Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ТЕЖИНА
- 165 гр. (без кабел)
Општи карактеристики
- Затворен вид
- Да
- ЗВУЧНИК
- 30 мм, динамички – тип на купола
- Динамичен вид
- Да
- ИМПЕДАНСА (ОМИ)
- 24 Ω при 1 kHz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 5–22.000Hz
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- 102 dB/mW
- ВИД НА КАБЕЛ
- Во форма на Y
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- 1,2 м
- ПРИКЛУЧОК
- Позлатен мини приклучок со четири проводници во форма на L
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Headband, За на уво
Микрофон
- Насока на микрофонот на кабелот
- Во сите насоки
Опции на бои
Што има во пакетот
- Инструкции за користење

Функции
Контрола на одзив за ритамот за моќен бас
Технологијата за контрола на одзив за ритамот обезбедува цврст и длабок бас, што ја прави совршена за музичките стилови фокусирани на ниските фреквенции. Отворот за воздух овозможува максимален проток на воздух во опсегот на ниски фреквенции, со што ја оптимизира ефикасноста на дијафрагмата и овозможува попрецизна репродукција на басот.
Дизајнот со завртување го олеснува патувањето
Понесете ги овие слушалки насекаде. Ушните капачиња на слушалките со дизајн на вртење овозможуваат лесно складирање кога не ги користите, како и поголема преносливост додека патувате. Слушалките се преклопуваат, за да можете да ги спакувате во куфер или торба без да се грижите дека ќе ви одземат многу простор.
Далечински управувач и микрофон кои се вградени во кабелот за повици без користење на рацете
Со далечинскиот управувач и микрофонот кои се вградени во кабелот на слушалките, може да одговарате на повици без користење на рацете преку одредени паметни телефони додека слушате музика. Префрлувајте се лесно помеѓу песни и повици без потреба да ги вадите вашите слушалки.
Завршна обработка од алуминиум за моќен бас
Овие слушалки се создадени за бас кој ќе ве придвижи. Завршната обработка од лесен и цврст алуминиум на куќиштето ги придушува несаканите вибрации за добивање длабоки и моќни ниски тонови.
Обложени ушни перничиња за потполна удобност
Слушајте во потполна удобност. Овие слушалки имаат автоматски прилагодлива лента за на глава и меки обложени слушалки кои го покриваат целото уво. Уживајте во долготрајната удобност која ви е потребна за слушање на омилените албуми.
Динамичните неодимиумски звучници нудат прецизен звук
Лесните динамички неодимиумски звучници од 30мм на слушалките им обезбедуваат моќен ритмички одзив дури и кај песните со најголеми барања. Во комбинација со дијафрагмата со голема чувствителност, вие ќе можете да го засилите звукот на слушалките, а сепак да уживате во чист и прецизен звук низ целиот опсег.
Дизајнот со затворена задна страна со превиткување го задржува звукот
Дизајнот со затворена задна страна се обвиткува околу увото, задржувајќи ја музиката и одбивајќи ги несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши, за да ги слушате и најдеталните звуци. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика.
Висока чувствителност за гласни и јасни звуци
Со зголемена чувствителност од 102 dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате погласен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук.
Широк фреквентен одзив за јасни високи и ниски тонови
Широкиот фреквентен опсег – од 5Hz до 22kHz – нуди длабок бас, богати средни тонови и неверојатно високи тонови. Слушнете ги деталите од секоја песна и бидете усогласени со сета ваша музика.
Апликација Smart Key
Ако ја инсталирате апликацијата Smart Key од Google Play™ Store, прилагодувањето на јачината на звукот и песните во вашиот паметен телефон ќе се овозможи преку повеќефункционалното копче.