Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Тежина
- - без кабел, 193 гр. (без кабел)
Општи карактеристики
- Звучник
- 40 мм(во вид на купола)
- Магнет
- Неодимиум
- Капацитет
- 1000mW
- Импеданса (оми)
- 40 оми(1 kHz)
- Дијафрагма
- PET
- Фреквентен одзив
- 5-25.000 Hz
- Чувствителности (dB/mW)
- 104dB/mW
- Вид на жица
- Едностран, рамен
- Должина на кабел
- 1,2м
- Приклучник
- Позлатен мини стерео приклучок во форма на L
- Начин на носење
- Headband, За на уво
Во пакетот
- Галантерија
- Водич за брз почеток; Референтен водич
Микрофон
- Тело на микрофонот
- Електрет кондензаторски микрофон
- Насока на микрофонот на кабелот
- Сите насоки
Опции на бои
Функции
Неодимиумските звучници нудат чист и динамички звук
Лесните динамички неодимиумски звучници од 40мм обезбедуваат моќен ритмички одзив дури и кај песните со најголеми барања. Во комбинација со дијафрагмата со голема чувствителност, вие ќе можете да го засилите звукот на слушалките, а сепак да уживате во чист звук низ целиот опсег.
Моќен бас со контрола на одзив за ритамот
Технологијата за контрола на одзив за ритамот обезбедува цврст и длабок бас, што ја прави совршена за музичките стилови фокусирани на ниските фреквенции. Отворот за воздух овозможува максимален проток на воздух во опсегот на ниски фреквенции, со што ја оптимизира ефикасноста на дијафрагмата и овозможува попрецизна репродукција на басот.
Висока чувствителност за гласни и јасни звуци
Со голема чувствителност од 104 dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате погласен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук.
Вграден микрофон и далечински управувач на кабелот
Нема потреба да ги прекинувате вашите активности за да го примите важниот телефонски повик. Со вградениот микрофон и далечинскиот управувач на кабелот можете лесно да воспоставувате и да одговарате на повици од вашиот паметен телефон.
Помалку заплеткувања, поголема флексибилност
Рамниот едностран кабел од 1,2 м е дизајниран да ги спречи заплеткувањата, така што слушалките нема да направат јазол, а овозможува и повеќе простор за удобно движење.
Одделниот кабел за заземјување ги елиминира пречките
Со посебниот кабел за заземјување со 4 жици L/R се подобрува разделувањето на аудио каналите со цел да се добие подобар звук. За разлика од стандардните слушалки, кои имаат заедничка жица за заземјување, кабелот содржи лева, десна и независна жица за заземјување за двата канали, поради што ќе слушате помалку изобличувања и пречки.
Лента за на глава на лизгање за совршено поставување
Лентата за на глава со лизгач од челик кој не 'рѓосува нуди удобно поставување, а истовремено и одлична издржливост.
Едноставно слушање во движење со апликацијата SmartKey
Персонализирајте и конфигурирајте ги поставките за музика и повици за паметниот телефон преку интуитивната апликација. Sony SmartKey ви овозможува да доделите функции за слушање и одговарање повици со единечно, двојно и тројно притиснување .
Обложените ушни перничиња го намалуваат притисокот
Меките и обложени ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за долго и удобно слушање.
Избор на бои кои ќе одговараат на вашиот стил
Усогласете ги боите на вашата опрема. Овој модел се испорачува во шест стилски бои, за да можете да изберете боја која одговара на вашиот стил .