Сите спецификации и функции
Општи карактеристики
- ВИД НА СЛУШАЛКИ
- Затворени, динамички
- ЗВУЧНИК
- 40 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
- МАГНЕТ
- Неодимиум
- МЕМБРАНА
- LCP обложен со алуминиум
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 4 Hz-40.000 Hz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (АКТИВНО КОРИСТЕЊЕ)
- 4 Hz-40.000 Hz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- 105 dB / mW (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е вклучен), 101 dB / mW (1 kHz) (при поврзување преку кабелот за слушалки, кога уредот е исклучен)
- ВИД НА КАБЕЛ
- Едностран (отстранлив)
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м, жици од OFC, позлатен мини стерео приклучок)
- ПРИКЛУЧОК
- Позлатен стерео мини приклучок со облик L
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Целосно покривање на увото
- NFC
- Да
- DSEE Extreme
- Да
- ПАСИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
- Да
Батерија
- ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- Прибл. 3 часа (целосно полнење)
- МЕТОД ЗА ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
- USB
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА(КОНТИНУИРАНО ВРЕМЕ ЗА РЕПРОДУКЦИЈА НА МУЗИКА СО ВНАТРЕШНА МЕМОРИЈА)
- Макс. 30 часа(NC ВКЛУЧЕНО), Макс. 38 часа(NC ИСКЛУЧЕНО)
- ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ВРЕМЕ НА МИРУВАЊЕ)
- Макс. 30 часа(NC ВКЛУЧЕНО), Макс. 200 часа(NC ИСКЛУЧЕНО)
Bluetooth® спецификации
- ВЕРЗИЈА НА BLUETOOTH®
- Верзија 5.0
- ЕФЕКТИВЕН ОПСЕГ
- Прибл. опсег на видливост 30ft (10м)
- ФРЕКВЕНТЕН ОПСЕГ
- 2.4 GHz појас (2.4000GHz-2.4835GHz)
- ПРОФИЛ
- A2DP, AVRCP, HFP, HSP
- ПОДДРЖАН(И) ФОРМАТ(И) ЗА ЗВУК
- SBC, AAC, LDAC
- ЗАШТИТА НА ПОДДРЖАНИ СОДРЖИНИ
- SCMS-T
Поништување на шумот
- ПРЕКЛОПНИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПОНИШТУВАЊЕТО НА ШУМ
- Да
- ЛИЧЕН ОПТИМИЗАТОР ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ШУМ
- Да
- ОПТИМИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИОТ ПРИТИСОК
- Да
- РЕЖИМ ЗА АМБИЕНТАЛЕН ЗВУК
- Да
- БРЗО СТИШУВАЊЕ
- Да
Пренослив засилувач за слушалки
- КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
- Сензор за допир
Процесор/предавател
- ВЛЕЗ(ОВИ)
- Мини стерео приклучок
Опции на бои
Што има во пакетот
- Торба за носење
- Адаптер за употреба во авион
- Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м)
- USB кабел: Type-CTM (прибл. 20 см)

Функции
Напредно поништување на шум
Без разлика дали имате долг лет или уживате во кафе бар, слушалките WH-1000XM4 ќе ви понудат напредни перформанси за поништување шум, елиминирајќи уште повеќе непотребни звуци со високи и средни фреквенции.
Технологијата зад поништувањето на шумот
Технологијата за два сензори за шум користи по два микрофони во слушалките за да го сними амбиенталниот шум и потоа ги пренесува податоците до процесорот QN1 за HD-поништување на шум. Користејќи нов алгоритам, процесорот QN1 за HD-поништување на шум ги обработува податоците за да го поништи шумот во реално време од различни акустични опкружувања. Заедно со новиот Bluetooth® SoC (систем на чип) за звук, тој ги открива сигналите за музика и шум и се приспособува кон нив, а ги прилагодува и акустичните карактеристики помеѓу звучниците и ушите, со брзина над 700 пати во секунда.
Оптимизирано поништување на шум
Слушалките WH-1000XM4 користат две технологии за да обезбедат максимални перформанси за поништување шум. Уникатното оптимизирање на атмосферскиот притисок овозможува оптимален звук на големи надморски височини, а личното оптимизирање на поништувањето на шумот ги анализира уникатните звучни карактеристики што ги предизвикуваат големината на главата, очилата и косата, а потоа соодветно го приспособува звукот.
Контрола на амбиенталниот звук
Приспособете го амбиенталниот звук со апликацијата Sony | Sound Connect за да го поништите шумот, но сепак да ги слушате неопходните звуци од опкружувањето, како соопштенија за транспорт, додека слушате музика во движење.
Безжична слобода, врвен звук
LDAC пренесува приближно три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот BLUETOOTH®-звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј исклучителен квалитет е сличен како кај наменска жична врска.
Звук на кој можете да му верувате
Аналогниот засилувач во процесорот QN1 за HD-поништување на шум нуди најдобар сооднос помеѓу сигналот и шумот за мало изобличување и извонреден квалитет на звук кај преносливите уреди. Овие слушалки се одликуваат со моќни звучници од 40 мм со мембрана од течни кристали и полимер (LCP) што се совршени за моќни ритми и репродукција на сите фреквенции со опсег до 40 kHz.
Обновување на сите компресирани датотеки во реално време
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција) создадена во соработка со Sony Music Entertainment, DSEE Extreme™ (процесор за подобрување на дигиталниот звук) го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Вршејќи динамичко препознавање на инструменти, музички жанрови и посебни елементи од сите песни, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Speak-to-Chat за попрактично користење
Штом почнете да разговарате со некого, функцијата Speak-to-Chat автоматски ја запира музиката и почнува да го пропушта амбиенталниот звук за да можете да разговарате. Направена врз основа на технологијата за прецизно откривање гласови, оваа паметна функција ги користи петте микрофони вградени во слушалките и напредна обработка на аудио сигнали за да го препознае и да реагира на вашиот глас. Штом завршите со разговорот, музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.
Приспособливата контрола на звукот автоматски се прилагодува според вашата локација и начинот на користење
Приспособливата контрола на звук е паметна функција што може да научи да препознава локации што често ги посетувате, како вашето работно место или омилениот кафе бар, а потоа да го приспособи звукот за да ви обезбеди идеално доживување при слушањето. Освен тоа, таа автоматски открива што правите - на пример, дали пешачите, чекате или патувате - па ги прилагодува поставките за амбиентален звук според ситуацијата.
Слушалки што реагираат на вас
Сензорот за близина во слушалките може да открие дали ги носите слушалките, а потоа соодветно да ја приспособат репродукцијата за да заштедите енергија во батеријата. Извадете ги слушалките и музиката автоматски ќе се паузира. Вратете ги слушалките и музиката автоматски ќе продолжи да се репродуцира.
Брзо внимание
Дали треба брзо да ги слушнете звуците или гласовите околу вас? Ставете ја дланката врз куќиштето за веднаш да го намалите звукот на музиката и да ги слушнете амбиенталните звуци.
Носете ги цел ден во целосен комфор
WH-1000XM4 нудат спој од модерен стил и удобност. Меките перничиња од уретанска пена го намалуваат притисокот и еднакво го распоредуваат и го подобруваат контактот помеѓу ушите и перничињата за стабилно поставување. Благодарение на лесниот дизајн, нема да забележите дека ги носите.
Енергија за цел ден и брзо полнење
Со батеријата што трае до 30 часа ќе имате доволно енергија за долги патувања. Ако треба брзо да ја надополните батеријата, за само 10 минути може да наполните енергија за 5 часа користење со изборниот AC-адаптер.
Бидете попаметни со гласовниот помошник
Добијте помош без да ги користите рацете. Само изговорете „OK Google“ или „Alexa“ за да го активирате саканиот гласовен помошник.. Забавувајте се, поврзете се со пријателите, добивајте информации, слушајте музика и известувања, поставувајте потсетници и многу повеќе. Може да контролирате и функции на слушалките како што е поништувањето шум со помош на вашиот глас.
Појасни повици без користење на рацете
Воспоставувајте повици без користење на рацете. Оставете го телефонот и разговарајте со двоен допир. Благодарение на технологијата за прецизно откривање гласови што користи пет вградени микрофони и напредна обработка на аудио сигнали, WH-1000XM4 нудат појасен звук за вашиот соговорник при телефонските повици.
Контрола на дофат на вашите прсти
Менувајте песни, менувајте ја јачината на звукот и одговарајте или воспоставувајте повици со допирање или лизгање на прстот врз панелот.
Апликација Sony | Sound Connect
Со апликацијата Sony | Sound Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја приспособувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да го прилагодувате звукот според вашата музика.
Поврзување со повеќе уреди
За да овозможат максимална практичност, слушалките WH-1000XM4 може да се впарат со два уреди со Bluetooth® истовремено. Кога ќе добиете повик, слушалките ќе знаат кој уред ѕвони и ќе се поврзат со него автоматски. Исто така, ќе можете брзо и непречено да ги префрлувате слушалките помеѓу двата уреди со допирање едно копче.
Вртлива структура на преклопување
Слушалките се преклопуваат навнатре за да можете уредно да ги спакувате во компактната торбичка.
Торбичка за носење со кабел
Испорачаната торбичка за носење е издржлива и вклучува кабел за слушање.