HI-FI-СИСТЕМИ

Аудио систем V02 со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

MHC-V02
Слика од Аудио систем V02 со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V02 со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V02 со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Аудио систем V02 со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Организирајте забави на повисоко ниво

Почувствувајте го ритамот на омилените песни, дури и на голема оддалеченост, со овој моќен и едноделен систем за звук. Забавувајте се со светилката на звучникот што трепка според музиката и контролирајте ја репродукцијата преку паметен телефон.

Исполнете ја забавата со звук

Збогатете ги родендените, специјалните прилики и неочекуваните собири со моќен звук. Звукот со бас и голем опсег што го создава JET BASS BOOSTER ќе им овозможи на сите кои се забавуваат да уживаат во уште погласна музика во целата просторија.

MHC-V02D со високотонци поставени под агол
Високотонци под агол

Исполнете ја просторијата со моќен звук благодарение на високотонците поставени под агол што уште повеќе го распространуваат звукот.

JET BASS BOOSTER
JET BASS BOOSTER

Каналот со стеснување за рефлективен бас го концентрира протокот на воздух за басот, за да можете јасно да го слушате и чувствувате, без разлика каде сте во толпата луѓе и на колкава оддалеченост.

Внесете позитивна енергија со осветлувањето на звучниците

Загрејте ја атмосферата со LED осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Сината светлина пулсира во шеми и се синхронизира со ритамот на музиката.

MHC-V02 со LED-светилки во звучникот
Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Забавувајте ги сите - поврзете микрофон во влезот и натпреварувајте се со гостите во пеење на омилените песни. Или, пак, внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара и користење на системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.

Гостин користи гласовна контрола преку апликацијата Fiestable на својот паметен телефон
Гласовна контрола преку Fiestable

Менувајте песни, вклучете го осветлувањето, активирајте трепкање во сите бои со вашиот глас. Изберете гласовна контрола преку апликацијата Fiestable и изговорете ја вашата команда - достапни се 39 команди што вклучуваат репродукција на музика, осветлување и режим за КАРАОКЕ.

Гостите ја користат опцијата за светилки за забава во апликацијата Fiestable преку нивните паметни телефони
Светилки за забава преку Fiestable

Допрете ја опцијата за светилки за забава во апликацијата Fiestable на вашиот паметен телефон и неговиот екран ќе почне да ги прикажува светлосните ефекти на системот за звук и ќе трепка и ќе ја менува бојата според музиката.

Икона за Party King
Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Гостин ја користи апликацијата Sony | Music Center на својот паметен телефон
Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Апликацијата Sony | Music Center ви овозможува да ги контролирате поставките за музика и звук преку вашиот телефон. Апликацијата Fiestable, пак, ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со само еден потег со дланката, благодарение на интуитивната контрола со движења. 

Лого на Google Play
Sony | Music Center за Android
Лого на App Store
Sony | Music Center за iOS
MHC-V02 поставен на статив
Компатибилност со статив

Благодарение на вградениот отвор за монтирање, MHC-V02 може да се постави на статив за звучници на повисока положба заради поефикасно проектирање на звукот до повеќе луѓе, без разлика дали седат или стојат.

Подобрете ја забавата со дополнителни звучници

Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе домашни системи за звук преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни домашни системи за звук и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.

Икона за LDAC™
Квалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™

LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, за врвно безжично слушање. 

Слика од поврзување со повеќе уреди
Поврзување со повеќе уреди

Технологијата Bluetooth® ви овозможува заедно со пријателите да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V02 во исто време. Така ќе уживате во песни од сите ваши музички збирки.

Пренесување на MHC-V02 со помош на вградените рачки
Носете ја забавата насекаде

MHC-V02 има вградени рачки за носење за да можете да го однесете во куќата на пријателите или лесно да ја преместувате забавата во различни простории.

Спецификации и функции

Подобрете ги вашите забави со овој моќен едноделен систем за звук. Почувствувајте го ритамот на омилените песни од голема оддалеченост. Забавувајте се со светилката во звучникот што трепка според ритамот и контролирајте ја репродукцијата преку паметен телефон.
  • Бас на голема оддалеченост со JET BASS BOOSTER

  • Светилка во звучникот

  • Гласовна контрола преку Fiestable / светилки за забава преку Fiestable

  • Рачка за безбедно подигнување и лесно пренесување

  • Компатибилност со статив

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина