Безжични спортски слушалки за во уво AS600BT
Продолжете да слушате независно од временските услови со Bluetooth® слушалките за во уво MDR-AS600BT. Атлетичкиот дизајн ги прицврстува слушалките за да можете да вежбате посилно и подолго, а вградениот микрофон ви овозможува да одговарате на повици во движење. Исто така, можете да се поврзете безжично со одредени паметни телефони преку технологијата NFC со еден допир.
Трчајте при слаб дожд со дизајнот кој е отпорен на прскање со рејтинг IPX4
Слушајте безжично на вашиот паметен телефон со поврзување преку Bluetooth® и NFC со еден допир.
Уживајте во поголемото време за слушање, благодарение на продолженото траење на батеријата од 8,5 часа.
Ергономски изработените прицврстувачи во вид на лак и ушните влошки придонесуваат слушалките да не се поместуваат, без разлика колку напорно вежбате.
Лесниот дизајн од 21 гр. нуди целосна удобност.
Со продолженото траење на батеријата до 8,5 часа, може да бидете сигурни дека MDR-AS600BT лесно ќе го издржи дури и најдолгиот тренинг.
Задлабочете се во динамичниот звук секогаш кога вежбате. Вградените неодимиумски звучници нудат исклучителна јасност, за навистина да уживате во листата за репродукција
Со две удобни и безбедни опции за носење, ушните влошки нема да се поместат, без разлика колку напорно вежбате.
Изберете од палетата на стилски бои кои најмногу одговараат на вашиот стил.
Безжично поврзување со вашиот музички плеер или паметен телефон. Со Bluetooth® можете да уживате во безжично слушање додека трчате.
Спецификации и функции
- Звучник
- 9 мм
- Фреквентен одзив
- 20 Hz-20.000 Hz