КОМПАКТЕН СТАТИВ НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ

Сите спецификации и функции

VCT-P300

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Макс. висина 1587 мм, Должина во преклопена положба 294 мм
Тежина
1,4 кг

Општи спецификации

Материјал
Алуминиум, магнезиум
Функција за вртење на главата
Функција за вртење на главата во 3 насоки
Максимално оптоварување
2,5 кг
Агол на закосување (надолу)
90 степени
Агол на закосување (нагоре)
50 степени
Температура на чување
-20℃ до +60℃
Агол на вртење на камерата
360 степени

Други

Работна температура
+0℃ до +40℃

Функции

Слика од Компактен статив на преклопување

Дизајн на преклопување за лесно носење/складирање

Ногарките можат да се преклопат за 180 степени наназад за да може да се смести главата меѓу нив, со што се минимизира вкупната должина за да добиете извонредна преносливост.

Слика од Компактен статив на преклопување

Компактна големина

Може лесно да се складира во торба за фотоапарат или во нејзиниот страничен џеб.

Слика од Компактен статив на преклопување

Цврстина

Поддржува тежина до 2,5 кг. Изработен од лесна, но цврста магнезиумска легура.

Слика од Компактен статив на преклопување

Вртење на главата во 3 насоки и либели

Либелите на главата која се врти во 3 насоки овозможуваат проверка на закосувањето нагоре-надолу и лево-десно при обликување на хоризонтални и вертикални кадри.

Слика од Компактен статив на преклопување

Главата се закосува за снимање портрети/пејзажи

Главата може да се закоси до 90 степени во лева или десна насока - одлично за вертикални кадри.

Слика од Компактен статив на преклопување

Рачка за вртење и закосување

Само завртете ја рачката за да ја ослободите или блокирате главата во секоја насока, за брзо обликување на кадарот.

Слика од Компактен статив на преклопување

Главата на стативот е отстранлива

Главата може да се отстрани од стативот. Можете да изберете и да ја усогласите главата со стативот во зависност од фотоапаратот што го користите или од потребите за фотографирање.

Слика од Компактен статив на преклопување

Приклучок за брзо прикачување

Прикачете го фотоапаратот брзо и сигурно, благодарение на плочата за брзо прикачување.

Слика од Компактен статив на преклопување

Централниот столб се издолжува

Со вртење на копчето на централниот столб ќе го деблокирате столбот и ќе можете брзо да го издолжите. Макс. висина на централниот столб: прибл. 159 мм

Слика од Компактен статив на преклопување

Копчиња на вртење за брзо блокирање

Со притиснување и вртење на копчињата на ногарките, сите делови на ногарките се деблокираат или блокираат истовремено за да овозможат брзо поставување.

Слика од Компактен статив на преклопување

Агол на отворање на ногарките

Положбите на отворање на 3-те ногарки под агол од 24°/45°/75° овозможуваат брзо прилагодување на аголот.

Слика од Компактен статив на преклопување

Максимална висина

Целосно издолжен статив со целосно подигнат централен столб има висина од 1587 мм. Минималната висина изнесува 384 мм.

Слика од Компактен статив на преклопување

Отворање (поставување на стативот)

За да го поставите, подигнете го и завртете го прекинувачот за избор на режимот за поставување/складирање, порамнете ја белата точка со линијата, а потоа отпуштете го.

Слика од Компактен статив на преклопување

Намалување на димензиите (за складирање)

За да го складирате, подигнете го и завртете го прекинувачот со цел белата точка да не биде порамнета со линијата, преклопете ги ногарките за 180 степени наназад, а потоа подгответе го за складирање.