XLR-адаптер за фотоапаратите α™ со 96 kHz / 32-битен Float-формат

Поврзете XLR-микрофони со фотоапарат α и снимајте висококвалитетен звук во рамките на екосистемот на Sony, со функцијата за снимање 96 kHz / 32-битен Float-формат кој опфаќа сè, почнувајќи од шепот, па сè до ненадејни гласни звуци, а притоа ја намалува потребата за приспособување на засилувањето и максимално ја зголемува флексибилноста за обработка по снимањето.
* Микрофонот не е вклучен со XLR-адаптерот.

Дознајте за XLR-адаптерот

* High-Resolution Audio-квалитет може да добиете ако користите фотоапарат кој поддржува семплирање на звук со 96 kHz.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Слика со компјутерска графика, на која се прави споредба помеѓу семплирање звук со 96 kHz и со 48 kHz.
Семплирање со 96 kHz за детален звук

Амбиенталните текстури и суптилните детали во вокалите се снимаат со стапката на семплирање од 96 kHz, за детално снимање кое ги максимизира перформансите на професионалните микрофони. Со микрофоните компатибилни со Hi-Res Audio може да снимате и фреквенции над 20 kHz, за поголема флексибилност во обработката по снимањето и за внесување длабочина и реалистичност во вашите дела.
[1] 48 kHz  [2] 96 kHz

Слика на која е прикажана жена која прави репортажа кон фотоапаратот α7 V, на кој се прикачени XLR-адаптерот XLR-A4 и микрофонот со насочување ECM-778, со тркачки автомобил кој поминува зад неа.
32-битен Float за флексибилна обработка по снимањето

Снимањето во 32-битен Float-формат со компатибилни фотоапарати нуди широк динамички опсег и значително го намалува ризикот од отсекување при приспособување на нивоата за време на уредувањето. Тоа овозможува пофлексибилни работни процеси за обработка по снимањето и ја намалува потребата за прецизно приспособување на засилувањето за време на снимањето.
[1] Снимање на гласот на говорникот [2] Снимање ненадеен гласен звук

Слика со компјутерска графика, на која е прикажана структурата на двата аналогно-дигитални конвертори.
Два ADC за широк динамички опсег

За максимизирање на перформансите на висококвалитетните микрофони, вградени се два аналогно-дигитални конвертори (ADC) кои функционираат при избирање различни нивоа на засилување, за верна репродукција на широк динамички опсег, почнувајќи од екстремно тивки, па сè до гласни влезни звуци.
Со XLR-адаптерот со два ADC, снимениот звук се претвора во дигитални податоци во 32-битен Float-формат, кој го зачувува целиот динамички опсег и овозможува поголема флексибилност во обработката по снимањето, без потреба од прецизни приспособувања на засилувањето при снимањето.

Слика од производот, со приказ одблиску на панелот со преклопник за избор на влезен сигнал на XLR-адаптерот XLR-A4.
4-канален влез за звук

Поддршката за 4-канален влез за звук овозможува истовремено снимање со повеќе микрофони на независни звуци, за флексибилно уредување. Безбедносните канали со различни поставки за засилување и флексибилното доделување на влезовите со CH1–CH4 нудат поголема сигурност и креативна контрола.

Приклучување XLR-A4 XLR-адаптер и микрофон со насочување ECM-778 во приклучокот за повеќе интерфејси на α7 V.
Практичноста на екосистемот на Sony

Треба само да го приклучите XLR-адаптерот во приклучокот за повеќе интерфејси (MI)™ на некој од компатибилните фотоапарати, за да овозможите аудиоврски и напојување без кабли и батерии. Поддршката за Hi-Res Audio-микрофони и снимањето во форматот Float со 32 бита / 96 kHz ви овозможуваат да добиете висококвалитетен звук, кој е погоден за уредување, со функцијата за независно снимање во форматот Float WAV со 32 бита.

Слика од производот, со приказ одблиску на екранот со одлична видливост на XLR-адаптерот XLR-A4.
Интуитивно ракување

Прегледниот распоред го подобрува ракувањето, со лампи за преголемо оптоварување (OL) на секој влез, за моментално следење на нивоата. Прекинувачите LOW CUT и ATT (стишување звук) и рачните вртливи копчиња за засилување се групирани на една страна, за да овозможат флексибилно и интуитивно поставување на секој излезен канал.

Слика од продолжителниот кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси VMC-SA1.
Продолжителен кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси (испорачан)

Испорачаниот продолжителен кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси нуди флексибилни опции за монтирање. Дури и ако го користите со механизам за стабилизација, тој овозможува адаптивна инсталација за да добиете оптимален распоред за различни опкружувања за фотографирање.

Слика од производот, која го насочува вниманието кон испорачаниот додаток за прицврстување на продолжителниот кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси.
Голема издржливост за професионална употреба

Нископрофилниот и зацврстениот дизајн нуди голема издржливост за теренско користење, а нискиот центар на гравитација го намалува оптоварувањето врз приклучокот за повеќе интерфејси (MI). Ако го користите со испорачаниот додаток за прицврстување на продолжителниот кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси, тогаш монтирањето ќе биде стабилно и сигурно дури и при долго ракување.

Слика од производот, со приказ на мини држачот и приказ одблиску на USB Type-C®-приклучокот.
Поддршка за USB-излез за звук

Вградениот USB Type-C®-приклучок нуди директно поврзување со компјутер, за да го користите без фотоапарат при снимање во музичко студио и емитување аудиопоткасти. Испорачаниот мини држач нуди стабилност и флексибилност.

Слика од производот на која се прикажани испорачаните додатоци кои се распоредени заедно.
Испорачана галантерија

XLR-адаптерот се испорачува со неколку практични додатоци, вклучувајќи [1] Футрола, [2] Мини држач, [3] Додаток за прицврстување на продолжителниот кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси, заедно со самиот [4] Продолжителен кабел за звук со приклучок за повеќе интерфејси, и две [5] Капачиња за заштита на приклучоците.

Лого за „Road to Zero“
Еколошка свест

Целта на проектот за животна средина „Road to Zero“ на Sony е елиминирање на штетното влијание врз животната средина до 2050 година. За изработка на XLR-адаптерот се користени рециклирани материјали, кои сочинуваат повеќе од 22% од вкупната пластика на главниот уред, вклучувајќи го и нашиот издржлив материјал SORPLAS™. Исто така, преминуваме на користење материјали за пакување без пластика.

Спецификации и функции

Поврзете XLR-микрофони со фотоапарат α и снимајте висококвалитетен звук во рамките на екосистемот на Sony, со функцијата за снимање во форматот Float со 96 kHz / 32 бита кој опфаќа сè, почнувајќи од шепот, па сè до ненадејни гласни звуци, а притоа ја намалува потребата за приспособување на засилувањето и максимално ја зголемува флексибилноста за обработка по снимањето.
  • Излезен аудиосигнал од каналот за микрофон: [Приклучок за повеќе интерфејси] аналоген со 2 кан. / дигитален со 4 кан., [USB] дигитален со 2 кан.

  • Влезни приклучоци за микрофон: 2 x 3-пински XLR/TRS женски приклучок (компатибилен со фантомско напојување од 48 V), 1 x мини стерео приклучок (компатибилност за напојување преку приклучокот)

  • USB Type-C®-приклучок

  • Димензии (Ш x В x Д): 113,2 мм x 99,8 мм x 80,0 мм (4 1/2 инчи x 4 инчи x 3 1/4 инчи)

  • Тежина: 198 г (7,0 oz)

Дознајте повеќе за функциите за заштеда на енергија и нашата посветеност кон животната средина за поодржлива иднина Посетете го нашиот еко веб-сајт