MHC-V72D
Почувствувајте го ритамот на омилените песни насекаде околу вас со ЗВУКОТ ОД 360° и басот со голем опсег и уживајте во динамичкото осветлување на светилките што трепкаат според музиката.
MHC-V72D
Почувствувајте го ритамот на омилените песни насекаде околу вас со ЗВУКОТ ОД 360° и басот со голем опсег и уживајте во динамичкото осветлување на светилките што трепкаат според музиката.
Збогатете ги родендените, специјалните прилики и неочекуваните собири со моќен звук. ЗВУКОТ ОД 360° и басот со голем опсег што го создава JET BASS BOOSTER создаваат гласна музика во целата просторија.
Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал преку збогатување на вашата музика со реалистичен амбиент како на фестивалите и концертите во живо.
Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги обновува деталите во компресираните датотеки за музика, создавајќи висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната CD-снимка.
Со светилките за забава од 360° и светилките во звучниците може да осветлувате дури и големи простории со црвени, сини и зелени бои за да добиете реалистична атмосфера како во ноќен клуб или фестивал под отворено небо.
Погледнете го видеозаписот за светилките за забава од 360°.
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.
Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете ја јачината на звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации ви овозможува брза и лесна контрола на функциите на MHC-V72D за да се забавувате без прекин.
Внесете сопствен ритам на тропање во музиката со режимот Taiko и дознајте дали вашиот ритам е подобар во натпревар против пријателите со режимот Taiko Game.
Менувајте песни, вклучете го осветлувањето, активирајте трепкање во сите бои со вашиот глас. Изберете гласовна контрола преку апликацијата Fiestable и изговорете ја вашата команда - достапни се 39 команди што вклучуваат репродукција на музика, осветлување и режим за КАРАОКЕ.
Допрете ја опцијата за светилки за забава во апликацијата Fiestable на вашиот паметен телефон и неговиот екран ќе почне да ги прикажува светлосните ефекти на системот за звук и ќе трепка и ќе ја менува бојата според музиката.
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Апликацијата Sony | Music Center ви овозможува да ги контролирате поставките за музика и звук преку вашиот телефон. Апликацијата Fiestable, пак, ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со само еден потег со дланката, благодарение на интуитивната контрола со движења.
Поврзете го MHC-V72D со вашиот телевизор и уживајте во омилените филмови, телевизија и спорт на потполно нов начин.
HDMI (ARC) излезот овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор. Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во моќниот звук од звучниците на MHC-V72D.
Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и приредувајте неверојатни филмски ноќи.
Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе домашни системи за звук преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни домашни системи за звук и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.
Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.
LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, за врвно безжично слушање.
Технологијата Bluetooth® ви овозможува заедно со пријателите да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V72D во исто време. Така ќе уживате во песни од сите ваши музички збирки.
Горната површина на MHC-V72D е отпорна на прскање и лесно се чисти, така што забавата ќе продолжи дури и ако истурите пијалак. Достапно е и копче „Party Lock“ што ги блокира сите други копчиња во период од 30 секунди, за да можете да исчистите.
Кога ќе посакате да го поместите MHC-V72D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркала ви овозможуваат да го донесете на секоја забава.