Општи карактеристики

Звучник
9 мм
Магнет 
Неодимиум
Фреквентен одзив
20 Hz-20.000 Hz
Контрола на јачина на звук
Да
Време на полнење
Прибл. 2,5 часа

Во пакетот

Галантерија
4 големини на ушни влошки. 3 големини на прицврстувачи во вид на лак.

Микрофон

Тело на микрофонот
ECM
Насока на микрофонот на кабелот
Повеќенасочен микрофон

Опции на бои

orangebluewhiteblack

Функции

Слика од Безжични спортски слушалки за во уво AS600BT

Безжично проследување преку Bluetooth®

Безжично проследување на вашите омилени песни преку Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овие слушалки кои поддржуваат Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Вграден микрофон за повици без користење на раце

Нема потреба да го прекинувате вежбањето за да го примите важниот телефонски повик. Со вградениот микрофон и поврзувањето преку Bluetooth® може да воспоставувате и да одговарате на повици безжично од вашиот паметен телефон.

Слика од Безжични спортски слушалки за во уво AS600BT

Слушајте подолго со репродукцијата од 8,5 часа

Не запирајте да слушате песни преку целиот ден. Вградената литиум-јонска батерија нуди приближно 8,5 часа работа (во зависност од поставките за музика) и може да се полни преку USB.

Слика од Безжични спортски слушалки за во уво AS600BT

Дизајн кој е отпорен на прскање за да слушате во секакви временски услови

Со дизајнот кој е отпорен на прскање IPX4, овие слушалки можете да ги носите додека трчате кога роси или додека седите покрај базенот. Тие се отпорни и на пот, така што ќе можете да вежбате без намалување на удобноста.

Лента за на глава со опкружувачки дизајн за слободно движење

Уживајте во слободата на движењето со сигурната опкружувачка лента за на глава. Дизајнирани за удобна поставеност на вашата глава, овие лесни слушалки остануваат на место, така што ќе можете да трчате, скокате и напорно да тренирате. Испорачаните прицврстувачи во вид на лак нудат дополнителна сигурност, така што не треба да се грижите дека ќе ги изгубите ушните влошки додека џогирате. 

Слика од Безжични спортски слушалки за во уво AS600BT

Достапни во голем избор на бои

Достапни во повеќе различни бои кои ќе одговараат на вашиот стил. Изберете помеѓу класична црна боја, светла бела боја или оставете поголем впечаток со портокалова или сина боја.