Систем за звук V43D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Направете ја ноќта за паметење со моќниот MHC-V43D. Благодарение на басот со голем опсег и разнобојното осветлување што се
синхронизира со ритамот, вашите гости нема да го напуштат подиумот за танцување.
Функцијата за распространување на звукот, високоефикасните високотонци и високоефикасниот среднотонец ќе ја распространат вашата музика пошироко и повисоко
од предната страна на уредот, за да можат сите гости да уживаат во богат и јасен звук.
Двата високоефикасни високотонци, што содржат високотонци во вид на хорна, го прошируваат звучното поле и го зголемуваат нивото на звучниот притисок за да го распространат звукот насекаде во просторијата што ќе ја изберете.
Високоефикасниот среднотонец на предната страна, што содржи среднотонци во вид на хорна, го распределува звукот со поголема острина и звучен притисок за подобрување на фреквенциите од среден опсег. Тоа значи дека ќе уживате во појасни вокали додека танцувате или пеете.
Каналот со стеснување за рефлективен бас го концентрира протокот на воздух за басот, за да можете јасно да го слушате и чувствувате, без разлика каде сте во толпата луѓе и на колкава оддалеченост.
Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал
преку збогатување на вашата музика со реалистичен
амбиент како на фестивалите и концертите во живо.
Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги обновува деталите во компресираните датотеки за музика, создавајќи висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната CD-снимка.
Осветлете ја просторијата од подот до таванот со светилките за забава и светилката во звучникот. Генерирајте бранови во темно сина и небесно сина боја со ленти во живописна црвена боја, за да уживате во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал под отворено небо.
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара. Достапни се и два држачи за микрофони за безбедно складирање на вашите микрофони кога ќе завршите со пеењето.
Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете ја јачината на звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации ви овозможува брза и лесна контрола на функциите на MHC-V43D за да се забавувате без прекин.
Забавната, интуитивна и практична апликација Fiestable нуди контрола врз сите функции на MHC-V43D. За да ја користите апликацијата Fiestable, прво треба да ја преземете апликацијата Sony | Music Center. Потоа ќе можете да ја контролирате музиката, осветлувањето и многу повеќе, само со допирање на вашиот телефон или со вашиот глас.
Сите можат да ги додаваат своите омилени песни во листата за репродукција преку апликацијата Fiestable. Дозволете им на гостите да додаваат песни складирани во нивните паметни телефони преку вашата Wi-Fi®-мрежа за непрекината забава.
Натпреварувајте се за да дознаете кој е кралот или кралицата за караоке на вашата забава со режимот за караоке со рангирање. А ако некој се пласира во 10-те најдобри, тогаш ќе може да го внесе своето име и насловот на песната во табелата со резултати.
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звук директно од телефонот. Fiestable ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.
Поврзете го MHC-V43D со вашиот телевизор и уживајте во омилените филмови, телевизија и спорт на потполно нов начин.
HDMI™-излезот (ARC) овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор. Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во моќниот звук од звучниците MHC-V43D.
Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и организирајте неверојатни филмски ноќи.
Уживајте во посилен и поисполнет звук и синхронизирано осветлување. Со безжичното проследување забава, може да го поврзете MHC-V43D со кој било од 50 компатибилни системи за звук со голема моќ преку Bluetooth®,.
Заборавете на безжичните поврзувања и сложените постапки за поставување благодарение на технологијата Bluetooth®. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè.
Поврзете до 50 компатибилни системи за звук со голема моќ преку Bluetooth®, за помоќно аудио доживување и гледајте како осветлувањето се синхронизира со звучниците.
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V43D во исто време преку технологијата Bluetooth®,. Така ќе можете да репродуцирате песни од сите ваши музички збирки и ќе имате уште поголем избор на музика
Приемникот е компатибилен со DAB+ за да можете да ги носите омилените радиостаници
со вас насекаде.
Бидејќи е создаден за практичност и издржливост, никогаш не мора да се грижите дали MHC-V43D ќе може да го издржи интензитетот на забавите
Тврдата надворешна пластика од сите страни на уредот и цврстите странични заштитници ја зголемуваат долготрајноста и преносливоста на MHC-V43D, независно каде се одржува забавата.
Кога ќе посакате да го поместите MHC-V43D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркалца ќе ви помогнат лесно да го однесете на забавата.