Аудио систем V41D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Претворете ја куќата во ноќен клуб со MHC-V41D. Светилките во звучниците се синхронизираат со ритамот за да создадат атмосфера како во ноќен клуб, а звукот ја исполнува куќата и создава забава што никогаш нема да ја заборавите.
Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.
Организирајте забава со караоке. Двата влезови за микрофон се совршени за пеење.
Исполнете ја просторијата со моќен звук. Среднотонците и високотонците се поставени под агол за поголемо распространување на звукот, за да можат сите да ги почувствуваат моќните ритами.
Светилките за забава и светилките во звучниците во зелена и сина боја трепкаат во ритамот на музиката, а светилките со разни бои во звучниците го осветлуваат подиумот за танцување, создавајќи атмосфера како во ноќен клуб.
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење песни. Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.
Збогатете ја забавата со еден лесен потег. Забавната и интуитивна контрола со гестикулации ви овозможува контрола на сите функции за забава, меѓу кои и ефектите за диџеи, миксетата и функциите за караоке. За да менувате песни треба да прелистувате лево и десно, или нагоре и надолу за менување на јачината на звукот. Разубавувањето на вашата забава никогаш не било позабавно.
Уживајте во помоќен звук со поврзување повеќе аудио системи во домот преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни аудио системи во домот и синхронизирајте ги музиката и осветлувањето.
Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот преку телефон. Fiestable ви нуди активирање на режимите за диџеи и караоке. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Вклучете го режимот за фудбал на MHC-V41D за да уживате во реална атмосфера како на стадион. Исклучете го коментаторот за да уживате во навивањето на публиката, преку минимизирање на звукот на коментаторот и зголемување на звукот на публиката.
Гледајте филмови на едноставен начин преку вградениот DVD-плеер и уживајте во богат звук што внесува реалистичност во вашите омилени сцени.
Гледајте ги омилените серии на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во силен звук од вашите моќни звучници.
MHC-V41D има вградени рачки за носење за да можете да го однесете во куќата на пријателите или лесно да ја преместувате забавата во различни простории.
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони во исто време преку технологијата BLUETOOTH®.