Слушалки MDR-ZX660AP
Почувствувајте го секој ритам со слушалките што се поставуваат врз уво MDR-ZX660AP, благодарение на звучниците од 40 мм што нудат моќен бас и длабоки ритами. Контролата на одзив за ритамот го засилува басот за да добиете ниски тонови без изобличување - дури и при голема јачина на звукот – а мазната лента за на глава и обложените ушни перничиња овозможуваат стилско и удобно слушање.
Уживајте во длабоките ниски тонови и јасните високи тонови со зголемениот фреквентен опсег.
Доживејте чист и балансиран звук со целосен фреквентен опсег и моќен опсег на ниски тонови, благодарение на нашата комбинација од технологии за звук.
Контролата на одзив за ритамот нуди подобри ниски тонови, што го прави совршен за денешните музички стилови во кои доминира басот.
Неодимиумските звучници од 40 мм јасно ги репродуцираат нотите и вокалите со среден до висок опсег, а големите отвори создаваат моќен ритмички бас.
Посебниот кабел за заземјување L/R ги намалува пречките меѓу каналите за јасен звук без изобличувања од сите содржини кои ги слушате.
Воспоставувајте и одговарајте на повици и променете ја песната што ја слушате без да го допирате телефонот - сето тоа благодарение на интуитивната функционалност со паметни телефони на MDR-ZX660AP.
Вградениот далечински управувач и микрофонот ви овозможуваат да одговарате на повици и да ја контролирате музиката со едно копче, така што може да го оставите телефонот во вашиот џеб.
Со апликацијата SmartKey од Sony можете лесно да ги поставите функциите за музика за вашиот паметен телефон. Репродуцирајте, паузирајте и прескокнувајте песни преку слушалките.
Изберете од палетата на шест стилски бои кои најмногу одговараат на вашиот стил.
Лизгачот од челик кој не 'рѓосува ви овозможува совршено поставување, а во исто време нуди и одлична издржливост.
Меките ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за прилепено и удобно поставување.
Засечениот кабел спречува заплеткување, при што слушалките остануваат во одлична форма.
Спецификации и функции
- Звучник
- 40 мм(во вид на купола)
- Фреквентен одзив
- 5-25.000 Hz
- Капацитет
- 1000mW
- Должина на кабел
- 1,2м