HI-FI-СИСТЕМИ

Аудио систем V42D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

MHC-V42D
Слика од Аудио систем V42D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V42D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V42D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V42D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Направете ја ноќта за паметење

Сите на забавата ќе го почувствуваат ритамот со моќниот MHC-V42D со бас со голем опсег. Разнобојните светилки за забава ќе се синхронизираат со музиката и сите ќе можат да бидат диџеи со користење контрола со гестикулации или паметен телефон.

Исполнете ја забавата со звук

Збогатете ги родендените, специјалните прилики и неочекуваните собири со моќен звук. Звукот со бас и голем опсег што го создава JET BASS BOOSTER ќе им овозможи на сите кои се забавуваат да уживаат во уште погласна музика во целата просторија.

MHC-V42D со високотонци поставени под агол
Високотонци под агол

Исполнете ја просторијата со моќен звук благодарение на високотонците поставени под агол што уште повеќе го распространуваат звукот.

JET BASS BOOSTER
JET BASS BOOSTER

Каналот со стеснување за рефлективен бас го концентрира протокот на воздух за басот, за да можете јасно да го слушате и чувствувате, без разлика каде сте во толпата луѓе и на колкава оддалеченост.

Лого за ЗВУК ВО ЖИВО
Слушајте ја музиката како да се изведува во живо

Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал преку збогатување на вашата музика со реалистичен амбиент како на фестивалите и концертите во живо.

DSEE лого
Обновете ги деталите во дигиталната музика

Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги обновува деталите во компресираните датотеки за музика, создавајќи висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната CD-снимка.

Осветлување за забава и светилки во звучниците

Осветлете го целиот простор за забава, дури и поголеми простории, со светилките за забава и светилките во звучниците за да создадете реалистична атмосфера како во ноќен клуб или фестивал под отворено небо.

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.

Бидете диџеј со контролата со гестикулации

Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете ја јачината на звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации ви овозможува брза и лесна контрола на функциите на MHC-V42D за да се забавувате без прекин.

MHC-V42D со контрола со гестикулации
Гостин користи гласовна контрола преку апликацијата Fiestable на својот паметен телефон
Гласовна контрола преку Fiestable

Менувајте песни, вклучете го осветлувањето, активирајте трепкање во сите бои со вашиот глас. Изберете гласовна контрола преку апликацијата Fiestable и изговорете ја вашата команда - достапни се 39 команди што вклучуваат репродукција на музика, осветлување и режим за КАРАОКЕ.

Гостите ја користат опцијата за светилки за забава во апликацијата Fiestable преку нивните паметни телефони
Светилки за забава преку Fiestable

Допрете ја опцијата за светилки за забава во апликацијата Fiestable на вашиот паметен телефон и неговиот екран ќе почне да ги прикажува светлосните ефекти на системот за звук и ќе трепка и ќе ја менува бојата според музиката. 

Икона за Party King
Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Гостин ја користи апликацијата Sony | Music Center на својот паметен телефон
Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Апликацијата Sony | Music Center ви овозможува да ги контролирате поставките за музика и звук преку вашиот телефон. Апликацијата Fiestable, пак, ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со само еден потег со дланката, благодарение на интуитивната контрола со движења. 

Лого на Google Play
Sony | Music Center за Android
Лого на App Store
Sony | Music Center за iOS
Филмови и телевизија, отсега со подобри ефекти

Поврзете го MHC-V42D со вашиот телевизор и уживајте во омилените филмови, телевизија и спорт на потполно нов начин.

Лого за HDMI
HDMI® излез 

HDMI (ARC) излезот овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор. Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во моќниот звук од звучниците на MHC-V42D.

Лого за DVD
Вграден DVD-плеер

Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и приредувајте неверојатни филмски ноќи.

Подобрете ја забавата со дополнителни звучници

Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе домашни системи за звук преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни домашни системи за звук и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.

Икони за NFC и Bluetooth®
Беспрекорно проследување со NFC и Bluetooth®

Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.

Икона за LDAC™
Квалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™

LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, за врвно безжично слушање. 

Слика од поврзување на MHC-V42D со повеќе уреди
Поврзување со повеќе уреди

Технологијата Bluetooth® ви овозможува заедно со пријателите да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V42D во исто време. Така ќе уживате во песни од сите ваши музички збирки.

Пренесување на MHC-V42D со помош на вградените рачки
Носете ја забавата насекаде

MHC-V42D има вградени рачки за носење за да можете да го однесете во куќата на пријателите или лесно да ја преместувате забавата во различни простории.

Спецификации и функции

Секогаш организирајте одлични забави со моќниот MHC-V42D. Звукот што се распространува и звукот со голем дострел го испраќаат ритамот низ целиот простор за забава за да можат сите да уживаат во истиот одличен звук. Разнобојните светилки за забава и светилките во звучниците се синхронизираат со ритамот, а може и да им препуштите на сите да бидат диџеи со контролата со хоризонтални и вертикални гестикулации или преку вашиот паметен телефон.
  • Бас на голема оддалеченост со JET BASS BOOSTER

  • Осветлување за забава и светилки во звучниците

  • Контрола со гестикулации за забавно и лесно ракување

  • Гласовна контрола преку Fiestable / светилки за забава преку Fiestable

  • Вграден DVD плеер со HDMI ARC

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина