Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- 178 x 50 x 176 мм
- Тежина
- 1,2кг
Општи карактеристики
- USB
- Да (предна страна)
- AUX
- Да (предна страна)
- EQ
- Да (EQ10)
- Филтер за високи фреквенции
- Да (80 / 100 / 120)
- Излез за предзасил. со висок напон
- Не
- Нископропусен филтер
- Да (80 / 100 / 120)
- Директно поврзување со сабвуфер
- Да (лесно)
- Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)
- Не
- ClearAudio+
- Не
- EXTRA BASS
- Да (1,2)
- DSO (Динамичен организатор на звучното поле)
- Не
- Излезна моќност
- 4 x 55 W
- Излез за предзасилувач
- x 3
- Заден / Сабвуфер
- Не
- Подобрување на заден бас
- Не
- Излез за сабвуфер
- Да
- Однапред поставено подред. на време
- Не
Функции на приемникот
- Меморирана станица
- DAB18 / FM12 / MW и LW6
- RDS / EON
- Да
Дизајн на панел
- Боја на екран (промена на боја / негатив или позитив)
- Црна боја / негатив
- Уред за прикажување (LCD / FL / OEL / TFT)
- LCD (со акрил)
- Осветлување на копчињата
- Променливо (2 зони)
Контрола на музика од iPhone/iPod преку USB
- Пребарув. листи
- Не
- Контрола-совозач
- Не
- Пауза
- Да
- Повторување
- ИСКЛУЧЕНО / ЕДНО / СИТЕ
- Продолжување
- Да
- Мешано
- ИСКЛУЧЕНО / ПЕСНА / АЛБУМИ
Bluetooth®-функции
- Надворешен микрофон
- Испорачан
- Вграден микрофон
- Не
- Засил. на микрофон
- Да (ниско / средно / високо)
- Верзија
- Bluetooth® верзија 3.0
Bluetooth®-функ. за звук
- Аудио кодек
- SBC, AAC
- Прилагодување на нивото на звукот
- Да (-6dB - +6dB)
- Подред./Преглед.
- Да
- Пауза (Bluetooth® звук)
- Да
- Песна +/-
- Да
Функции за контрола на USB-уреди
- Режим на прескокнување
- Да
- Комп. формат на датотеки(кодек)
- MP3, WMA, FLAC, AAC
- Пребарув. листи
- Да
- Пауза
- Да
- Повторување
- СИТЕ / ПЕСНА / АЛБУМ
- Продолжување
- Да
- Мешано
- ИСКЛУЧЕНО / АЛБУМ / УРЕД
Далечински управувач:
- Испорачан далечин. управувач
- Не
USB-профил
- USB уред за масовно складирање
- Да
- Протокол за пренос за USB медиуми
- Да
- Протокол Android Open Accessory преку USB
- Да (2.0)
Што има во пакетот
- Приклучок ISO
- Украсен прстен (ремен): Црна боја
- Надворешен микрофон
- Гарантен лист
- Упатство за употреба

Функции
Допрете за да се поврзете безжично
NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со Bluetooth®, треба само да го допрете до копчето за јачина на звук на приемникот. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.
Поврзете два паметни телефони преку двојниот BLUETOOTH®
Впарете го првиот телефон преку Bluetooth® за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици.
Слушајте DAB+ радио
Слушајте DAB+ радио и добијте уште поголем избор и подобар квалитет на звукот. Приемникот ги прима и вашите омилени DAB-станици.
Понесете ја Siri со вас кога патувате
Поврзете го вашиот уред со iOS за да ја контролирате неговата музика, навигација, пораки и многу повеќе со помош на Siri Eyes Free.
Гласовна контрола за Android
Користете гласовна контрола за да добиете насоки, да праќате пораки и да репродуцирате песни од вашиот паметен телефон со Android.
Контрола со говор
Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.
Засилувач со голема моќ за богат и јасен звук
Вградениот засилувач со четири канали нуди моќ од 4x55 W за гласен и природен звук.
EXTRA BASS™ го засилува ритамот
Нагласете ја динамиката во вашата музика со подобрени ниски фреквенции од EXTRA BASS.
10-појасен дигитален еквалајзер што го прилагодува звукот
Со 10-те прилагодливи лизгачи за EQ може детално да го прилагодувате звукот по ваша желба. Новиот режим за караоке ги стишува вокалите во песните кога навистина сакате да пеете.
Проширете го вашиот систем за звук
Со трите излези за предзасилувач може да додавате компоненти по сопствен избор, како што се дополнителни засилувачи и сабвуфери.
Изберете ги вашите бои
Избор од 35.000 бои за усогласување на двозонското осветлување со ентериерот на вашиот автомобил. Кога ќе започне музиката, светилките на LED екранот ќе почнат да трепкаат според песната.
Репродуцирајте FLAC датотеки
Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.
AOA 2.0 ви овозможува да репродуцирате музика преку апликации од паметниот телефон
Уживајте во преземена или проследена музика од вашиот паметен телефон со поддршката за Android Open Accessory 2.0. За да ги користите омилените апликации за музика треба само да го приклучите уредот во USB-приклучокот.
Лесно читање од LCD екранот со голем контраст
Со пет пати поголем контраст од стандардните екрани и оптимизиран агол на гледање, читањето од екранот е секогаш лесно.
USB влезот ви овозможува да репродуцирате музика од вашиот iPhone или iPod
Репродуцирајте музика од вашиот уред со iOS на едноставен начин. Приклучете го уредот со USB-кабел и контролирајте ги основните функции за репродукција и гледајте информации за песните на екранот.