HI-FI-СИСТЕМИ

Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

SHAKE-X1D
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Совршен придружник за започнување на забавата

Слушајте ги гласно омилените песни со звучен притисок од 1850 W и слушнете ја секоја громогласна бас нота, благодарение на новата технологија Sound Pressure Horn. Со домашниот аудио систем SHAKE-X1D секогаш ќе бидете подготвени за забава. Осветлете го подиумот за танцување со LED светилките на звучникот и организирајте сопствени караоке забави со функцијата за караоке и двата влеза за микрофон.

Ниво на звучен притисок од 1850 W

Слушајте ја вашата музика со острина и јасност, благодарение на звучниот притисок од 1850 W (1200 W RMS, 108,0 dB SPL).

Конус на вуферот од 20 см (7,9”)

Слушајте ритами со моќен бас од целата ваша музика со конусот на вуферот од 20 см (7,9”).

Поголем притисок, поголема моќ

Уживајте во помоќен звук со технологијата Sound Pressure Horn

Преклопената комора на хорната и зголемениот излезен отвор го зголемуваат акустичкиот притисок за да се создаде јачина на звук од 1850 W, како и моќен бас кој навистина можете да го почувствувате.

Вертикален дизајн на кутиите за безжичен Hi-Fi систем со Bluetooth® во домот
Hi-Fi систем со двосистемски звучници за во домот

ВИСОКИ

БАС

Слушнете ги сите високи и ниски тонови

Звук со целосен опсег од систем со двосистемски звучници

Систем со двосистемски звучници кој се одликува со високотонец од 2 см (0,8”) за јасни вокали и високи тонови, како и вуфер од 20 см (7,9”) кој репродуцира средни и ниски тонови.

Паметна голема моќ
Паметна голема моќ

Нашата енергетски ефикасна технологија Sound Pressure Horn создава поголем акустички притисок при помала излезна моќност - тоа е подобро и за звукот и за опкружувањето.

Слушнете повеќе од секоја песна

Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)

DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот.

Hi-Fi систем за во домот со DSEE
Подеднакво добар изглед и звук

SHAKE-X1D има одличен дизајн кој го прави совршен централен уред за вашата забава. Острите рабови, контролите од брусен алуминиум и осветлените копчиња го разубавуваат овој моќен систем, бидејќи за одлични забави треба одличен дизајн.

Чувствувајте ја музиката и гледајте ги боите

Направете реалистична атмосфера за танцување на забавата со живописните LED светилки во разни бои кои се синхронизираат со ритамот на вашата музика. Изберете од многубројните бои и шаблони за да ги пронајдете совршените поставки за вашата забава.

Поврзете се

Репродуцирајте ги омилените песни и листи за репродукција од одредени паметни телефони преку SHAKE-X1D. Користете NFC поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth® врска и веднаш започнете да проследувате.

Безжичен Hi-Fi систем со NFC и Bluetooth® за во домот
Апликација Fiestable за вашиот Hi-Fi систем во домот
Задржете ја контролата врз забавата

Преземете ја апликацијата Fiestable за да ги контролирате светилките на звучниците, додавајте диџеј ефекти, уживајте во гласовна репродукција или, пак, прескокнете до следната песна - сето тоа преку паметниот телефон.

Подобрете ја забавата

Натерајте ги сите да танцуваат со одличните функции за забава. Бидете креативни со големиот избор на диџеј ефекти - од распространување на звукот и изолирање на вокали до додавање звучни ефекти и WAH, како и ефекти на семплирање и скречување. Со Party Chain (проследување забава), можете да поврзете и синхронизирате повеќе системи со аудио кабли за да добиете помоќен звук.

Домашен Hi-Fi систем со DVD плеер и функции за караоке
Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Репродуцирајте караоке DVD дискови и пејте пред екранот. Достапни се два приклучоци за микрофони и голем број функции. Режимот караоке PON ги стишува вокалите на CD дискот за да можете да пеете.

Побарајте ја вашата колекција филмови

Благодарение на вградениот DVD плеер, можете да ги погледнете сите ваши омилени филмови на едноставен начин. Поврзете го системот со вашиот телевизор и оптимизирајте го звукот со трите поставки за подобрување.

MEGA BASS
MEGA BASS

Едноставно вклучете ја функцијата MEGA BASS и подобрете ги ритамите со бас и омилените динамични сцени.

Режим за фудбал
Седнете во првите редови покрај теренот

Режимот за фудбал ви овозможува да ги подобрите природните амбиентални звуци на спортските настани кои ги гледате. Можете дури и да го намалите гласот на коментаторот и да се чувствувате како дел од публиката.

ClearAudio+
Слушајте гласно и јасно

Слушајте музика со неверојатна острина со ClearAudio+. Ова е колекција на технологии за звук од Sony кои ја оптимизираат репродукцијата на целата ваша музика.

Апликација SongPal за едноставна контрола на вашиот Hi-Fi систем во домот
Далечинскиот управувач станува паметен со SongPal

Цел свет на музика во вашите раце

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку оваа апликација.

Приклучете, репродуцирајте, префрлете

Два USB приклучоци и CD плеер отпорен на прав

Лесно копирајте и префрлувајте песни од CD на USB уред или од еден USB уред на друг без да користите компјутер. Можете да ги репродуцирате омилените MP3 фајлови, да ги доживеете одново вашите стари CD дискови или да направите листа за репродукција.

Домашен систем за звук со два USB приклучоци и CD плеер
Домашен систем за звук со два аудио влеза
Два аудио влеза

Поврзете го SHAKE-X1D со вашиот телевизор, конзола за игри или втор систем за звук за да добиете повеќе опции за забава.

Домашен систем за звук со FM/AM радио
FM/AM радио

Слушајте ги омилените емисии или настапи на диџеи во живо со FM/AM радиото.

Спецификации и функции

Бидете подготвени да се забавувате со домашниот аудио систем SHAKE-X1D. Слушајте ги гласно омилените песни и слушнете ја секоја громогласна бас нота, благодарение на новата технологија Sound Pressure Horn. Осветлете го подиумот за танцување со LED светилките на звучникот и организирајте сопствени караоке забави со функцијата за караоке и двата влеза за микрофон.
  • Нова технологија Sound Pressure Horn за моќен бас

  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Приказот со LED светилки и диџеј ефектите создаваат атмосфера за забави

Излезна моќност- преден(RMS 10%THD)
1850 W
Излезна моќност - музичка моќност
1200W
Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (2), Аналоген аудио влез (2), Влез за микрофон (2(6φ))
Големина на главен уред (Ш x В x Д)
455 × 165 × 330 мм
Големина на преден звучник (ШxВxД)
315 x 490 x 355 мм

Што има во пакетот

Кабел за наизменична струја, Антена, Батерија (AAA/манган), Далечински управувач (RMT-AM120U), Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина