Негативен простор
Ви прикажуваме што се крие зад врвниот звук. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.
Збогатете ги ритамите кои имаат длабок бас со моќ каква што заслужуваат. Опремен со два конусни вуфери од 38 см (15”) и технологијата Sound Pressure Horn, масивниот домашен аудио систем SHAKE-X7D создава извонреден бас кај сите ваши омилени песни. Со LED светилките на звучниците и диџеј ефектите, можете да уживате во домот исто како и во ноќен клуб.
Воодушевете се од моќниот звук. Од неверојатно високи тонови па сè до длабоки ниски тонови, засилете го доживувањето на вашите омилени песни со моќ од 3800 W.
Засилете го басот со двата масивни конусни вуфери од 38 см (15”). Тие нудат огромна моќ и се совршени за слушање листи за репродукција со зголемена јачина на звук.
Нашата енергетски ефикасна технологија Sound Pressure Horn создава поголем акустички притисок при помала излезна моќност - тоа е подобро и за звукот и за опкружувањето.
Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)
DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот.
SHAKE-X7D има одличен дизајн кој го прави совршен централен уред за вашата забава. Острите рабови, контролите од брусен алуминиум и осветлените копчиња го разубавуваат овој моќен систем, бидејќи за одлични забави треба одличен дизајн.
Направете реалистична атмосфера за танцување на забавата со живописните LED светилки во разни бои кои се синхронизираат со ритамот на вашата музика. Изберете од многубројните бои и шаблони за да ги пронајдете совршените поставки за вашата забава.
Преземете ја апликацијата Fiestable за да ги контролирате светилките на звучниците, додавајте диџеј ефекти, уживајте во гласовна репродукција или, пак, прескокнете до следната песна - сето тоа преку паметниот телефон.
Натерајте ги сите да танцуваат со одличните функции за забава. Бидете креативни со четирите диџеј ефекти - од распространување на звукот и изолирање на вокали до додавање звучни ефекти и WAH, како и ефекти на семплирање и скречување. Со Party Chain (проследување забава), можете да поврзете и синхронизирате повеќе системи со аудио кабли за да добиете помоќен звук.
Репродуцирајте караоке DVD дискови и пејте пред екранот. Достапни се два приклучоци за микрофони и голем број функции - режимот караоке PON ги стишува вокалите на CD дискот за да можете да пеете.
Уживајте во омилените филмови со SHAKE-X7D
Благодарение на вградениот DVD плеер, можете да ги погледнете сите ваши омилени филмови на едноставен начин. Поврзете го системот со вашиот телевизор и оптимизирајте го звукот со трите поставки за подобрување.
Едноставно вклучете ја функцијата MEGA BASS и подобрете ги вашите песни и омилени динамични сцени.
Режимот за фудбал ви овозможува да ги подобрите природните амбиентални звуци на спортските настани кои ги гледате. Можете дури и да го намалите гласот на коментаторот и да се чувствувате како дел од публиката.
Слушајте музика со неверојатна острина со ClearAudio+ – колекција на технологии за звук од Sony кои ја оптимизираат репродукцијата на целата ваша музика.
Репродуцирајте ги омилените песни и листи за репродукција од одредени паметни телефони преку SHAKE-X7D. Користете NFC поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth® врска и веднаш започнете да проследувате.
Цел свет на музика во вашите раце
Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.
Апликација SongPal
Достапно за iOS и Android
Два USB приклучоци и CD плеер отпорен на прав
Лесно копирајте и префрлувајте песни од CD на USB уред или од еден USB уред на друг без да користите компјутер. Можете да ги репродуцирате омилените MP3 фајлови, да ги доживеете одново вашите стари CD дискови или да составите листа за репродукција.
Поврзете го SHAKE-X7D со вашиот телевизор, конзола за игри или втор систем за звук за да добиете повеќе опции за забава.
Слушајте ги омилените емисии или настапи на диџеи во живо со FM/AM радиото.
Ви прикажуваме што се крие зад врвниот звук. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.
Што има во пакетот
Кабел за наизменична струја, Антена, Батерија (AAA/манган), Далечински управувач (RMT-AM120U), Упатство за употреба