Исполнете го подиумот за танцување со неверојатен звук
Играјте и пејте ги омилените песни, без разлика каде се наоѓате во просторијата. Благодарение на високоефикасните високотонци, високоефикасните среднотонци и среднотонците поставени под агол, вашите забави ќе нудат гласен и богат звук со јасни вокали што ќе ги израдува гостите.
Слушајте ја музиката како да се изведува во живо
Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал преку збогатување на вашата музика со реалистичен амбиент како на фестивалите и концертите во живо.
Обновете ги деталите во дигиталната музика
Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги обновува деталите во компресираните датотеки за музика, создавајќи висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната
CD-снимка.
Создадете незаборавна атмосфера
Осветлете ја просторијата од подот до таванот со повеќенасочните светилки за забава и светилката во звучникот. Генерирајте бранови во темно сина, светло сина и зелена боја со лента во повеќе бои, за да уживате во реалистична атмосфера како во
ноќен клуб или на фестивал под отворено небо.
Уживајте во повеќенасочните светилки за забава
Погледнете го повеќенасочните светилки за забава.
Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара. Достапни се и два држачи за микрофони за безбедно складирање на вашите микрофони кога ќе завршите со пеењето.
Вертикална и хоризонтална контрола со гестикулации
Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете го звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации нуди брза и лесна контрола на функциите на MHC-V73D за забава без прекин.
Режим TAIKO
Свирете со урнеци од бонго, тарабука, сурдо и јапонскиот тапан Taiko, само со допирање врз горниот панел според ритамот.
Ставете ја забавата во ваши раце со Fiestable
Забавната, интуитивна и практична апликација Fiestable нуди забавна контрола врз сите функции на MHC-V83D. За да ја користите апликацијата Fiestable, прво треба да ја преземете апликацијата Sony | Music Center. Потоа може да ја контролирате музиката, осветлувањето и многу повеќе, со допирање на телефонот или со вашиот глас.
Дозволете им на пријателите да направат листа со песни преку Fiestable
Сите можат да ги додаваат своите омилени песни во листата за репродукција преку апликацијата Fiestable. Дозволете им на гостите да додаваат песни складирани во нивните паметни телефони преку вашата Wi-Fi®-мрежа за забавата да продолжи.
Пронајдете ја супер ѕвездата за пеење со рангирањето во караоке преку Fiestable
Натпреварувајте се за да дознаете кој е кралот или кралицата за караоке на вашата забава со режимот за караоке со рангирање. А ако некој се пласира во 10-те најдобри, тогаш ќе може да го внесе своето име и насловот на песната во табелата со резултати.
Станете крал на забавата
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable.
Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Управувајте со забавата од подиумот за танцување
Апликацијата Sony | Music Center нуди контрола на музиката и поставките за звук директно од телефон. Апликацијата Fiestable нуди контрола врз боите на светилките и режими за диџеи и караоке. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола.
Sony | Music Center за Android
Sony | Music Center за iOS
Fiestable за Android
Fiestable за iOS
Филмови и телевизија, отсега со подобри ефекти
Поврзете го MHC-V83D со вашиот телевизор и уживајте во омилените филмови, телевизија и спорт на потполно нов начин.
Излезен приклучок HDMI™ за едноставно поставување
HDMI™-излезот (ARC) овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор.
Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во моќниот звук од
звучниците MHC-V83D.
Гледајте филмови со вградениот DVD плеер
Претворете ја вашата дневна соба во кино и организирајте неверојатни филмски ноќи со семејството и пријателите. Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата.
Подобрете ја атмосферата на забавата со
безжичното поврзување
безжичното поврзување
Уживајте во посилен и поисполнет звук и синхронизирано осветлување. Со безжичното проследување забава, може да го поврзете MHC-V83D со кој било од 50 компатибилни системи за звук со голема моќ преку Bluetooth®.
NFC™ и Bluetooth®
NFC™ (поле за комуникации во близина) и технологијата Bluetooth®, го елиминираат поврзувањето со кабли и сложеното поставување. Допрете го вашиот уред што поддржува NFC™ до MHC-V83D за брзо и беспрекорно поврзување, а потоа проследувајте ја вашата музичка збирка. Немате NFC™? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè.
Синхронизиран звук за безжично проследување забава
Поврзете до 50 компатибилни системи за звук со голема моќ преку Bluetooth®, за помоќно аудио доживување и гледајте како осветлувањето се синхронизира со звучниците.
Поврзување со повеќе уреди
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V83D во исто време преку технологијата Bluetooth®,. Така ќе можете да репродуцирате песни од сите ваши музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика.
Слушајте повеќе со DAB+
Приемникот е компатибилен со DAB+ за да можете да ги носите омилените радиостаници со вас
насекаде.
Дизајниран да може да ја издржи атмосферата на забавите
Бидејќи е создаден за практичност и издржливост, никогаш не мора да се грижите дали MHC-V83D ќе може да ја
издржи атмосферата на забавите.
Создаден за одлични забави
Тврдата надворешна пластика од сите страни на уредот и цврстите странични заштитници ја зголемуваат долготрајноста и преносливоста на MHC-V83D, независно каде се одржува забавата.
Контролен панел отпорен на прскање за долготрајност
Горната површина на MHC-V73D е отпорна на прскање и лесно се чисти, така што ќе може да продолжите со забавата дури и ако истурите пијалак. Достапно е и копче „Party Lock“ што ги блокира сите други копчиња 30 секунди, за да може да исчистите.
Навалете и тркалајте за лесно пренесување
Кога ќе посакате да го поместите MHC-V83D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркалца ќе ви помогнат лесно да го однесете на забавата.
Спецификации и функции
Забавувајте поголема толпа на луѓе со повеќенасочниот звук за забава, разубавете го амбиентот со повеќенасочните светилки за забава што пулсираат и уживајте со функциите за листа со песни за забава и караоке со рангирање преку нашата апликација Fiestable. Заштитниците и тркалцата овозможуваат многу лесен транспорт.