Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Внесете моќен звук за филмови и спорт во домот со пренослив систем. Потоа однесете го на забава и почувствувајте ја магијата на ноќта додека светилките трепкаат и се синхронизираат со ритамот. Вуферот од 25 см (9,8”) со Mega Bass создава неверојатен звук со ниски тонови.
Погледнете ги снимките
Започнете веднаш да проследувате музика од вашата дигитална збирка откако ќе воспоставите врска преку NFC со еден допир.
Доближете се до секоја сцена со 2.1 канали за виртуелен
опкружувачки звук.
Почувствувајте ја секоја нота со Mega Bass и DSEE
Притиснете го копчето Mega Bass за да уживате во громогласни ниски фреквенции што ќе ги почувствувате, а подобрувањето на звукот со DSEE создава богати детали за висококвалитетен звук од секоја песна.
Проширете го системот преку приклучоците за звук, USB и HDMI за да добиете одличен звук од сите содржини што ги слушате.
Едноставно поврзување на вашиот телевизор со еден кабел преку HDMI.
Репродуцирајте музика од паметен телефон или пренослив музички плеер.
Поврзете ја вашата конзола за игри или дополнителен звучник.
Уживајте во прекрасен филмски звук со S-Force Front Surround
Почувствувајте како филмската музика, видеоиграта и листата за репродукција ве опкружува со реалистичност. Виртуелниот опкружувачки звук S-Force со 2.1 канали ќе ве стави во центарот на случувањата.
Пренослив дизајн, флексибилно поставување
Носете звук со огромна моќ насекаде со вас, благодарение на флексибилните опции за поставување на MHC-GT4D и неговиот пренослив дизајн.
Поставете ги звучниците на некоја површина за да добиете класичен систем за домашно кино.
Заштедете простор на подот со линиското поставување - совршено за забави со исполнет простор. Прилагодете ја висината од 130 см (51”) до 160 см (63”) за оптимално искористување на вашиот простор.
Спојте ги двата звучника за да добиете звучник во вид на лента што може да се постави под телевизорот.
Тркалцата и рачката на извлекување ви овозможуваат да го пренесувате вашиот домашен аудио систем од гледање филмови до забави.
Контролирајте ги светилките и звуците на забавата на едноставен начин со функции како осветлување на звучниците, диџеј ефекти, контрола со гестикулации и други.
Разгорете ја атмосферата на забавата со осветлување на звучниците како во ноќните клубови и со диџеј ефекти за звук. Тие можат и да се менуваат со неколку потези со дланката, благодарение на контролата со гестикулации.
Поканете ги сите пријатели на најдобрата забава со натпревар во пеење со функцијата за караоке. Експериментирајте со ефекти како ехо и придушување и видете кој пее подобро со двата влеза за микрофон.
Контролирајте ја забавата со дланката благодарение на контролата со движења од апликацијата Fiestable за iOS и Android. Контролирајте ги светилките, диџеј ефектите за звук и прескокнувајте песни преку паметниот телефон.
Спецификации и функции
- Димензии на звучник
- Големина на високотонец (4 см x 1 конусен тип), Големина на среднотонец (8 см x 2 конусен тип)
- Влезни и излезни приклучоци
- USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Аналоген аудио излез (1), Влез за микрофон (2) 6φ, Дигитален аудио влез (1), Излезна моќност на предни звучници (1), Композитен видео излез (1)