Со батеријата што трае до 30 часа ќе имате доволно енергија за долги патувања. Ако треба брзо да ја надополните батеријата, за само 10 минути може да наполните енергија за 5 часа користење со изборниот AC-адаптер.
Технологијата за два сензори за шум користи по два микрофони во слушалките за да го сними амбиенталниот шум и потоа ги пренесува податоците до процесорот QN1 за HD-поништување на шум. Користејќи нов алгоритам, процесорот ги обработува податоците за да го поништи шумот од различни опкружувања. Заедно со новиот Bluetooth® SoC (систем на чип) за звук, ги открива сигналите за музика и шум и се приспособува кон нив, а ги прилагодува и акустичните карактеристики помеѓу звучниците и ушите, со брзина над 700 пати во секунда.
Приспособете го амбиенталниот звук со апликацијата Sony | Sound Connect за да го поништите шумот, но сепак да ги слушате неопходните звуци од опкружувањето, како соопштенија за транспорт, додека слушате музика во движење.
Аналогниот засилувач во процесорот QN1 за HD-поништување на шум нуди најдобар сооднос помеѓу сигналот и шумот за мало изобличување и извонреден квалитет на звук кај преносливите уреди. Овие слушалки се одликуваат со моќни звучници од 40 мм со мембрана од течни кристали и полимер (LCP) што се совршени за моќни ритми и репродукција на сите фреквенции со опсег до 40 kHz.
Користејќи Edge-AI (вештачка интелигенција), DSEE Extreme™ го подобрува квалитетот на компресираните датотеки со музика во реално време. Препознавајќи инструменти, музички жанрови и елементи од песните, како вокали или интервали, тој ги обновува високите фреквенции на звукот што се изгубиле при компресијата и создава побогато и целосно доживување при слушањето.
Патувајте без прекини и уживајте во музиката без шум во заднина.
Бидете свесни за сè што ве опкружува, од улиците до канцеларијата, а притоа уживајте во музика.
Слушајте важни соопштенија додека чекате, со помалку шум во заднина.
Со тек на време, приспособливата контрола на звук учи како да ги препознава локациите што често ги посетувате, како што е вашето работно место, салата или омилениот кафе бар, а потоа го приспособува звукот според опкружувањето.
Сензорот за близина и двата сензори за забрзување во слушалките можат да откријат дали ги носите слушалките, а потоа соодветно да ја приспособат репродукцијата за да заштедите енергија во батеријата.
WH-1000XM4 нудат спој од модерен стил и удобност. Меките перничиња од уретанска пена го намалуваат притисокот и еднакво го распоредуваат и го подобруваат контактот помеѓу ушите и перничињата за стабилно поставување. Благодарение на лесниот дизајн, нема да забележите дека ги носите.
Од контролирање на вашата музика до пристап до вашиот гласовен помошник или повици без користење на рацете - сето ова никогаш не било полесно со WH-1000XM4.
Со апликацијата Sony | Sound Connect, функцијата за контрола на амбиенталниот звук ви овозможува да ја приспособувате јачината на звукот во заднина и ви нуди опција да слушате само гласови. Еквалајзерот, пак, ви овозможува да ги приспособувате нивоата на звукот според вашата музика.
WH-1000XM4 поддржуваат Fast Pair од Google. Пронајдете каде сте ги оставиле вашите слушалки WH-1000XM4 со звучен сигнал или со проверка на нивната последна локација преку апликацијата Find My Device од Google во вашиот паметен телефон.
Слушалките се преклопуваат навнатре за да можете уредно да ги спакувате во компактната торбичка.
Испорачаната торбичка за носење е издржлива и вклучува кабел за слушање.
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Sound Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.
Спецификации и функции
- ЗВУЧНИК
- 40 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
- DSEE Extreme
- Да
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 4 Hz-40.000 Hz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (КОМУНИКАЦИЈА ПРЕКУ BLUETOOTH®)
- 20 Hz - 20.000 Hz (семплирање со 44,1 kHz) / 20 Hz - 40.000 Hz (LDAC семплирање со 96 kHz, 990 kbps)
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ (АКТИВНО КОРИСТЕЊЕ)
- 4 Hz-40.000 Hz
- NFC
- Да
- ПАСИВНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
- Да
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м, жици од OFC, позлатен мини стерео приклучок)