Приемник со CD, DAB-радио, двојно поврзување преку BLUETOOTH® и двозонско осветлување
MEX-N7300BD нуди подобра комуникација и осветлување при секое патување. Двојниот Bluetooth® ви овозможува да поврзете втор паметен телефон безжично за да воспоставувате и одговарате на повици преку двата телефони без користење на рацете. А со двозонското осветлување ќе можете да ги усогласите светилките на приемникот со боите на автомобилот.
Слушајте DAB+ радио и добијте уште поголем избор и подобар квалитет на звукот. Приемникот ги прима и вашите омилени DAB-станици.
NFC овозможува моментално поврзување на вашиот телефон со Bluetooth®, треба само да го допрете до копчето за јачина на звук на приемникот. Немате NFC? Нема проблем. Ќе можете рачно да се поврзете преку Bluetooth® во менито со поставки на вашиот уред.
Користете гласовни команди за да добиете насоки, да репродуцирате музика и да комуницирате со контактите кога е поврзан вашиот паметен телефон.
Впарете го првиот телефон преку Bluetooth® за да добиете целосен пристап до навигацијата, репродукцијата на музика и функциите за комуникација. Вториот телефон може да се поврзе истовремено за да започнувате или примате повици.
Уживајте во практичните функции на паметниот телефон без да ги тргнете очите од патот. Гласовната контрола ви овозможува да ја контролирате музиката, да добивате насоки во реално време и да комуницирате со контактите - сето тоа со едноставни гласовни команди.
Без разлика каде одите, уживајте во јасен и природен звук што се одликува со можно засилување и прилагодливи поставки за звук.
Избор од 35.000 бои за усогласување на двозонското осветлување со ентериерот на вашиот автомобил. Кога ќе започне музиката, светилките на LED екранот ќе почнат да трепкаат според песната.
Компатибилноста со FLAC ви овозможува репродукција на аудио датотеки без загуби за да уживате во сите детали на музиката.
Уживајте во преземена или проследена музика од вашиот паметен телефон со поддршката за Android Open Accessory 2.0. За да ги користите омилените апликации за музика треба само да го приклучите уредот во USB-приклучокот.
Репродуцирајте музика од вашиот уред со iOS на едноставен начин. Приклучете го уредот со USB-кабел и контролирајте ги основните функции за репродукција и гледајте информации за песните на екранот.
Спецификации и функции
- EXTRA BASS
- Да (1,2)
- DSO (Динамичен организатор на звучното поле)
- Не
- Излезна моќност
- 4 x 55 W
- Излез за предзасилувач
- x 3
- Излез за сабвуфер
- Да
- AUX
- Да (предна страна)
- USB
- Да (предна страна)
- Протокол за пренос за USB медиуми
- Да
- Протокол Android Open Accessory преку USB
- Да (2.0)
Што има во пакетот
Приклучок ISO, Украсен прстен (ремен): Црна боја, Надворешен микрофон, Гарантен лист, Упатство за употреба