прегледување во живо и во режим на снимање. Добијте сигурно автоматско фокусирање со 79-те AF точки - од кои 15 се од вкрстен вид.
Доловете ги кратките волшебни моменти со неверојатна јасност, дури и при следење на динамични објекти. Уживајте во целосна резолуција од 24,3MP, со брзина до 60 слики по серија.
Балансирајќи брзина и стабилност, напредниот алгоритам од Sony врши анализа во реално време за да го задржи фокусот врз вашиот објект - без да се оптоварува со околните предмети.
Добијте слика со врвен квалитет. Дизајнот без простор помеѓу чипот и леќите го оптимизира собирањето на светлината за да овозможи голем опсег на чувствителност од ISO 100 (можност за намалување до ISO 50) до ISO 25600.
Овој ексклузивен процесор верно ги репродуцира текстурите и деталите благодарение на можностите за обработка со извонредно голема брзина. Добијте минимално нагласување на рабови, намален шум и поголема јасност.
Вградената стабилизација на слика функционира со секој компатибилен објектив низ целиот фокусен опсег. Овој модел ја стабилизира и сликата во визирот кога копчето за блендата е притиснато до половина заради фокусирање.
Светлиот XGA OLED Tru-Finder прикажува како точно ќе изгледа вашата конечна слика, земајќи ја предвид експозицијата. Во професионалните функции спаѓа покриеност на сликата од 100% и широк агол на гледање од 33˚.
Потполна заштита од прав и влага за надворешно фотографирање
α77 II е одлично заштитен од вода и нечистотии, со изолација околу главните копчиња и вртливите копчиња, двослојна заштита на отворите и добро прилепени компоненти.
Full HD видео снимки со 60p/24p
Снимајте живописни видео снимки благодарение на моќното и континуирано откривање на фаза. Уживајте во прецизно и континуирано следење и фокусирање на објектите што се движат брзо - без доцнење.
Проширете ги хоризонтите за фотографирање со зголемената палета на извонредни објективи. α77 II ќе ви овозможи да уживате во препознатливите перформанси на оптиката од професионална класа од Sony и Zeiss®.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето преку компјутер; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Спецификации и функции
- Монтажа на објектив
- A приклучок од Sony
- Тип на сензор
- APS-C тип (23,5 x 15,6мм), Exmor® CMOS сензор со филтри за примарни бои
- Тип на сензор
- Exmor® CMOS сензор од APS-C тип (23,5 x 15,6мм)
- Број на точки (ефективни)
- 24,3MP
- ISO чувствителност
- Видео: ISO100 - 12800 еквивалент (чекори од 1/3 EV), АВТОМАТСКИ (ISO 100-12800 еквивалент, можност за избор на долната и горната граница), Фотографија: ISO 100 - 25600 (чекори од 1/3 EV), (ISO броевите поголеми од ISO50 можат да се постават како проширен ISO опсег.), АВТОМАТСКИ (ISO 100-25600, можност за избор на долната и горната граница)
- Вид на визир
- Електронски визир од тип 0,5"
- Тип на монитор
- TFT екран од 7,5см (тип 3.0)
Што има во пакетот
Кабел за напојување, Батерија на полнење NP-FM500H, Полнач на батерии BC-VM10A, Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Капаче за приклучок за галантерија, Капаче за окулар, Микро USB кабел