Безжични слушалки за во уво WI-C200
Функции
Безжично користење преку BLUETOOTH®
Кажете им збогум на заплетканите кабли и извлечените приклучоци. Безжичната технологија BLUETOOTH® ви овозможува да го поврзете вашиот уред безжично и да уживате во беспрекорно слушање без прекини.
Траење на батеријата до 15 часа
Тие овозможуваат репродукција до 15 часа кога се максимално наполнети за да можете да ги слушате омилените листи за репродукција и podcast-содржини во текот на целиот ден.
Надополнувајте енергија со брзо полнење
Кога батеријата ќе се испразни, со полнење од само 10 минути ќе добиете репродукција до 60 минути. Тоа значи дека дури и кога се брзате, за многу кратко време ќе продолжите да слушате музика. А ако не се брзате, батеријата се полни целосно за три часа.
Преносливи и флексибилни за поудобно слушање
Безжичните слушалки за во уво WI-C200 се меки, флексибилни и лесни за да ви овозможат удобно слушање во секое време и на секое место.
Стил што ќе ви одговара
Слушалките за во уво WI-C200 се достапни во црна или бела боја со мат завршна обработка и заоблен кабел и имаат чист и модерен дизајн што лесно ќе се усогласи со вашиот стил.
Магнетни ушни влошки за лесно носење
Ушните влошки имаат вграден магнет што спречува заплеткување при носење и складирање.
Слободно движење со дизајнот за поставување околу врат
Дизајнот за поставување околу врат е удобен, лесен и не дозволува да ви пречат слушалките за да можете да слушате во потполна слобода.
Повици со еден допир без користење на рацете
Сакате да се јавите на некој пријател преку поврзаниот паметен телефон? Допрете го повеќефункционалното копче и ќе можете да почнете да разговарате. Сакате да го завршите разговорот? За да го прекинете повикот треба повторно да го притиснете копчето.
Звучник од 9 мм за остар и моќен звук
Без разлика дали слушате поп хитови, класични концерти или џез, звучниците од 9 мм создаваат динамички звук со длабок бас, остри високи тонови и неверојатна острина.
Гласовен помошник на ваша услуга
Дознајте ја временската прогноза, најновите вести и многу повеќе користејќи го само вашиот глас. Допрете го двапати повеќефункционалното копче и веднаш ќе пристапите до Siri или Google Assistant.
Спецификации
- Звучник
- 9мм
- Фреквентен одзив(комуникација преку Bluetooth®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz)
- NFC
- Не