Аудио систем V21D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Подобрете ја забавата што ја организирате со аудио системот MHC-V21D. Звучниците поставени под агол распространуваат моќен звук што ја исполнува просторијата, а светилката во звучникот создава атмосфера како во ноќен клуб.
Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.
Организирајте забава со караоке. Двата влезови за микрофон се совршени за пеење.
Исполнете ја просторијата со моќен звук. Високотонците се поставени под агол за поголемо распространување на звукот, за да можат сите да ги почувствуваат моќните ритами.
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.
Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе компатибилни звучници преку технологијата Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни звучници и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.
Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот директно од вашиот телефон. Fiestable ви нуди контрола врз осветлувањето на звучниците и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке (достапна е само сина светлина).
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Вклучете го режимот за фудбал на MHC-V21D за да уживате во реална атмосфера како на стадион. Исклучете го коментаторот за да уживате во навивањето на публиката, преку минимизирање на звукот на коментаторот и зголемување на звукот на публиката.
Гледајте филмови на едноставен начин преку вградениот DVD-плеер и уживајте во богат звук што внесува реалистичност во вашите омилени сцени.
Гледајте ги омилените серии на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во силен звук од вашите моќни звучници.
MHC-V21D има вградени рачки за носење за да можете да го однесете во куќата на пријателите или лесно да ја преместувате забавата во различни простории.
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони во исто време преку технологијата BLUETOOTH®.