Звук

Димензии на звучник
Големина на високотонец (4 см x 1 конусен тип), Големина на среднотонец (8 см x 2 конусен тип)

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
42 x 80,7 x 59 см
Тежина
32 кг

Безжични врски

NFC
Да

Функции

USB
ДА
CD
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Аналоген аудио излез (1), Влез за микрофон (2) 6φ, Дигитален аудио влез (1), Излезна моќност на предни звучници (1), Композитен видео излез (1)

Општи карактеристики

Далечински управувач:
ДА

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0,4 W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,1 W (HDMI CEC) / 1,1 W (Bluetooth®) / 1,1 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (HDMI CEC) / По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
BT STANDBY:Променете ја поставката за BT STANBY (OPTION-- BT STANDBY-- ON/OFF) HDMI CEC ON/OFF: [SETUP] -- [CONTROL FOR HDMI] на системот на [ON]/[OFF]

Функции

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

S-Force Front Surround звукот како во кино внесува реалистичност во филмовите 

Уживајте во прекрасно звучно поле кое ќе ве внесе директно во центарот на случувањата. S-Force Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.  

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

DSEE автоматски ги обновува деталите кај дигиталната музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

3-системски дизајн за флексибилно поставување

Разновидните опции за поставување на MHC-GT4D ви овозможуваат да го користите како систем за забава и систем за домашно кино. Со можноста за линиско поставување можете да ги монтирате и двата звучника врз вуферот за да заштедите простор на подот; совршено за забави. За да добиете оптимален систем за домашно кино, може да одлучите да ги поврзете звучниците во стил на звучник во вид на лента или да ги поставите на подот за прекрасни опкружувачки ефекти.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Mega Bass ја зголемува моќта на басот

Притиснете го копчето Mega Bass за да им дадете огромна моќ на ниските фреквенции на вашата музика. Тоа е можно преку засилување на бас тоновите за да се добие помоќен звук. Само притиснете го копчето за да го активирате режимот и воодушевете се од резонантниот бас.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Светлата на звучниците создаваат атмосфера за забави

Загрејте ја атмосферата со осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Светилките се насочуваат низ леќа за да распространат широк светлосен шаблон во точки и линии. Светилките може да се контролираат преку апликацијата Fiestable или системот, а потоа гледајте како се синхронизираат со ритамот на музиката и создаваат атмосфера како во ноќните клубови во вашиот дом.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Променете ги поставките за време на забавата со контрола преку гестикулации

Збогатете ја забавата со еден лесен потег. Забавната и интуитивна контрола со гестикулации ви овозможува контрола на функциите за време на забавите, вклучувајќи осветлување, ефекти за диџеи и звучни ефекти на микрофонот. За да менувате песни може да прелистувате лево и десно, или нагоре и надолу за менување на јачината на звукот. Збогатувањето на забавите никогаш не било полесно. 

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Прилагодете ги вашите со апликацијата Fiestable

Контролирајте ги лесно поставките за вашата забава од подиумот за танцување со апликацијата Fiestable. Менувајте ги безжично боите на светилките во вашите звучници и активирајте ефекти за караоке и диџеи со само неколку потези со дланката, благодарение на функцијата за интуитивна контрола со движења. Можете и да ги изберете омилените листи за репродукција на вашиот паметен телефон и да ја подготвите следната песна, без да бидете заробени во кабината за диџеи.

Диџеј ефектите ви овозможуваат да оставите сопствен белег на песните

Забавувајте ја публиката со диџеј ефектите. Четири различни ефекти за подготовка на вашата забава: Flanger создава длабок, громогласен ефект; WAH го изобличува звукот; Isolator издвојува одреден фреквентен појас; a PAN го префрлува звукот меѓу звучниците. Лесно може да пристапите на диџеј ефектите преку апликацијата Fiestable и контролата со гестикулации, така што никогаш не било полесно да бидете креативни при составувањето на листите за репродукција за забавите.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Режимот за фудбал ве носи во првите редови покрај теренот 

Прекрасната игра никогаш не звучела толку добро. Користејќи ги акустичките податоци снимени на фудбалски стадион во Бразил, овој наменски режим го подобрува природниот амбиентален звук кај спортските настани, со цел да се чувствувате како да сте дел од публиката.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Party Chain (проследување забава) ви овозможува да го проширите вашиот систем на звучници

Додајте дополнителна моќ на вашиот систем за звук. Поврзете сериски повеќе стерео уреди за да добиете звук со поголема излезна моќ. Активирајте еден уред како „домаќин на забавата“ и синхронизирајте ја музиката и светлосните ефекти со останатите системи во серијата.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Функциите за караоке ви овозможуваат да пеете заедно со песната 

Лесно организирајте караоке натпревари со вашите пријатели: само поврзете го MHC-GT4D со телевизор и вметнете DVD со караоке, или пејте заедно со песните од YouTube™ преку Bluetooth®. Двата влезови за микрофон, како и бодувањето и звучните ефекти ви овозможуваат да ги здружите силите со вашите пријатели за најдобриот натпревар во пеење. Вградената функција за караоке PON дури и ги стишува гласовите на CD дисковите за да можете да ги пеете сите омилени песни.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Обединете ја вашата музика со SongPal

Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.

HDMI влез за едноставно поврзување

Поврзете го телевизорот на едноставен начин за да добиете длабок и моќен звук од сите ваши филмови и песни. Благодарение на HDMI приклучокот, сè што треба да направите е да поврзете еден кабел. 

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™

LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во најквалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика. 

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Беспрекорно проследување со NFC и Bluetooth®

Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® технологијата ги елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете ги слушалките за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и ќе бидете подготвени.

Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Влез и излез за звук

Поврзете аудио/визуелна опрема преку влезниот и излезниот приклучок за звук. Поврзете телевизор, конзола за игри, па дури и дополнителен звучник, за да го засилите звукот на вашата забава. 

FM радио приемник за вашите омилени емисии

Сакате а ги слушнете вашите омилени диџеи? Едноставно вклучете се преку FM вртливото копче на радиото и дознајте што се нуди.