Функции

CD
Да
DVD
Да
USB1
Да
FM
Да
Аудио влез 1
Да (мини стерео)
TV
Да (HDMI), (АУДИО ВЛЕЗ)
Функција за Bluetooth®
Да (iAP преку BT)

Влезови и излези

Аналоген аудио влез
1
HDMI® излез
1
USB влез
1
Влез за микрофон
2 (еден приклучок за 6φ / гитара - МИКРОФОН 2 / ГИТАРА)

Функции на звук

Музички еквалајзер
Музика (еквалајзер според емоции)
Еквалајзер за латино музика
-
Режим за фудбал
ДА (ИСКЛУЧЕНО / ВКЛ. раскажување / ИСКЛ. раскажување)
Видео EQ
ФИЛМ / ИГРИ / ДРАМА / ВЕСТИ
Режим FIESTA
Да
Функција за засилување на басот
MEGA BASS
DSEE дигитално подобрување на звукот
DSEE (АВТОМАТСКИ)
Party Chain(жично)
Не
Безжично проследување забава преку Bluetooth®
Да
Функција за додавање звучник (Bluetooth® FUNCTION)
Не
ClearAudio+
Да

Опкружувачки звук

Dolby® Digital
Да
Кино простор/опкружувачки звук
-/Да

Забава со звук

Звучни ефекти
Да
Изолатор
Да
Распространување
Да
Wah
Да
Семплер
Да (гребнатини и друго)
TAIKO
Не

Ефект на осветлување

Светилка во звучникот
Да (сина боја за вуфер и среднотонец)
Светло за забави
Да (за предната страна, лак: темна сина / небесно сина, лента: црвена)

Караоке

Регулирање на јачината на вокалот
Да
Контрола на копчиња
Да
Бодување
Да
Микрофон јачина на звук
Да
Ехо
Да
Вокален водич
Да (само апликации)
Промена на глас
Да

Практични функции

Контрола со гестикулации
Да (вертикална и хоризонтална насока)
Тајмер за заспивање
Да
Излез за полнење преку USB приклучок
1A
Копчиња на допир
Не
USB СНИМАЊЕ
Да

Потрошувачка на енергија

Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
0.5W

Безжично поврзување

Впарување со NFC со еден допир
Не

Функција за Bluetooth®

LDAC
Да
AAC
Да
A2DP(приемник)
Да
AVRCP
Да (вер. 1.3)
SPP
Да

Апликација

Компатибилни апликации за паметни телефони
Да (Sony | Music Center и Fiestable)

Спецификации на приемник

Појас
FM / DAB
RDS
Да
Надворешна антена
-
Опсег на поставување (FM)
87,5-108 MHz / 50 kHz
Меморирани канали
FM 20 / DAB 20

Општо

Заклучување на местото за поставување
Да
Заклучување за деца
Да
Рачка за носење
Да (назад и странично)
Тркалца
Да

Дискови кои можат да се репродуцираат (аудио)

CD
Да
CD-R
Да
CD-RW
Да
8см диск (CD)
Да
8см диск (DVD)
Да

Дискови кои можат да се репродуцираат (видео)

DVD
Да
DVD+R
Да
DVD-R
Yes
DVD+R DL
Да
DVD+RW
Да
DVD-RW (видео)
Да
VCD
Да

Формати на репродукција (податоци)

MP3
Да
Xvid
Да
Mpeg4 *едноставен профил
Да (поддршка и за MPEG1)

Спецификации на звучниците

Звук 360 (високотонец на задната страна)
Не
Распространувачки генератор на звук
Не
Врвно засилување на басот
Да

Спецификации на преден звучник

Високотонец
4 см x2 (високоефикасна хорна)
Среден опсег
8 см x2 (високоефикасна хорна на предната и задната страна)
Бас
25 см x 1

Главен уред

Димензии на главен уред (ШxВxД см)(прибл.)
349,5 мм x 795 мм x 328,5 мм
Тежина (кг)(прибл.)
14,5 кг

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
2,0 W(HDMI CEC) / 2,0 W(Bluetooth®) / 2,0 W(сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (HDMI CEC) / 15 минути (Bluetooth)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Задржете врз копчињата MEGA BASS и VOICE CHANGER на системот приближно 3 секунди.

Што има во пакетот

  • Антена(и): FM антена
  • Далечински управувач:
Placeholder

Функции

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Распространете го одличниот звук низ целата забава 

Функцијата за распространување на звукот, двата високоефикасни високотонци и среднотонецот ќе ја распространат вашата музика пошироко и повисоко од предната страна на уредот, за да можат сите гости да уживаат во богат и јасен звук. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Двата високоефикасни високотонци ќе ја исполнат просторијата со звук

Двата високоефикасни високотонци на предната страна на MHC-V43D, што содржат високотонци во вид на хорна, го прошируваат звучното поле и го зголемуваат нивото на звучниот притисок за да може музиката да се шири подалеку, пошироко и повисоко. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Високоефикасни среднотонци за подобри вокали

Високоефикасните среднотонци на предната и задната страна, што содржат среднотонци во вид на хорна, го распределуваат звукот со поголема острина и звучен притисок за подобрување на фреквенциите од среден опсег. Тоа значи дека независно дали стоите пред или зад уредот, блиску или далеку од него, ќе уживате во појасни вокали додека танцувате или ги пеете омилените песни.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Почувствувајте го ритамот од голема оддалеченост со JET BASS BOOSTER

Каналот со стеснување за рефлективен бас го концентрира протокот на воздух за басот, за да можете јасно да го слушате и чувствувате, без разлика каде сте во толпата луѓе и на колкава оддалеченост. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

ЗВУК ВО ЖИВО

Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал преку збогатување на вашата музика со реалистичен амбиент како на фестивалите и концертите во живо.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

DSSE автоматски ги обновува деталите кај дигиталната музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички датотеки. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, тој ги губи високофреквентните елементи што внесуваат детали во вашите омилени песни. Процесорот за подобрување на дигиталниот звук (DSEE) прецизно ги обновува тие елементи за да создаде висококвалитетен звук што е поблиску до оригиналната CD-снимка. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Осветлете ја ноќта

Осветлете ја просторијата од подот до таванот со светилките за забава. Генерирајте бранови во темно сина и небесно сина боја со ленти во живописна црвена боја, за да уживате во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал под отворено небо.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара. Достапни се и два држачи за микрофони за безбедно складирање на вашите микрофони кога ќе завршите со пеењето. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Вертикална и хоризонтална контрола со гестикулации

Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете ја јачината на звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации ви овозможува брза и лесна контрола на функциите на MHC-V43D за да се забавувате без прекин. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Контролирајте ја забавата со Fiestable

Забавната, интуитивна и практична апликација Fiestable ви нуди целосна контрола врз MHC-V43D. Тоа значи дека музиката, осветлувањето и другите функции можат да се контролираат со допирање на вашиот телефон или со вашиот глас.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Ставете ја забавата во ваши раце со Fiestable

Забавната, интуитивна и практична апликација Fiestable нуди забавна контрола врз сите функции на MHC-V43D. За да ја користите апликацијата Fiestable, прво треба да ја преземете апликацијата Sony | Music Center. Потоа ќе можете да ја контролирате музиката, осветлувањето и многу повеќе, само со допирање на вашиот телефон или со вашиот глас.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Дозволете им на пријателите да направат листа со песни за забава 

Сите можат да ги додаваат своите омилени песни во листата за репродукција преку апликацијата Fiestable. Дозволете им на гостите да додаваат песни складирани во нивните паметни телефони преку вашата Wi-Fi®-мрежа за непрекината забава.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Пронајдете ја супер ѕвездата за пеење со рангирањето во караоке преку Fiestable

Натпреварувајте се за да дознаете кој е кралот или кралицата за караоке на вашата забава со режимот за караоке со рангирање. А ако некој се пласира во 10-те најдобри, тогаш ќе може да го внесе своето име и насловот на песната во табелата со резултати.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Апликацијата Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот директно од вашиот телефон. Апликацијата Fiestable ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола со движења. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Излезен приклучок HDMI™ за едноставно поставување

HDMI™-излезот (ARC) овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор. Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во звукот преку звучниците MHC-V43D

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Гледајте филмови со вградениот DVD плеер

Претворете ја вашата дневна соба во кино и организирајте неверојатни филмски ноќи со семејството и пријателите. Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Беспрекорно проследување со Bluetooth ®

Заборавете на безжичните поврзувања и сложените постапки за поставување благодарение на технологијата Bluetooth®. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Уживајте во висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™

LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, за врвно уживање во безжичното слушање. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Слушајте повеќе со DAB+ 

Не сакате диџеј? Приемникот е компатибилен со DAB+ за да можете да ги носите омилените радиостаници со вас насекаде. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Создаден за одлични забави

Тврдата надворешна пластика од сите страни на уредот и цврстите странични заштитници ја зголемуваат долготрајноста и преносливоста на MHC-V43D, независно каде се одржува забавата. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Забавувајте се каде и да појдете

Благодарение на тркалцата и практичната рачка за носење, MHC-V43D може многу лесно да се пренесува секаде каде што сакате да се забавувате.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Подобрете ја забавата со дополнителни звучници

Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе домашни системи за звук преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни домашни системи за звук и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Поврзувањето повеќе уреди им овозможува на повеќе луѓе да ја контролираат музиката

Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V43D во исто време преку технологијата Bluetooth®. Така ќе можете да репродуцирате песни од сите ваши музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика. 

Слика од Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

USB приклучокот овозможува приклучување и репродукција

Репродуцирајте песни складирани во USB-мемориски уред или направете листа за репродукција со можност за директно снимање од CD-кон-USB. Само поврзете го вашиот USB-мемориски уред во приклучокот PLAY / REC и ќе можете да ја збогатите следната забава со сите ваши омилени песни.