Аудио систем XB60 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Правете забави со електронска музика насекаде со EXTRA BASS™ ритами од GTK-XB60. Вградените светилки за забава создаваат атмосфера како во ноќен клуб, а батеријата на полнење ви овозможува да слушате музика дури и без приклучок за напојување.
Овој уред не е отпорен на вода или прав, ве молиме користете го на соодветно место.
Ако нема приклучок за напојување во близина, батеријата на полнење ви нуди репродукција од 14 часа.
Воспоставете брза BLUETOOTH® врска со NFC со еден допир или проследувајте од уред за репродукција преку Wi-Fi.
Разиграјте го подиумот за танцување со активирање на EXTRA BASS™. Тој ги подобрува ниските фреквенции на песната и создава ритами што ќе ги раздвижат сите.
Нема приклучок за напојување? Батеријата овозможува забава до 14 часа кога светилките се исклучени и јачината на звук е поставена на 17. При макс. јачина на звук со вклучен EXTRA BASS™ и осветлување може да се забавувате 3 часа. Ако батеријата е слаба, активирајте го режимот на издржливост за подолго траење на батеријата (4,5 часа).
Практичните рачки за носење го олеснуваат пренесувањето на GTK-XB60 од една на друга забава.
Разубавете ја забавата со вградените светилки. Силното трепкачко светло го осветлува подиумот, белите LED светилки светат според музиката, а лентата што свети во повеќе бои се протега по рабовите на звучникот и создава атмосфера како во ноќен клуб.
Лентата што свети во повеќе бои се протега по рабовите на звучникот.
Бели LED светилки што светат според музиката.
Силно трепкачко светло го осветлува подиумот за танцување.
Сакате да ја зголемите јачината на звукот? Поврзете најмногу 10 компатибилни звучници преку функцијата за безжично проследување забава за да добиете посилен звук и возбудлива атмосфера за забава со синхронизирани светилки. Сето тоа се врши преку технологијата Bluetooth® - не ви требаат кабли за поврзување.
Воспоставете безжична врска со еден допир со вашиот уред преку NFC или искористете ги поставките за Bluetooth® за да се поврзете.
Пристапете до вашите дигитални музички датотеки MP3, WMA и WAV со поврзување на вашиот USB уред.
Запејте во секој момент - само приклучете микрофон и ќе го слушнете вашиот глас во мелодијата.
Sony | Music Center овозможува избирање песни, менување поставки за звук и создавање листи за репродукција преку вашиот телефон. Fiestable нуди контрола врз боите на светилките, прилагодување на еквалајзерот или активирање контроли за диџеи. Правете промени со движење на раката, со интуитивна контрола.