Големина и тежина

Големина на главен уред (Ш x В x Д)
455 × 165 × 330 мм
Тежина на главен уред
5,9 кг
Големина на преден звучник (ШxВxД)
315 x 490 x 355 мм
Тежина на преден звучник
12,0 кг

Засилувач

Излезна моќност- преден(RMS 10%THD)
1850 W
Излезна моќност - музичка моќност
1200W
EQ со поставени параметри
МУЗИКА/ФИЛМ/ИГРИ/ДРАМА/ВЕСТИ
Функција за засилување на басот
MEGA BASS
Тајмер на приемник (снимање/репродукција/заспивање)
Да/Да/Да
CD тајмер (снимање/репродукција/заспивање)
Да/Да/Да
Режим за заштеда на енергија
Да

Функции

CD функции
Да
DVD функции
Да
ПРИЕМНИК
Да
USB
Да
Bluetooth®
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (2), Аналоген аудио влез (2), Влез за микрофон (2(6φ))

Функции на приемникот

Опсег на поставување (FM)
87,5-108MHz/50KHz
Опсег на поставување (AM)
531kHz-1602kHz/9kHz чекор
Однапред поставени станици
FM20 / AM10
RDS (PS / PTY / EON)
Да
Приклучок за надворешна антена
Да (75 оми)

DVD / SACD / VCD / CD плеер

DVD
Да
DVD+R
Да
DVD+R DL
Да
DVD+RW
Да
DVD-RW (видео)
Да
VCD
Да
JPEG
Да
CD
Да
SACD
Да
DVD аудио
44.1kHz/24-битен
CD-R
Да
CD-RW
Да
8см диск (CD)
Да
8см диск (DVD)
Да
mp3
Да
WMA
Да
AAC
Да

Поврзување во мрежа

NFC
Да
Bluetooth®
Да(iAP преку BT)

Звучник

Систем на звучници
2-системски
Високотонец
2,5смx1(тип на хорна)
Звучник - вуфер
20смx1(хартија)
Приклучок за звучници (преден звучник)
ДИРЕКТЕН КАБЕЛ
Должина на испорачан кабел (звучник)
2,5м

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,7 W (Bluetooth®) / 1,7 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Променете ја поставката за BT STANBY (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ СО BLUETOOTH) (OPTION (ОПЦИИ)-->BT STANDBY (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ СО BLUETOOTH)-->ON/OFF(ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО))

Моќност

Потрошувачка на енергија во режим на подготвеност
0.5W

Што има во пакетот

  • Кабел за наизменична струја
  • Антена
  • Батерија (AAA/манган)
  • Далечински управувач (RMT-AM120U)
  • Упатство за употреба
Placeholder

Функции

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Нова технологија Sound Pressure Horn за посилен бас

Воодушевете се од моќниот бас со новата технологија Sound Pressure Horn. Хорната со преклопен дизајн ефикасно го насобира звучниот притисок туркајќи ја енергијата низ мали цевки, без загуби во моќноста поради топлина како кај стандардната обработка на сигнали. Оваа енергија со висок притисок излегува од звучникот со поголема јачина на звук, особено во ниските фреквенции, со што ги засилува сите бас тонови. 

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Систем со двосистемски звучници за неверојатно високи тонови и моќни длабоки тонови

Од високи ноти до бас тонови, слушајте звук со целосен опсег од системот со двосистемски звучници, со високотонци од 2 см (0,7”) и сабвуфер од 20 см (7,8”). Структурата на хорната на високотонецот репродуцира јасни високи ноти, а вуферот е дизајниран да ги истакнува средните тонови, така што ќе ја слушате музиката со громогласноста што таа ја заслужува.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

DSEE ги обновува деталите на вашата дигитална музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

ClearAudio+ за јасност и острина

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

MEGA BASS додава моќ на вашите бас тонови

Притиснете го копчето MEGA BASS за да им дадете огромна моќ на ниските фреквенции на вашата музика. Тоа е можно преку засилување на бас тоновите за да се добие помоќен звук. Само притиснете го копчето за да го активирате режимот и воодушевете се од резонантниот бас. 

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Режимот за фудбал ве носи на стадион  

Прекрасната игра никогаш не звучела толку добро. Користејќи ги акустичките податоци снимени на фудбалски стадион во Бразил, овој наменски режим го подобрува природниот амбиентален звук кај спортските настани, со цел да се чувствувате како да сте дел од публиката. Не ви се допаѓа коментаторот? Посебно дизајниран алгоритам внимателно го следи звукот и овозможува целосно отсекување на гласот на коментаторот.

Еквалајзерот го прилагодува звукот според жанрот 

Од салса до поп музика – активирајте го латинскиот еквалајзер за да слушате музика со оптимални поставки за звукот. Со однапред поставените станици за реге, поп латинска музика, салса, сертанежу, форо, ранчера и груперо, ќе добиете најдобар звук за вашата латинска музика.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

LED диодите на звучниците создаваат атмосфера за забава

Загрејте ја атмосферата со LED осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Звучниците со LED диоди се достапни во десет шаблони за бои, од чиста бела до виножито. Синхронизирајќи се со ритамот, моќта и брзината на приказот со светилки се усогласува со музичкото расположение и атмосферата.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Апликација за забави

Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата за забава. Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжичната контрола над вашите поставки за забава. Променете ја бојата на LED диодите во звучниците или експериментирајте со диџеј ефектите, без да бидете врзани до системот. 

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Party Chain (проследување забава) ви овозможува да го проширите вашиот систем на звучници

Додајте дополнителна моќ на вашиот систем за звук. Поврзете повеќе SHAKE системи сериски за да добиете звук со поголема излезна моќ. Активирајте еден уред како „домаќин на забавата“ и синхронизирајте ја музиката и светлосните ефекти со останатите системи во серијата. 

Диџеј ефектите ви овозможуваат да оставите сопствен белег на песните

Забавувајте ја публиката со диџеј ефектите. Четири различни ефекти за подготовка на вашата забава: Flanger создава длабок, громогласен ефект; WAH го изобличува звукот; Isolator издвојува одреден фреквентен појас; a PAN го префрлува звукот меѓу звучниците. Креативноста со вашите листи за репродукција за забави никогаш не била подостапна.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Функциите за караоке ви овозможуваат да пеете заедно со песната 

Организирањето натпревари во караоке со пријателите е едноставно: само поврзете го SHAKE-X1D со телевизор, вметнете DVD со караоке и запејте ги зборовите што се појавуваат на екранот. Двата влезови за микрофон и функциите како резервација на песни, бодување и ехо ви овозможуваат да ги здружите силите со вашите пријатели за најдобриот натпревар во пеење. Вградениот Караоке PON дури и ги стишува гласовите на CD дисковите за да можете да ги пеете омилените песни.  

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување

Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува да воспоставите брзо, безжично поврзување на кратко растојание каде што патеката на сигналот нема да биде попречена од предмети. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате вашите омилени содржини – вклучувајќи филмови, слики и музика – од вашиот паметен телефон или таблет уред на компатибилен уред.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

NFC со еден допир за брзо поврзување

Технологијата Near Field Communication (NFC) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со уредите кои поддржуваат NFC допрете ја ознаката N на куќиштето за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување содржини преку Bluetooth®. Немате NFC? Нема проблем. Исто така, можете да ги поврзете и да проследувате директно преку Bluetooth®.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Обединете ја вашата музика со SongPal 

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Wi-Fi® или Bluetooth® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Двата USB приклучоци ви овозможуваат да приклучите и репродуцирате

Копирајте ги песните складирани на USB, CD или радио на вашиот таблет-уред или паметен телефон на едноставен начин. Едноставно поврзете го вашиот уред на PLAY/REC приклучокот и ќе бидете подготвени за пренесување. Доколку снимате директно на USB, исто така е можно да се надгради бит-стапката од стандардните 128kbps на 256kbps за подобрен квалитет на звукот.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Вграден CD плеер за вашата колекција од дискови

Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој домашен аудио систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што ќе можете да уживате во секаква музика, почнувајќи од студио снимки до музички компилации и преземени песни.

Аудио влезови за проширување на вашиот систем за звук 

Извлечете максимум од вашиот домашен аудио систем. Двата RCA аудио влезови ви овозможуваат да поврзете телевизор, конзола за игри или дополнителен SHAKE уред за поголема моќност за содржините што ги слушате или гледате. 

FM/AM радио приемник за вашите омилени емисии

Сакате а ги слушнете вашите омилени диџеи? Едноставно вклучете се преку FM/AM вртливото копче на радиото и дознајте што се нуди.