Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ТЕЖИНА
- 187 гр.
Општи карактеристики
- ВИД НА СЛУШАЛКИ
- Затворени динамички
- ЗВУЧНИК
- 40мм (во вид на купола)
- МАГНЕТ
- Неодимиум
- ИМПЕДАНСА (ОМИ)
- 16 Ω
- МЕМБРАНА
- Звучник со LCP обложен со алуминиум
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 3-100.000 Hz
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- 98 dB / mW
- ВИД НА КАБЕЛ
- Бакар без кислород обложен со сребро / отстранлив
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- 1,2м
- ПРИКЛУЧОК
- Позлатен мини стерео приклучок во форма на L
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Целосно покривање на увото
Опции на бои
Што има во пакетот
- Футрола за носење
- Кабел за слушалки (вграден далечински управувач и микрофон) (прибл. 1,2 м)
- Кабел за слушалки со балансиран приклучок (прибл. 1,2 м)

Функции
Уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција
Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Со дигитално снимање на музиката со повисока стапка од CD дисковите, звукот со висока резолуција ви овозможува да се приближите до оригиналната студиска снимка и да уживате во музиката како што замислил изведувачот.
LCP дијафрагма обложена со алуминиум за поголема прецизност
Мембраната со течни кристали и слој од полимер која е обложена со алуминиум нуди поконстантен и попрецизен звук низ целиот фреквентен опсег дури и од стандардните звучници LCP. Зголемената цврстина значително ги засилува високите фреквенции што ги содржи само звукот со висока резолуција, а енергијата што се губи при преносот кон куќиштето на слушалките е порамномерна, за да се обезбедат реалистични перформанси.
Широк фреквентен одзив за звук со целосен опсег
Широкиот фреквентен опсег од 3 Hz до 100 kHz е дизајниран за различни музички стилови. Овој широк фреквентен опсег овозможува прецизна репродукција дури и на напредни формати на звук, за кои е потребен многу поголем опсег, без строги ограничувања или нагли промени на фреквенцијата, внесувајќи повеќе реалистичност во вашата музика.
Решетка со текстура за рамномерни високи фреквенции
Решетките помагаат во заштитата на прецизната мембрана на слушалките и се специјално дизајнирани за пропуштање на извонредно високите фреквенции без да додаваат „поинаква боја“ на звукот. Текстурата на решетката се основа врз секвенцата Fibonacci за да се спречи засилување или кратење на фреквенциите. Како резултат се добива рамномерен и префинет звук низ целиот фреквентен опсег.
Се испорачуваат со кабел за слушалки со балансиран приклучок
Кабелот за балансирано поврзување со Φ4,4 потполно ги одделува левиот и десниот звучен сигнал, за разлика од стандардните кабли за слушалки со заедничка жица за заземјување. Тој ги минимизира загубите при пренос на сигналите и последователната деградација на звукот, за да слушате помалку изобличувања и пречки.
Бакар без кислород обложен со сребро
За MDR-1AM2 се користат кабли од бакар без кислород обложени со сребро, дизајнирани да го минимизираат отпорот и загубите при пренесувањето на сигналот. Како резултат се добива помало деградирање на звукот, пофини детали и порамномерни високи тонови.
Моќен бас со контрола на одзив за ритамот
Вградената контрола на одзив за ритамот ги подобрува привремените карактеристики на бас звукот и нуди прецизен ритам.
Дизајнот со затворена задна страна со превиткување го задржува звукот
Дизајнот со затворена задна страна се обвиткува околу увото, задржувајќи ја музиката и одбивајќи ги несаканите звуци. Внимателно дизајнираната акустика го насочува звукот директно кон вашите уши за да ги слушате и најдеталните звуци. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика.
Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот за целосна удобност
Меките ушни перничиња од синтетичка кожа го намалуваат притисокот и се дизајнирани да ја прилагодат формата според вашите уши, за да добиете удобно поставување. Меките материјали и беспрекорното шиење нудат удобност и издржливост за слушање со часови.
Извонредно лесен дизајн за удобно слушање со часови
Извонредно лесниот дизајн на MDR-1AM2 го намалува притисокот врз вашите уши за удобно слушање со часови.
Дизајнот со завртување го олеснува патувањето
Носете ги овие слушалки насекаде со вас. Дизајнот со завртување ви овозможува лесно да ги складирате кога сте во движење. Слушалките се преклопуваат за лесно пакување во торба или чување во испорачаната футрола.