Големина и тежина

Големина на главен уред (Ш x В x Д)
455 × 165 × 330 мм
Тежина на главен уред
6,3 кг
Големина на преден звучник (ШxВxД)
510 × 773 × 458 мм
Тежина на преден звучник
33,0 кг

Засилувач

Излезна моќност - музичка моќност
2400W
EQ со поставени параметри
МУЗИКА/ФУДБАЛ/ФИЛМ/ИГРИ/ДРАМА/ВЕСТИ
Функција за засилување на басот
MEGA BASS
CD тајмер (снимање/репродукција/заспивање)
Не/Да/Да
Режим за заштеда на енергија
Да

Функции

CD функции
Да
ПРИЕМНИК
Да
USB
Да
Bluetooth®
Да(iAP преку BT)

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (2), Аналоген аудио приклучок (2), Влезови за микрофон (2) 6φ

Функции на приемникот

Опсег на поставување (FM)
87,5-108MHz/50KHz
Опсег на поставување (AM)
530kHz-1710kHz/10kHz чекор (почетно поставување) 531kHz-1710kHz/9kHz чекор
Однапред поставени станици
FM20 / AM10
RDS (PS / PTY / EON)
Да
Приклучок за надворешна антена
Да (75 оми)

DVD / SACD / VCD / CD плеер

DVD
Да
DVD+R
Да
DVD+R DL
Да
DVD+RW
Да
DVD-RW (видео)
Да
VCD
Да
JPEG
Да
CD
Да
SACD
Да
CD-R
Да
CD-RW
Да
8см диск (CD)
Да
8см диск (DVD)
Да
mp3
Да
WMA
Да
AAC
Да

Поврзување во мрежа

NFC
Да
Bluetooth®
Да

Звучник

Систем на звучници
3-системски
Високотонец
2,5смx1(тип на хорна)
Среден звучник
15смx1(хартија)
Звучник - вуфер
38смx1(MRC)
Отстранлива мрежа
Црна
Приклучок за звучници (преден звучник)
ДИРЕКТЕН КАБЕЛ
Должина на испорачан кабел (звучник)
2,5м

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,4 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
2,3 W (Bluetooth®) / 2,3 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
BT STANDBY: променете ја опцијата BT STANBY (OPTION-BT STANDBY-ON/OFF)

Моќност

Потрошувачка на енергија при работа
375W
Потрошувачка на енергија во режим на подготвеност
0.5W

Што има во пакетот

  • Кабел за наизменична струја
  • Антена
  • Батерија (AAA/манган)
  • Далечински управувач (RMT-AM120U)
  • Упатство за употреба
Placeholder

Функции

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Нова технологија Sound Pressure Horn за бас кој можете да го почувствувате

Воодушевете се од моќниот бас со новата технологија Sound Pressure Horn. Дизајнот на внатрешно преклопена хорна ефикасно го зголемува акустичниот притисок преку потиснување на енергијата низ канал за засилување. Резултатот е многу поефикасен во однос на стандардните засилувачи кои трошат енергија и стандардната обработка на сигналот, со што се добива смелост и исполнетост која можете да ја почувствувате во сите бас тонови.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Систем со три-системски звучници за моќен звук

Добијте моќен звук со целосен опсег од системот со три-системски звучници кој се одликува со високотонец од 2,5 см (1”), звучник за средни тонови од 15 см (5,9”) и вуфер од 38 см (15”). Структурата на хорната кај високотонецот проектира остри и јасни високи тонови, вуферот е дизајниран да го нагласи звукот со среден опсег, а сабвуферот го репродуцира најдлабокиот бас – за неверојатно моќен звук.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

DSEE ги обновува деталите на вашата дигитална музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

ClearAudio+ за јасност и острина

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

MEGA BASS додава моќ на вашите бас тонови

Притиснете го копчето MEGA BASS за да им дадете голема моќ на ниските фреквенции на вашата музика. Тоа е можно преку засилување на бас тоновите за да се добие помоќен звук. Само притиснете го копчето за да го активирате режимот и воодушевете се од резонантниот бас.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Режимот за фудбал ве носи на стадион

Прекрасната игра никогаш не звучела толку добро. Користејќи ги акустичките податоци снимени на фудбалски стадион во Бразил, овој наменски режим го подобрува природниот амбиентален звук кај спортските настани, со цел да се чувствувате како да сте дел од публиката. Не ви се допаѓа коментаторот? Посебно дизајниран алгоритам внимателно го следи звукот и овозможува целосно отсекување на гласот на коментаторот.

Еквалајзерот го прилагодува звукот според жанрот

Од салса до поп музика – активирајте го латинскиот еквалајзер за да слушате музика со оптимални поставки за звукот. Со однапред поставените станици за реге, поп латинска музика, салса, сертанежу, форо, ранчера и груперо, ќе добиете најдобар звук за вашата латинска музика.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

LED диодите на звучниците создаваат атмосфера за забава

Загрејте ја атмосферата со LED осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Звучниците со LED диоди се достапни во десет шаблони за бои, од чиста бела до виножито. Синхронизирајќи се со ритамот, моќта и брзината на приказот со светилки се усогласува со музичкото расположение и атмосферата.

Прилагодете ја вашата забава со апликациите Fiestable

Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата за забава. Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжичната контрола над вашите поставки за забава. Сменете ја бојата на LED диодите на звучниците или експериментирајте со диџеј ефектите и звучните ефекти на микрофонот за да ја прилагодувате забавата на забавен начин.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Party Chain (проследување забава) ви овозможува да го проширите вашиот систем на звучници

Додајте дополнителна моќ на вашиот систем за звук. Верижно поврзете повеќе SHAKE уреди за создавање повисока излезна моќност на звукот, без доцнење на звукот меѓу системите. Активирајте еден уред да биде ‘домаќин на забавата’ и понудете ѝ на забавата потполно ново ниво на звук.  

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Диџеј ефектите ви овозможуваат да оставите сопствен белег на песните

Забавувајте ја публиката со диџеј ефектите. Четири различни ефекти за подготовка на вашата забава: Flanger создава длабок, громогласен ефект; WAH го изобличува звукот; Isolator издвојува одреден фреквентен појас; a PAN го префрлува звукот меѓу звучниците. Можете да ги користите диџеј ефектите преку апликацијата Fiestable и контролата со гестикулации, така што никогаш не било полесно да бидете креативни при составувањето на листите за репродукција за забавите.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Функциите за караоке ви овозможуваат да пеете заедно со песната

Лесно организирајте караоке натпревари со вашите пријатели: само поврзете го SHAKE-X7D со телевизор, вметнете DVD со караоке и запејте ги зборовите што се појавуваат на екранот. Двата влезови за микрофон и функциите како резервација на песни, бодување и ехо ви овозможуваат да ги здружите силите со вашите пријатели за најдобриот натпревар во пеење. Вградениот Караоке PON дури и ги стишува гласовите на CD дисковите за да можете да ги пеете омилените песни.

Уживајте во сите ваши филмови со вградениот DVD плеер

Земете ги вашите омилени DVD дискови и гледајте ги преку вградениот плеер на SHAKE-X7D. Уживајте во секоја експлозија, акциона или драматична сцена со опкружувачки звук како во кино кој ќе ве внесе во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и приредувајте неверојатни филмски ноќи.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Безжично проследување преку Bluetooth®

Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со звучник, систем за звук или телевизор кои поддржуваат Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Обединете ја вашата музика со SongPal

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® и добијте непречен пристап до сите омилени песни. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Двата USB приклучоци ви овозможуваат да приклучите и репродуцирате

Копирање песни помеѓу CD и USB. Едноставно поврзете го вашиот уред на PLAY/REC приклучокот и ќе бидете подготвени за пренесување. Доколку снимате директно на USB, исто така е можно да се надгради бит-стапката од стандардните 128kbps на 256kbps за подобрен квалитет на звукот.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Вграден CD плеер за вашата колекција од дискови

Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој домашен аудио систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што ќе можете да уживате во секаква музика, почнувајќи од студио снимки до музички компилации и преземени песни.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

Аудио влезови за проширување на вашиот систем за звук

Извлечете максимум од вашиот домашен аудио систем. Двата RCA аудио влезови ви овозможуваат да поврзете телевизор, конзола за игри или дополнителен SHAKE уред за поголема моќност за содржините што ги слушате или гледате.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и DVD

FM/AM радио приемник за вашите омилени емисии

Сакате а ги слушнете вашите омилени диџеи? Едноставно вклучете се преку FM/AM вртливото копче на радиото и дознајте што се нуди.